Оптимизам/Песимизам?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Реалист, со примеси на песимизам.

Песимизам ко...не дека гледам се` негативно, туку сум скоро секогаш со план Б во случај да тргне нешто наопаку. Скоро секогаш сум „на нож“, па сметам дека не ми е од одмет да бидам подготвена за она најлошото, без разлика дали го очекувам, или шансите да тргне нешто наопаку се поголеми.

Ме нервираат претерани оптимисти, кои го гледаат светот низ розови очила, не согледувајќи дека не е се` sunshine & butterfly, како и претерани песимисти-емо деца, кои за се` нешто цмиздат само.

Нешто интересно што имам приметено... Луѓето кои себе си си се декларираат како реалисти, најчесто се етикетирани како песимисти од претераните оптимисти.
 
Песимист, и подобро ми е така. Во главата ми се појавуваат сите можни последици од некоја ситуација па така размислувам што правам :)
 
Повеќе би рекол реалист ама има нешто и од песимизам во мене....
Значи за мене од една страна е и добар песимизмот бидејќи секогаш знам дека не оди од прва па имам 2 план ( опција) и тн.
 
Ништо не е препуштено на случајноста, нашите постапки го одредуваат правецот на одвивање на секое дејствие, заота размислувам писимитички, на тој начин си ги гледам последиците од секоја можна ситуација и го избирам начинот со најмала загуба. Сепак не може да се каже дека и не сум оптимист, бидејќи секој човек верува во нешто, јас верувам во чуда но повеќе во малер. :smir:
 
Реалист може? Оти некако на средината сум :D
 
ovp.gif
 
Дефинитивно не сум песимист, но не сум ни стравствен оптимист. Но, секако се надевам дека работите ќе завршат на добро иако сум подготвен и на најлошото.
Не сакам луѓе песимисти кои секогаш мислат дека се завршува негативно и се што постои е негативно, се околе нив е мрачно, а се занесуваат демек се тешки реалисти, не се реалисти туку се плашат да ја направат иднината подобра.
 
Секогаш оптимист! :pehar:
Докторе! Јас никако не можам да отидам во тоалет!
- Главното е -оптимизам! Не можете во тоалет - отидете во театар , на концерт...
 
Само со позитивни, оптимистички мисли можеш животот да си го направиш поубав и посреќен. Ако позитивно мислиш, позитивно и ќе дејствуваш.
Јас сум пак реалист, не можам да кажам песимист или оптимист. Многу би сакала да сум си оптимист секогаш, но тешко ми оди менувањето..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom