- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
АЛ КАЕДА НА БАЛКАНОТ НЕ Е НОВОСТ
Осама бин Ладен купувал оружје во Југославија
Италијанскиот весник Унита објавил список на 28 држави во кои биле присутни луѓе на Ал Каеда, а на нив се и Хрватска, БиХ и Албанија
Заинтересираноста на Осама бин Ладен и неговата терористичка мрежа за Балканот потекнува уште од времето на поранешна Југославија. Според пишувањето на хрватски "Вечерњи лист", тоа го потврдува таен документ на тогашната сојузна управа СДПС (Сојузна дирекција за промет со стоки) од 1986 г., во кој бил забележан престојот на тогаш 29-годишниот Бин Ладен во Југославија. Тој дошол да купува оружје за борбата против Русија во Авганистан и платил 100 милиони долари во кеш.
Бин Ладен, според документот, со ознака "воена тајна" престојувал од 25-ти јуни 1986 г. со двајца Арапи, Фатих Мохамед Али, функционер во движењето во отпорот на Авганистан против СССР, и Осман Калдирим турски државјанин кој живеел во САД и во придружба на Зорица Радјешиќ, Милица Караџоглу и претставник на белградски "Генекс", Александар Марковиќ. Тие неколку денови разговарале во загрепската филијала на "Беобанка", а потоа заминале во Белград каде се сретнале со претставници на воениот врв.
Водачот на Ал Каеда ја посетил фабриката за оружје во Чапљина каде сакал да договори купување на боеви отрови, која тогашната ЈНА ги произведуваше во Потоци крај Мостар. Оваа зделка пропаднала заради ставот на тогашното југословенско раководство дека боевите отрови се продаваат исклучиво на држави, а не на организации и движења.
Според хрватските медиуми, Бин Ладен и во 1992 г. престојувал во Загреб, каде ја основал хуманитарната органзиација "Ал Кифах" во која работеле лица осомничени за терористички напади. Другата негова хуманитарна организација "Ал Моафак" со седиште во загрепската населба Боровје, ја проширила дејноста и на едукативни процеси. Со ова, Бин Ладен сакал да обезбеди и стратешки позиции за полесна инфилтрација во овој дел од Европа.
На вакви обиди за влез на Ал Каеда на Балканот предупреди и израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, при минатонеделната посета на македонскиот премиер Никола Груевски на Ерусалим и Тел Авив. Тој му соопштил дека израелските служби следат обиди на терористичката мрежа и на фундаменталистички групи за инфилтрирање на балканските простори. Груевски рече дека ваквите информации не се новост, а државните служби се во тек со настаните.
Движењето за социјална правда "Ленка" бара:
Место војници, да се испрати храна во Авганистан
Движењето за социјална правда "Ленка" најостро протестира против зголемувањето на бројот на македонски војници во Авганистан.
"Наспроти официјалната пропаганда, фактите покажуваат дека странските војници во Авганистан не се во мировна, туку во окупациска мисија", се вели во соопштението од "Ленка".
Според Движењето, со најновото зголемување на бројот на војниците, Македонија се искачи дури на четврто место според бројот на војници во Авганистан во однос на бројноста на населението.
"Ако навистина сака да му помогне на авганистанскиот народ, Владата на Република Македонија може да испрати храна за гладните, покрив за бездомните, лекови за болните со парите што ги троши за испраќање војници", се вели во соопштението на Движењето за социјална правда "Ленка".
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=35DA04070EC8AB4485165AA222EBB65B