Осама бин Ладен купувал оружје во Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
АЛ КАЕДА НА БАЛКАНОТ НЕ Е НОВОСТ

Осама бин Ладен купувал оружје во Југославија

Италијанскиот весник Унита објавил список на 28 држави во кои биле присутни луѓе на Ал Каеда, а на нив се и Хрватска, БиХ и Албанија

5247B36506167348B840DCAF6850C361.jpg
Заинтересираноста на Осама бин Ладен и неговата терористичка мрежа за Балканот потекнува уште од времето на поранешна Југославија. Според пишувањето на хрватски "Вечерњи лист", тоа го потврдува таен документ на тогашната сојузна управа СДПС (Сојузна дирекција за промет со стоки) од 1986 г., во кој бил забележан престојот на тогаш 29-годишниот Бин Ладен во Југославија. Тој дошол да купува оружје за борбата против Русија во Авганистан и платил 100 милиони долари во кеш.

Бин Ладен, според документот, со ознака "воена тајна" престојувал од 25-ти јуни 1986 г. со двајца Арапи, Фатих Мохамед Али, функционер во движењето во отпорот на Авганистан против СССР, и Осман Калдирим турски државјанин кој живеел во САД и во придружба на Зорица Радјешиќ, Милица Караџоглу и претставник на белградски "Генекс", Александар Марковиќ. Тие неколку денови разговарале во загрепската филијала на "Беобанка", а потоа заминале во Белград каде се сретнале со претставници на воениот врв.
Водачот на Ал Каеда ја посетил фабриката за оружје во Чапљина каде сакал да договори купување на боеви отрови, која тогашната ЈНА ги произведуваше во Потоци крај Мостар. Оваа зделка пропаднала заради ставот на тогашното југословенско раководство дека боевите отрови се продаваат исклучиво на држави, а не на организации и движења.

Според хрватските медиуми, Бин Ладен и во 1992 г. престојувал во Загреб, каде ја основал хуманитарната органзиација "Ал Кифах" во која работеле лица осомничени за терористички напади. Другата негова хуманитарна организација "Ал Моафак" со седиште во загрепската населба Боровје, ја проширила дејноста и на едукативни процеси. Со ова, Бин Ладен сакал да обезбеди и стратешки позиции за полесна инфилтрација во овој дел од Европа.

На вакви обиди за влез на Ал Каеда на Балканот предупреди и израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, при минатонеделната посета на македонскиот премиер Никола Груевски на Ерусалим и Тел Авив. Тој му соопштил дека израелските служби следат обиди на терористичката мрежа и на фундаменталистички групи за инфилтрирање на балканските простори. Груевски рече дека ваквите информации не се новост, а државните служби се во тек со настаните.

Движењето за социјална правда "Ленка" бара:
Место војници, да се испрати храна во Авганистан

Движењето за социјална правда "Ленка" најостро протестира против зголемувањето на бројот на македонски војници во Авганистан.
"Наспроти официјалната пропаганда, фактите покажуваат дека странските војници во Авганистан не се во мировна, туку во окупациска мисија", се вели во соопштението од "Ленка".
Според Движењето, со најновото зголемување на бројот на војниците, Македонија се искачи дури на четврто место според бројот на војници во Авганистан во однос на бројноста на населението.

"Ако навистина сака да му помогне на авганистанскиот народ, Владата на Република Македонија може да испрати храна за гладните, покрив за бездомните, лекови за болните со парите што ги троши за испраќање војници", се вели во соопштението на Движењето за социјална правда "Ленка".
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=35DA04070EC8AB4485165AA222EBB65B
 
Можеби купувал и јаболка од Ресен.
 
Eve zosto se raspadne Jugoslavija,prodavale oruzje na teroristive:tapp:
 
Хаха! :pos2:Ал Каеда не постои и никогаш не постоела. Не го видовте филмот na BBC "The Power of Nightmares" ?

Излезе дека повекето војници на видеотата и фотографиите на сликите биле статисти - hired for the day. Ова е најголемата дезинформационна кампања во почетокот на 20 век. Гответе се за борба против терористите. Нема лабаво.
 
Тогаш мора да биле некои јаки статисти штом го урнаа светскиот трговски центар.:vozbud:
 
Шо купувал бе овај, ............. Стапови и камења?:pos2::kesa:
 
Тогаш мора да биле некои јаки статисти штом го урнаа светскиот трговски центар.:vozbud:

Светскиот трговски центар шо експлодира од поставен експлозив низ цела зграда ?
 
Светскиот трговски центар шо експлодира од поставен експлозив низ цела зграда ?

Аха, 2 боинга при брзина од 700 км/ч се доволни за уривање зграда како од ВТЦ...
А дали некој таму во канцелариите чувал експлозив, за тоа не знам.:vozbud:
 
Аха, 2 боинга при брзина од 700 км/ч се доволни за уривање зграда како од ВТЦ...
А дали некој таму во канцелариите чувал експлозив, за тоа не знам.:vozbud:

Како можи да бидат доволни :tapp::tapp::tapp: И да бидат, колапсот на зградат ќе почни одма не по кузнај колку време.
И официјалната верзија е зградите се рушени заради попуштање на челикот шо ја држи зградата, од пожарот :pos2:, значи официјално зградите паднале од пожарот предизвикан од експлозите :kesa:
 
Не мора да значи дека ќе почни одма.
Имено, авионите се полни со керозин, најмоќното гориво што излегува од нафтата, и притоа развива огромни температури. На толку високи температури се попушта, а пак на толкава висока зграда, доволно е мало попуштање и потоа како кула од карти-се се срушува.
 
тотална заблуда си ...
инаку сте офтопик со муабетот има тема за тоа :toe:
 
тотална заблуда си ...
инаку сте офтопик со муабетот има тема за тоа :toe:

Е не знам кој е во заблуда...конспираси теории и сл....не знам...

Инаку да оф топик...
 
Не мора да значи дека ќе почни одма.
Имено, авионите се полни со керозин, најмоќното гориво што излегува од нафтата, и притоа развива огромни температури. На толку високи температури се попушта, а пак на толкава висока зграда, доволно е мало попуштање и потоа како кула од карти-се се срушува.

Видено е со очи дека и цела зграда да изгори, таква челична конструкција не можи да се руши освен со огромна количина експлозив.Таков случај имаше во Мадрид, огромна зграда изгоре, а пожарникарите не можеа ни да почнат да го гасат пожарот, така да зградата изгоре пред нивни очи, а целиот челичен скелет на зградата остана негибнат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom