Ортопедски елек

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.497
Ми требаат совети. Најмалку 8 часа дневно седам на компјутер, во многу незгодна положба. Сакам да си купам ортопедски елек кој не би ми дозволувал да го "кривам" 'рбетот.
Денес пробав еден ама тој во лето не може да се носи, бидејќи се познава. Освен тоа, само што го пробав, осетив дека ме сече кај пазувите.

Значи, дали има некој елек кој може да се носи под облека? Каде можам да го купам? Цена?
 
Имам јас еден,пластичен,баш за тоа ми беше.Имав сколиоза,и го носев.Значи,цел е пластичен,и позади има каши.
Го купив од Славеј,прво бев да ми земат мерка,па ми го направија :)
Треба уште да го носам,ама еве,не го носам вќе 2-3 години
 
Па јас фала му на Бога немам сколиоза. Чисто превентивно ми е.
А пластичен, некако не ми звучи превентивно. И не сакам да ми прават по мерка, сакам да идам и да купам.
 
Ако дознаеш пиши тука. И мене ме интересира.
 
Па јас фала му на Бога немам сколиоза. Чисто превентивно ми е.
А пластичен, некако не ми звучи превентивно. И не сакам да ми прават по мерка, сакам да идам и да купам.
Е таков немам.:)
Уствари,чекај малку,ми текна,Една имаше со мене што учеше до осмо,имаше едно како не е елече незнам како да го наречам,ама коа ќе ги спуштиш рамењата надолу,или коа ќе се наведнеш надолу свири,може ќе ти помогне,кога ќе ја најдам ќе ја прашам :)
 
Ми требаат совети. Најмалку 8 часа дневно седам на компјутер, во многу незгодна положба. Сакам да си купам ортопедски елек кој не би ми дозволувал да го "кривам" 'рбетот.
Денес пробав еден ама тој во лето не може да се носи, бидејќи се познава. Освен тоа, само што го пробав, осетив дека ме сече кај пазувите.

Значи, дали има некој елек кој може да се носи под облека? Каде можам да го купам? Цена?
Прашај во Славеј најдобро (до агенција за вработување е ако не знаеш), или во некој друг "дуќан" за ортопедски помагала.
Инаку би ти препорачал да ти изработат еден според твоето тело, во спротивно ќе те сече тука и таму.
 
Носам вакво јас за сколиоза...

Spinomed_Detail1_01_enl.jpg

Со упут од ортопед, бесплатно го земаш ако си <18, а плаќаш 10% од цената ако си >18 а тоа му доаѓа 1000-2000 денари... Презадоволен сум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom