Осирак

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Како се наближува неминовниот напад врз Иран, дали од израелска или американска страна, да се потсетиме на нападот врз реакторот Осирак во Ирак, 1981, една од најдобро спремените и изведени воени акции во историјата.

osirak.jpg


Садам Хусеин побарал некој да му изгради нуклеарен реактор и тогаш се јавила Франција со согласност да го направи тоа, Ширак лично дозволил.

Со неумесните изјави на Садам кои се слични на оние кои денес Ахмединеџад ги користи, Израел немал друг избор освен да нападне и да се заштити.

Имале една година вежбање, вршеле подготовки, ги отстраниле сите некруцијални компоненти на авионите за да можат да носат повеќе гориво.

Учествувале елитни пилоти меѓу кои и легендарниот Ilan Ramon кој загина со уривањето на шатлот Колумбија.

Пилотите летале покрај долната граница на Јордан, па навлегле во Саудиска Арабија и после без да бидат приметени го нападнале реакторот.

Летале ниско накај 30 метри над земја за да не ги примети радар.

Се било испланирано, да се погоди ден недела, кога поголемиот дел од француските работници кои го граделе ќе бидат на одмор, па уште и нападот да биде за време на смена на оние кои ги чувале радарските и противавионските инсталации.

Совршена операција, но ништо помалку не би очекувал од една од најдобрите армии на светот и се разбира Мосад, која помогнала во разузнавачките дејности.


Гледајте документарец за целата операција.

Aко на некој од соседите, Сирија или Хезболах во Либан или пак Египет, им текне да нападнат, нека се сетат што им се случи во минатите војни и да не заборават, дека ако стане густо, Израел нема да се двоуми да искористи нуклеарно оружје против некој од нив.

Израелско вооружување
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom