Overclocking

  • Креатор на темата Креатор на темата STOLE_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Комиње мислев, у стил на тиња...:) т.е не вреди да ја клокаш, поготово не за новиве игри...
 
Тогаш да не се замарам, инаку веќе не ја употребувам таа графичка па си помислив да си поиграм со неа:helou:
 
Епа акоти е за едукативни цели тогаш клокај ја.

Јас малку да претставам мое искуство деновиве што ми се случуваше.

Сменив куќиште уште во петокот од Cooler Master Centurion 532 во Cooler Master CM 690 II Advanced

И кога го пуштам да видам резултати со prime и intel burn test одеа температурите и до 86 степени на јадра, а тоа се дури полоши резултати од пред тоа.

Во наредните денови мењавај пасти, мењавај вентилатори(ставај, вади) а резултати скоро никакви.
После зедов вентилатор поарен за кулерот, зошто слушам V8 немал баш некој добар вентилатор и си го зедов Coolink SWIF2 120P.
Вентилаторов е невиден, тивок е скоро и да не се слуша на највеќе обртаи а на помалку стварно не се слуша, а airflow има невиден дури до 127 cfm.
И кога видов дека нема резултати на тоа ми се стемни.

Во меѓувреме гледам дека иако надминува процесорот 80 степени на тестови кулерот е релативно ладен.
Знам дека ладен кулер топол процесор е лошо ставен кулер или многу лоша паста, ама си викам 3 пати го мењавам се нормално правам, + не ми е првпат дури ни него да го мењавам а работел нормално.
Ама на крај решив пак да го отворам и овој пат се убаво полека да анализирам и да го разглобам до крај(v8 има 300 тракатанци и штрафчиња така да немора обично цел да се отвара).
Отворам и при отштафување едно штрафче ми се скрши а друго беше разлабавено.
Си викам сега што е работава, ама по некое време ги споив коцките дека заради тоа штрафче што било разлабавено, а јас не сум го проверил на време правело притисок на другото штрафче + самиот кулер не седел добро на процесорот.
Исто убааво на светло видов одпечаток на пастата да видам дали криво легал и го потврдив проблемот.
Трчај во 20 часот низ Тетово по компјутерски дуќани со штрафче во џеб и на крај најдов во зум слични штрафчиња кој можда пасуваат.
Се враќам дома гледам пасуваат, стегам се штрафчињата убаво заштрафувам и пуштам тест.

Кога го пуштив тестот камен од срце ми падна од 86 степени на 69 на најтоплиот кор.

Еве слика од сега како ми е

burn.jpg


Значи процесор е i7 - i920 D0 @3.99GHz(21x190) - 1.23125v

кулерот е Cooler: CoolerMaster V8 со сменет Coolink SWIF2 120P вентилатор

Куќиштето ми е Cooler Master CM 690 II Advanced со три 14см и два 12см вентилатори.

Значи ако имате сличен проблем прво видите дали кулерот е преладен во однос на процесорот, а за да не ви се деси вакво нешто секогаш проверувајте ги штрафчињата:kesa:
 
Одлични резултати Дуле! Каков дроп у температура страшна работа!

Nice!

Јас од мојот NEXUС FLC 3000 сум доста задовлен, со оглед на тоа дека кога го купив нигде не се наоѓаше кулер за и7 т.е LGA1366 го земав овој иако е наменет пред се за да работи тивко и да изгледа фенси, (свети црвено) не за клокање.

Моите очекувања беа дека слабо ќе се покаже но ќе ми овозможи солиден клок.
Се изненадив кога видов дека после 90 минути на OCCT максималната температура беше само 71c :vozbud:

За разлика од тебе јас имам C0 ревизија и користам поголема волтажа од тебе. 1.30 vcore. @3.8ghz. Најверојатно и Хафов помага доста :wink:

Така да ако се земе во предвид дека процесорот никогаш не се оптеретува толку како на овие програми за мачење :pos2: Мислам дека нема да го менувам за друг поефикасен, иако секогаш е подобро да работи процесорот под пониски температури нели. Иначе ајдл температура ми е околу 36-38 на јадрата.
 
Psyside имаш многу добри перформанси ако земеме во предвид степингот и кулерот, по се изгледа куќиштето ти е life saver :helou:

Bate mile во сет го има.
 
@ dule ... финално се комплетираше ^^ ако во меѓувреме најдеш добра термална паста јави ми ^^ btw колку разлика ти направи stock кулерот од V8-чето и овој другиов? Инаку i5-чено ќе пробам да го дотерам на 4.2Ghz+ со sub 70C ^^ заминав за Паланка немав време да си поиграм ^^
 
^Неможев да споредам, зошто на зафркнак кулер го сменив вентилаторот и скоро и да немаше разлика(2 степена ако добив).

Сега од кога го средив кулерот не пробав со стариот фан да споредам.

Ама изгледа дека има подобрување, куќиштето плус сменетиот вентилатор ми намалија 8 степени за разлика од најдоброите перформанси порано.

Иначе ако најдеш и ти добра термна паста исто јави ми.:)
 
Интересно е да се конвентира филмови со клоната и7 ултра брзо е! Правмевме некои спроедби со еден другар кој има Q6600. Буквално 4 пати побрз е и7 :vozbud:

У задње време за брат ми конвентирам филмови а знаејќи дека една од најтешките оперции за процесор е токму тоа бев импресиониран од и7-ва бидејќи освем за енкодирање и конвентирање ретко на друго место можеш да ја приметиш снагата. За игри се разбира но само одредени. Се извинувам за мал офтопик :smir:
 
Интересно е да се конвентира филмови со клоната и7 ултра брзо е! Правмевме некои спроедби со еден другар кој има Q6600. Буквално 4 пати побрз е и7 :vozbud:

У задње време за брат ми конвентирам филмови а знаејќи дека една од најтешките оперции за процесор е токму тоа бев импресиониран од и7-ва бидејќи освем за енкодирање и конвентирање ретко на друго место можеш да ја приметиш снагата. За игри се разбира но само одредени. Се извинувам за мал офтопик :smir:


Да да, истото го имам приметенo и јас тоа, таткоми се занимава со видео едитинг и за разлика од клокнат q6600 е повеќе од дупло побрзо.
На некој едитинг софтвери без многу ставени филтери е дури побрзо енкодингот од real time видеото:helou:.
 
Архитектурата на Нехалем и7 е светлосни години пред Q серијата т.е Кентсфилд процесорите, тоа е главната причина пред се, не е само до херцажата голем напредок напраија Интел со оваа серија,многу поефикасно работат јадрата за разлика од предохдната генерација. Затоа и7 сток, го тепа на Q6600 на 3.6гхц!
 
@ Psyside .. ^^ времето поминува, вкусот трае, технологијата напредува!!!
 
Само што го оверклокував процесорот и одма тест да закачам.:D

JumperFree Configuration:


AI Overclocking - Manual

CPU Frequency - 250

DRAM Frequency - 667MHz

1.8V Dual OverVoltage - 2.01V


CPU Configuration:


C1E Support: Disabled

Intel SpeedStep Technology: Disabled



Chipset >> North Bridge Configuration:


Configure DRAM Timing by SPD: Disabled


1- 5

2- 5

3- 5

4- 15

Го напрев вака и сега ми е 3,750мхз.Го тестирав со Приме95 1 и пол сат и не напре ниту една грешка,се убо.Иначе со сток кулер и два вентилатори во кукисте.

Слика

http://img694.imageshack.us/i/73103228.png/



Пред да го оверклокирам температурата преку спеедфан ми беше 39-41.Сега за 2-3 степени крена.Сакам да пробам 4гхз и мислам дека ке терат ама чекам ваше мислејне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom