Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Пратам Австралиска лига кога ке имам време, пуштив сабајле хајлајци да изгледам, и го видов голов, патем, четвртиот што го дали истиов играч на истиов меч, во првото полувреме, а кој важи за еден од најдобрите во лигата...

Спорт Клуб цареви. На СК 10 моментално оди Ајакс-Херенвен, цел натпревар е без коментатор.
Милина, како на стадион да си :icon_lol:
 
IMG_20231203_184612.jpg
IMG_20231203_184622.jpg

Моментално у Грција се дешава хаос. Ја прекинаа утакмицата во 110та минута.
Инаку, 2ка ја чекам
 
Zoshto e prekinata?

Не знам, не ја следам во живо. Само на резултати гледам. Според картоните сигурно е нажежена утакмица, или се степале или упаднала публика.
 
Вечерва последно коло во Бразислката лига, Сантос отпаднаа (Пеле испадна обратен од Марадона, он кога умре неговите екипи освојуваа титули, по смртта на Пеле.. Сантос падна во втора лига)

Васко де Гама мораше да победи за да остане во прва лига и тоа им успеа со гол на Сержињо во 82 минута.

Е сега што е интересното

Во Бразил, Сержињо (Сергињо?) го знаат како

Serginho Macedonia

Тоа му е надимакот на човекот што им обезбеди опстанок во првата лига, а причината за тоа е што ликов има играно во Работнички и Шкупи.
Има играно и во Турција и Албанија, ама ете, овој негов период на позајмица во македонската лига (има одиграно вкупно 79 натпревари во ПМФЛ и има 19 голови) му е период каде што најмногу им оставил впечаток на фановите на Васко :D (има 15 настапи во косовската прва лига, 13 во албанската прва лига и 89 во турската лига за Гиресунспор од каде што дојде во Васко оваа сезона пред пар месеци)

Така да...

Vamos Serginho Macedonia (y)
Автоматски споено мислење:

А да, Палмеирас ја освои лигата, ама ова 99% беше сигурно уште од претходното коло. Ботафого водеа се до 32/33 коло некаде, имаа 12+ поени предност цела сезона, и со очаен втор дел од сезоната завршија на 5 место, нема ни директен пласман во Копа Либертадорес за нив
Автоматски споено мислење:

Ок и уште ова ќе оставам, чисто да ви ја доловам манијата вечерва :D

1701917563861.png
 
Прегледај го приврзокот 400264
Ботафого е бразилскиот Арсенал. До пред некое коло беа убедливо први, на крај завршија 4ти.
 
Ненормални се Турците, претседателот на Анкарагучу или како и да се изговара после утакмица го нокаутирал судијата, после тоа го зашуткаа дури лежеше на земја.
Јесте сите сме биле некогаш гневни на судијата, сме го пцуеле до трето колено ама ова е срамно и не треба да се дешава во било кој спорт.
 
Види го оној у капутот што трча, го мава прво доле у глава и после демек ги дели и ги смирува :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom