Опстанок

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Една од најдобрите македонски серии, од 1990 / 91 година. Мето Јовановски, Петре - Дејан Велков Босилка - Елена Зафировска Анѓа - Катерина Ангелова Стојанче

И да не го заборавиме легендарното куче ВОЛЧКО.

Е за оваа серија зборев пред некој ден, ме гледаа бело другариве. :)))
Најбоље серија, ја обожавав иако бев многу мала, знам дека ја даваа на МТВ и се уште ја памтам најавната шпица!!!!
 
Најомилена серија ми е од сите детски што ги емитувале на МТВ.

Автентична атмосфера, поим за другарство, пожртвуваност, одмерена строгост. Не сакам да звучам ко старците ама навистина не верувам дека ќе се произведе нешто толку квалитетно после ова затоа што начинот на живот е променет сосема, а сега ги прават во склоп со современоста и испаѓаат некои wanna be хумористични серии, а и нив ретко ги има.

Ја барав на интернет серијава ама некако слабо, мислам најдов само 1 или 2 епизоди. Ако некој ја има или знае каде може да се најде нека ми пише. :)
 
Ееееј буди спомени серијава. Се сеќавам на неа, не којзнае колку, ама има некои делови кои ми идат во глава:)
Една од поинтересните серии кои ги гледав како мал:) Ако знае некој стварно каде може да се најдат епизодиве нека пише:smir:
 
Ги има сите епизоди на You Tube, него ова е снимано во Мариово ама знае некој во кое село? Фала..
 
Си ја гледав пак на YouTube целата. Детство.

Што се случи со децата актери од серијата?
Зошто не им направат некое интервју, околу снимањето, околу тоа до каде се сега, со што се занимаваат во животот?
Или можеби имало ама јас сум го испуштила.
 
На МТВ ни за илјада години нема да им текне тоа.. Битно лапаат РДТ! :@
 
Најдобрата серија на сите времиња, никако не можев да ја изгледам до последна епизода, сега видов дека ги има сите епизоди на youtube, со мерак ќе си ги изгледам подоцна :)
 
Си ја гледав пак на YouTube целата. Детство.

Што се случи со децата актери од серијата?
Зошто не им направат некое интервју, околу снимањето, околу тоа до каде се сега, со што се занимаваат во животот?
Или можеби имало ама јас сум го испуштила.

Како изгледа малата Босилка од „Опстанок“ (фото)

http://republika.mk/?p=100282
 
Дечки знае некој што бидна со децава од серијата,што работат кај се???

Освен Босилка што ја имаат објавено за другиве неможам ништо да најдам...
 
Цела серија ја има на МРТ сајтот. Штета што тој сајт никој од таму во МРТ одговорни за тоа не го ажурираат со нови архива серии, филмови, документарци, музика. Имаме стварно интересни серии но нема кој да ги види денешно време освен ненајавено ако пуштат на МРТ 1 и Собраниски.

Наместо фино убаво да се пуштаат сите на Јутјуб или некој сајт да си е архивата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom