Отворено првото кафуле за жени во Камењане

  • Креатор на темата Креатор на темата Шота Буби
  • Време на започнување Време на започнување
Настрана дискриминација, немам проблем со тоа, газдите ако сакаат да исклучат дел или ко во овој случај пола од потенцијалниот маркет е нивнен проблем.... Мене ме иритира овој дел - Првото кафуле за жени се отвори со помош на грант од УСАИД од иницијативите за поддршка на жени претприемачи, вели Мери Џо Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија. Америве и го финансираат бизнисот бе :facepalm:, успеала да лапне пари за кафич од УСАИД а кога некој ќе им пријде со некој асален проект ги одбиваат...
Бајаги време не си бил наваму....
 
Бајаги време не си бил наваму....


Ма сум нагоре надоле релативно редовно, знам како идат работите ама ова е веќе претеризам. Прво види бизнисот што го финансираат - КАФИЧ. Ај да е некој погон, театар што знам јас, ама кафич? Друга работа што е на етничка база, потоа полова дискриминација... Ова треба да се преведе и да се испрати на Вашингтон Пост за да видат како УСАИД ги троши нивните пари.
 
Од некаде мора да се почне, колку и да изгледа чудно има логика.
 
Главна тема: Те истепа мажот ти вчера?... ако речиш не одма се сваќа како да имаш проблеми во бракот.
 
Ова е еден вид на позитивна дискриминација, афирмативна активност за отстранување на дисбалансот на дискриминираните групи.
Свесни сте сите дека постои негативна конотација за присуство на жените во локалите за собирање во руралните места, тоа не е само кај Албанците, и во помалите македонските села постои иста таква поделба. Ако замижеме пред тоа, нема да исчезне.

На овој начин само ќе се овозможи да се развие култура на раздвижување и посета на јавни локали и од женската популација. За во иднина со подобрување на положбата на жената да се отворат можности за заедничко присуство и на жените во чајџилниците и кафулињата.

Впрочем самите угостители треба да работат за да направат пријателска атмосфера за жените во нивните локали, со сегашниот менталитет тие губат половина од популацијата како нивни потенцијални клиенти.
Опеано во турбо шабанско фолкерската песна "Шта ќе жена сама у кафану питају се сви"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom