Отворен оглас за 150 полицајци во МВР

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Претпоставувам дека повеќето веќе знаат за актуелниов оглас, но еве мислам дека станува збор за вработување на поголем број на луѓе па редно е да го постираме огласот овде за тие што не го виделе да го видат.



Врз основа на член 97 став 1 од Законот за полиција (“Службен весник на РМ” бр.114/2006)
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
РАСПИШУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на 150 приправници - полицајци за работа на неопределено време во Полицијата на Министерството за внатрешни работи
1. Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- да е државјанин на Република Македонија:
- да е полнолетен, а да не наполнил 25 години ако за прв пат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено средно образование;
- да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
- да е здравствено и психофизички способен;
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
2. Психофизичката способност ја утврдува посебна комисија на Министерството за внатрешни работи.
3. Кандидатот треба да ги поднесе следните документи:
- Уверение за државјанство, извод од матична книга на родените
- диплома за завршено четиригодишно средно образование
- доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
- три фотографии во големина за патна исправа.
Документите треба да бидат доставени во оригинал или фотокопија заверена на нотар. Поднесувањето на потребните документи задолжително треба да биде ЛИЧНО од страна на подносителот до една од Подрачните единици на МВР-канцеларии за регистрација (СВР за град Скопје-ПС од општа надлежност-Гази Баба, ПС од општа надлежност-Бит Пазар и ПС од општа надлежност-Карпош, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Струмица, СВР Штип). При поднесување на документите, лицето да понесе со себе лична карта или пасош за идентификација.
1. Јавниот оглас ќе трае 8 дена, сметано од денот на објавувањето.
2. Неблаговремена, несоодветна и некомплетна документација нема да биде земена во постапка.
Основната обука за полицаец ќе се изведува во траење од 12 месеци, од кои три месеци се предвидени за практична обука на терен. По завршувањето на стручното оспособување кандидатот ќе се распореди на работно место полицаец во организационите единици на Министерството за внатрешни работи.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
 
може ли некој подетално да објасни што се ке биде опфатено во таа 12 месечна обука ?
 
Имајки искуство со предходните огласи на кои се пријавував и зборувајќи со повеќе другари кој работат веќе како полицајци без јаки врски нормално и партиски и да фрлиш едно од 2000 до 5000 евра нема шанси да успееш да влезеш.Конкуренцијата е преголема.Минатиот пат бев во Идризово кога не викнаа што да видиш едно 10000 кандидати беа пријавени а примаа само 90 и што е најинтересно тие 90 веќе беа договорени али ајде да се каже дека имало конкурс.
 
И јас искрено мислам дека и овој пат ќе има многу пријавени.

Што да правиме, таква ни е состојбава во држава што најголема шема е да бидеш џандар или обезбедување на врата така ќе бидеш најголема фаца во Скопје, па согласно со тоа и огласов е доста атрактивен и интересен.
 
Од овие 150 околку 10 ке бидат онака непартиски кадри другото се ке биди од партија или евентуално ако имате пари да подмитите нешто друг начин нема.Тој шо има намера да се пријавува нека се пријави (за овие неопределените) ама да не се надева многу.
 
......пак на БУЏЕТ ..а???? а кој ли само ќе уплатува во него...или едноставно ќе си зема власта колку и треба????
...да не зборам што по улици гледам такви физички карикатури од полицајци , што ми станува нејасно кои се критериумите за ИЗБОР НА ПОЛИЦАЕЦ....??? ако е познато дека интелигенција сигурно не е некој од критериумите...
 
Отсекогаш сум сакал да станам полицаец :)

Важи уште огласов? :)

Јас имам информации дека огласов е завршен.

И во суштина најголемиот дел е наменет за припадниците на малцинските заедници во Македонија.
 
Уште пред да излезе огласот, овие работни места се поделени во коалицијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom