Оружја од кои нема бегање

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.953
Поени од реакции
5.783
Во 21. век новата технологија овозможува производство на оружја благодарение на кои што терминот „фер-плеј“, и така тешко применлив во услови на војна, да стане едноставно апстрактен поим. Страната со подобри карти ја добива играта, па макар и со мамење. Но не сме сигурни дали треба да сме импресионирани од таквиот напредоок, или пак можеби, застрашени.
Војните биле добивани и губени целосно благодарение на способноста на едната страна добро да се скрие. Дури и далеку посупериорниот непријател не ви може ништо ако не може да ве најде. Неговото оружје останува неупотребливо. Доволно е само да се потсетиме на терминот „герилска војна“ и ни станува јасно дека многу лесно може да се случи големи воени сили да изгубат од помалите. Историјата го докажала тоа во неколку наврати.

6. Куршуми кои што буквално кажано ве бркаат се дури не ве стигнат

01-oruzja.jpg

Единственото нешто кое што треба да се знае за куршумите е дека тие патуваат ни просторот по права линија.Ако некој тип пука во вас, ништо не ви може доколку меѓу вас и него има нешто доволно цврсто да го спречи куршунот да стигне до вас, било тоа да е кола, дрво, ѕид, песочна вреќа или пак некој несреќник кој што го употребувате како жив штит. Тоа е правило кое важи околу веќе седумстотини години.

02-oruzja.jpg

Се додека на некој не му дојде на мисла да измисли наведувачки куршуми.
Зградата полна со луди генијалци позната како Defense Advanced Research Projects Agency (DARPA), развила програма која што вклучува производство на т.н. „интелегентни“ куршуми со вградени процесори и управувачки системи кои што му овозможуваат на куршумот да ја промени својата патека на движење во воздухот.
Па дури и ако мислите дека сте се скриле безбедни зад некое дрво, овие куршуми се осмислени така за да можат да направат полн круг заобиколувајќи го дрвото и да го најдат својот среќен добитник, или губитник....Единствениот калибар во кој сега за сега се произведуваат овие куршуми е 50 caliber BMG, големи парчиња наменети да ја разнесат главата на некој човек оддалечен со километри.
03-oruzja.jpg

Но и тоа како да не е доволно, тие имаат и своја експлозивна верзија. Тоа е XM-25, „интелегентниот“ минофрлач со вграден ласерски детектор кој што ја одредува далечината до ѕидот или ровот во кој што се криете. Така, проектилотзнае дека не треба да експлодира се додека не се најде во близина точно до вашата несреќна глава.
04-oruzja.jpg

XM-25 може да ползува поголем спектар на различна муниција, од високо експлозивна до термобарска, која што ќе ве прати на „долгиот пат без враќање“ дури да трепнете, и сосема неочекувано.

5. BOSS (шефот) ќе ве најде

05-oruzja.jpg

Но тие не можат да пукаат во вас ако воопшто не ни знаат каде сте, зар не? На пример, можеби сте безбедно камуфлирани во некоја грмушка или да ѕиркате низ некоја мала дупка во некоја зграда, сосема безбедни и невидливи.
Ах, чекајте. Ненадејно експлодиравте бидејќи ве издадоа вашите очи.
Дали сте слушнале за Battlefield Optical Surveillance System, (воен оптички систем за надгледување) средство кое што може да биде поставено на камион кој што ја скенира околината со ласери и сензори. Кога ќе го здогледа нишанот на вашата пушка, или пак вашето око, ве осветлува со ласерски зрак, што им овозможува на војниците од спротивната страна да направат солца од вас.
06-oruzja.jpg

Ако по некој случај останете незабележани, Бог нека ви е напомош ако се решите да испукате куршум, бидејќи тука стапува на сцена бумеранг системот , кој што употребува низа од микрофони кои што ја одредуваат брзината и насоката на куршумот. Системот овозможува веднаш да го лоцираат местото од каде што е испукан куршумот, па дури и да открие од какво оружје е испукан.
Па, ако имате можност да пукате само еднаш пред да ве најдат, тогаш подобро тоа да биде нешто навистина добро- како ракетна граната, така? Ах, па ни тоа не може да ви помогне многу поради невидливото заштитно поле кое го заштитува возилото во кое што гаѓате.


DARPA го нарекува „Железна Завеса“ и се ползува од невидлив пулс кој предизвикува експлозија на испуканиот проектил пред тој да ја достигне својата цел.
07-oruzja.jpg


4. Летачки роботи- снајперисти

08-oruzja.jpg

Се разбира, луѓето кои што пукаат во вас се сепак луѓе, и тие исто така можат да бидат убиени. Тоа до некаде ги израмнува сметките и играта ја прави колку толку фер, зар не? Па и фер е, се додека не ги заменат снајперистите со роботи..... Роботи кои што можат да летаат, и кои што стрелаат далеку попрецизно од било кој човек.
09-oruzja.jpg

Беспилотните летала се веќе добро познати, благодарение на кои што се откриваат терористи во планините, па дури кои што по некогаш и ги разнесуваат истите. Но истражувачите секогаш настојуваат да ги направат ештата барем малку позастрашувачки.
Затоа тие внатре вградуваат и ARSS (да, се изговара "arse"- г’з) за веднаш да ве убие како гром од ведро небо.
ARSS е воздушен робот- сајперистcomplete опремен со пушка со калибар .338 која што испукува седум до десет зрна во секунда со крајна прецизност. Се работи за зрна со пробивна моќ доволно силна да пробијат панцир оддалечен десет фудбалски игралишта по ред.
10-oruzja.jpg

Сега за сега, беспилотните летала не се доволно добро осмислени за да бидат целосно самостојни и независни од човечки фактор. Тие можат да бидат програмирани во однапред планирани летови, но сепак е потребен човек кој што ќе ги води битките и кој што ќе го активира испукувањето всушност. Но сепак, супер-прецизноста се должи на развиен софтвер кој што овозможува автоматско нишанење. Како во видео игра, нешто за што новите генерации се добро оспособени.
11-oruzja.jpg


3. Снајперски бомби

12-oruzja.jpg

Се разбира, повеќе не е доволно само д се срамни еден цел град со земја, бидејќи сепак по некој случај можеби и преживеал по некој војник таму. Да кажеме дека сте терористичка група, и сте се утврдиле блиску до некое сиропиталиште или болница. За ваша несреќа, веќе се тестирани така наречените „фокусирани смртоносни полнења“, или едноставно кажано- снајперски бомби кои што се испуштаат од бомбардери и борбени авиони,употребувајќи GPS систем за да ги доведе до посакуваната цел, и потоа да го убијат секого во зградата без никакви други придружни ефекти освен можеби малку да ги затресат прозорците на околните зграади, и сето тоа без никакво предупредување.
13-oruzja.jpg

Снајперските бомби се направени од „повеќефазно експлозивно полнење“ направено од DIME (Dense Inert Metal Explosive). Наместо нормален експлозив завиткан во чаура од челик, овој експлозив е сместен во јаглероден состав кој што убива се во собата без да прави поголеми оштетувања на структурата на зградата.
14-oruzja.jpg

Диме во акција.

2. Новата генерација на уништувачи на бункери

15-oruzja.jpg

На крај, едноставно ќе се откажете од површинскиот свет бидејќи е преполн со роботи и самоуправувачки куршуми. Единственото безбедно место би останало под земјата, во некој супер развиен бункерски систем. Како во филмовите и стриповите донекаде.
16-oruzja.jpg

Пред да се решите на таков вид криенка, треба да бидете запознаени и со тоа дека постои такво нешто наречено nuclear bunker busters и BLU-118/B thermobaric bunker busters, кои што овозможуваат да бидете стопени пред и да помислите дека сте сосема безбедни.
17-oruzja.jpg

Нуклеарен експлозив? Тоа е веќе Трета Светска Војна, зар не? Тоа е нуклеарка, да, но дизајнирана за подземна експлозија така што нема опасност од радиоактивни печурки.
Врвовите на бомбите се направении од волфрам, а тоа во комбинација со брзината со која бомбата удира предизвикува "втечнување" кога ќе удри во бетон. Така кога ќе се пушти бомбата од одредена височина, ја пробива земјата како којотот во цртаниот филм со брзата птица итрица и патува директно во вашите тајни одаи во подземниот бункер, носејќи ви целосна пропаст.
BLU-118/B е подеднакво застрашувачко оружје. Тоа е "термобарско" што значи дека испушта експлозивен гас во воздухот пред да експлодира. Тоа предизвикува контролирана локална експлозија во вид на застрашувачка пламена смрт која е дизајнирана да патува низ подземните ходници во бункерите длабоки и до стотици метри и да уништи се што се движи внатре.
18-oruzja.jpg

Ако ова ви звучи како страшно, чекајте, има уште нешто..

1. Кинетички огнени топки

19-oruzja.jpg

Iако некој вви каже дека „запаливи ракетни гумеи топчиња“ се дел од арсеналот на вашиот противник со кој што тој ви се заканува со смрт вие попрво би умреле од смеење. Кинетичките огнени топки се токму тоа всушност.
Замислата е да се лансираат мноштво на шупливи топчиња со гумирано ракетно гориво со дупка на едната страна и потоа да се запалат. Така, тие се претвораат во ракетни огнени топки кои што потскокнуваат во внатрешноста на зградата убивајќи се што се живо наоколу како во цртан филм.
Суштината е во тоа што огнените топки и не мора да ве погодат. Тие развиваат температура од 1000 степени за само неколку секунди. Оружје како од филм.
20-oruzja.jpg

И ако ова ви се чини како некоја фантазија на луѓето во DARPA се лажете. Објавените документи покажуваат дека сето ова било успешно тестирано.


Мотика
 
mnogu kopi pejst od motika ali nema veze,jas sum za snajperive gi postovam mnogu :)
 
А Мотика копи-пејст од Cracked. Ах, Cracked.
 
Back
На врв Bottom