Освежен и подобрен Citroen C4
Citroen го објави првиот facelift на успешниот модел од компактната класа C4. Покрај малите измени во надворешноста, измени има и кај HDI дизелите кои сега одат повеќе со исто гориво а има и два нови бензинци.
Дизајнерски само истренираното око ќе ја забележи разликата, но факт е дека С4 сега изгледа многу попријатно и елегантно. Најголем придонес за тоа има предниот дел каде измените се и најголеми. Браниците имаат нова форма, а поклопецот на моторот е позаоблен. Во задниот дел доминираат новите светла со чиста графика.
Во внатрешноста, покрај подобрувањето на квалитетот на материјалите, забележително е и преместувањето на мерачот на вртежи на моторот од зад управувачот кон централниот дисплеј на кој се покажува брзината.
Моторизацијата е обновена со два нови бензинци кои се конструирани во соработка со BMW – од истата зафатнина од 1,6 литри, атмосферската верзија (без турбо полнач) произведува 120 КС, додека верзијата со турбо полнач, спортски 150 КС. Дизелите се подобрени и покрај задржувањето на истата сила сега трошат од 5-10% помалку гориво.
Цената на освежениот С4 се очекува минимално да порасне, но за кратко време со популарните попусти на Citroen на нашиот пазар да падне на сегашното ниво.