Отворањето на првиот и единствен Институт за современи композити и роботика на Балканот, во Прилеп,

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Отворањето на првиот и единствен Институт за современи композити и роботика на Балканот, во Прилеп, од страна на компанијата Микросам, е уште еден доказ дека Македонија има компании на чие чело стојат менаџери кои знаат да препозаат светски тренд и да работат по светски стандарди. Самоил Самак, потпретседателот на Микросам, кој од неодамна ги презеде менаџерските обврски од својот татко во компанијата, покажа дека годините не се пречка за успешно раководење, и дека меѓународното школување и работно искуство, може да биде исчекор во успешно работење и дома.
Откако Самак дојде на челната позиција, компанијата успеа да склучи договор за испорака на машини за производство на резревоари за плин, доби награда „Патент на годината“, а компанијата веќе ја стави Македонија во друштво со САД, Франција и Германија на листата држави кои произведуваат машини за композитни делови за трупови за авиони и сателити.
--- надополнето: 6 август 2012 во 23:22 ---

Огласот за аплицирање за некои работни позиции бил до 26 јули.
Дали има некој кој аплицирал за работа и е повикан на тестирање?
 
Од искуство ќе ти кажам, врска нема фирмава со професионално, одговорно и сериозно работење. А тој Самоил гледам го испофалиле, а едно арогантно и препотентно суштество што е, просто да се зачудиш.
Мој совет е да не аплицираш воопшто и да си се држиш понастрана од нив. Ако почнам да пишувам случки кај што буквално се изжувуваат со вработените и практикантите, девет страни треба да испишам. Настрана фактот што не го ценат трудот ниту најмалце... во комуналец да си вработен да чистиш, повеќе ќе ти го ценат трудот и повеќе ќе бидиш платен.
 
Ај пиши барем на приватна порака живо ме интересира пошто ова не е било која фирма ова е Микросам. :)
 
Не си единствениот што го кажува ова ,го имам истото слушнато и од други..го има секаде тоа не само во микросам али јбг пак аплицираат... и одат студенти ....на пракса и работат во микросам.
Сакам да дознаам дали бил некој на тестирањето .... ме интересира кои прашања ,задачи и сл. ги добиле на тестот... како било за време на тестирањето .... ме интерсира и колку е платата ако работиш во микросам.....има некој што бил или треба да оди на тестирањето?
 
сподели, ако е можно ...
 
THE_CHOSEN_ONE нека не те залажува сликата што ја создаваат за себеси преку медиумите како една од најдобрите фирми во регионов. Затоа и се медиумите, да им создаваат публицитет. Друга е сликата кога лично ќе дојдиш во контакт со нив.
А глупости има многу... некои од нив се: ако си женско (било вработен или пак практикант), секој пат кога има потреба, кога има гости во фирмата и слично, ќе те вика Самоил да одиш и да бидиш келнерка т.е. хостеса. Ако си машко, ќе работиш секакви споредни работи, како чистење на просториите. И сето ова се случува во викенди, кога си го планираш времето што ти е слободно. И нормално дека не те плаќа за тоа. Работното време (и за вработените и за практикантите) е од 8:00 до 17:00, ама многу често знае ако му требаат некои услуги, од типот на горенаведените, да те задржи Самоил и до 8 вечерта, а имало луѓе и до 10 навечер останувале.
А ако помислиш само да го одбиеш, следува ова: те вика во канцеларија, следува неколкуминутно арогантно дерење, заканување од типот „кој си ти нас да не одбиваш, знаеш ние каква услуга ти правиме овде, а ти нас не ни возвраќаш...“ и доколку сепак се одлучиш да не му бидиш келнерка/хостеса/чистач/мајстор прекувремено, нареден ден пакувај си парталите и оди си.
Доколку не ми верувате на ова, повелете слободно пријавете се за работа или практиканство, па искусете го на сопствена кожа. И мене прво ми беше чудно како тоа вработува инженери, „сериозна“ фирма, а не бара како сите други фирми работно искуство да имаш или било што друго.... ама после видов зошто му биле сите тие луѓе. Јас до сега, немам сретнато никој што бил таму, имал некаков контакт со Самоил, со фирмата, а да се фали и да биде задоволен. На прво место е односот од нивна страна, како што реков, претерана ароганција... а друга прикаска е тоа што минимално ги плаќа луѓето, околу 150 евра отприлика.

За тестирањето за практикант ако сакаш да се пријавиш и си машински инженер, те испрашува се’, буквално се’. Ама примаат секого, дури и да не знаеш ништо од тоа што те прашува. Некој треба и кафе да му вари на Самоил. :)
 
ме изненади мислев дека се едни од најдобрите каде најдобро ги ценат трудовите на своите вработени....
Микросам (n)
 
Од искуство ќе ти кажам, врска нема фирмава со професионално, одговорно и сериозно работење. А тој Самоил гледам го испофалиле, а едно арогантно и препотентно суштество што е, просто да се зачудиш.
Мој совет е да не аплицираш воопшто и да си се држиш понастрана од нив. Ако почнам да пишувам случки кај што буквално се изжувуваат со вработените и практикантите, девет страни треба да испишам. Настрана фактот што не го ценат трудот ниту најмалце... во комуналец да си вработен да чистиш, повеќе ќе ти го ценат трудот и повеќе ќе бидиш платен.
Мене баш поинаку ми кажаја, ми рекоја оди кај нив, многу се добри, ќе научиш нешто. Ме интересира податоциве за овие случкиве ти се пресни или од порано?
 
Сум немал искуство со нив но знам сигурно дека платите му се ниски со оглед на тоа ако те вработат како инжинер, за однесувањето за ароганцијата и сл. сум слушал од многу луѓе. На академијата што му е мислам дека добро се однесуваат кон тие што ја посетуваат но има многу глупави правила односно договор имаше нешто демек ако се откажиш од академијава после немаш право да конкурираш за робата кај нив така некако беше ова за академијава беше пред 3-4 години сега незнам.
 
THE_CHOSEN_ONE нека не те залажува сликата што ја создаваат за себеси преку медиумите како една од најдобрите фирми во регионов. Затоа и се медиумите, да им создаваат публицитет. Друга е сликата кога лично ќе дојдиш во контакт со нив.
А глупости има многу... некои од нив се: ако си женско (било вработен или пак практикант), секој пат кога има потреба, кога има гости во фирмата и слично, ќе те вика Самоил да одиш и да бидиш келнерка т.е. хостеса. Ако си машко, ќе работиш секакви споредни работи, како чистење на просториите. И сето ова се случува во викенди, кога си го планираш времето што ти е слободно. И нормално дека не те плаќа за тоа. Работното време (и за вработените и за практикантите) е од 8:00 до 17:00, ама многу често знае ако му требаат некои услуги, од типот на горенаведените, да те задржи Самоил и до 8 вечерта, а имало луѓе и до 10 навечер останувале.
А ако помислиш само да го одбиеш, следува ова: те вика во канцеларија, следува неколкуминутно арогантно дерење, заканување од типот „кој си ти нас да не одбиваш, знаеш ние каква услуга ти правиме овде, а ти нас не ни возвраќаш...“ и доколку сепак се одлучиш да не му бидиш келнерка/хостеса/чистач/мајстор прекувремено, нареден ден пакувај си парталите и оди си.
Доколку не ми верувате на ова, повелете слободно пријавете се за работа или практиканство, па искусете го на сопствена кожа. И мене прво ми беше чудно како тоа вработува инженери, „сериозна“ фирма, а не бара како сите други фирми работно искуство да имаш или било што друго.... ама после видов зошто му биле сите тие луѓе. Јас до сега, немам сретнато никој што бил таму, имал некаков контакт со Самоил, со фирмата, а да се фали и да биде задоволен. На прво место е односот од нивна страна, како што реков, претерана ароганција... а друга прикаска е тоа што минимално ги плаќа луѓето, околу 150 евра отприлика.

За тестирањето за практикант ако сакаш да се пријавиш и си машински инженер, те испрашува се’, буквално се’. Ама примаат секого, дури и да не знаеш ништо од тоа што те прашува. Некој треба и кафе да му вари на Самоил. :)
Незнам што те чуди сегде практикантите се третираат исто.
Имаш ли идеја колкави им се платите на инжинерите што работат?
 
Дознав дека инженер кој работел во микросам земал 9000 денари плата.
Пред да биди вработен како инженер одел на некој курс неколку месеци па послем на обука во микросам која му била платена околу 2000 денари па послем 6 или 9 месеци обука земал плата од 9000 денари.
 
Во Македонија просечна плата е 100 евра така да тие 9 илјади денари му се многу.
Он требал да им плаќа на Микросам, а не они него, само да го дишеш воздухот во таа прекрасна компанија коефициентот на интелигенција ќе ти порасне за најмалце 10 IQ поени.
 
А бе сите однадвор се "експерти" за тоа што се случува во некоја фирма. Значи, читам и не можам да се начудам на дезинформациите. Сите информации се од типот рекла казала.
 
Оооо, бујрум господине Самоил... добро ни дојдовте
 
А бе затворил фабрика од 1500 вработени ги украл парите отворил фабрика со 30 вработени успех се смета.
Еееееееееее оваа чудесна земја Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom