Сакам да бидам, риба или може рак, нешто во вода да биде, а зошто баш тоа па незнам сакам многу пространства на вода и одсекогаш сум се воодушевувала што се има на дното:helou:
Баш вчера размислував на ова. Да, сакам повторно да се родам.. и сакам да сум повторно јас со истито друштво и сето то. Само некои работи ќе ги вратев назад и нема да дозволев да се случатНе дека имам големи грешки направено, ама од тие шо ги напрајв и не си научив никаква лекција сакам никогаш да не се случеја..
И јас би била истава јас,само би ги поправила сите работи за кои што мислам дека не би требало да ги направам...Е тогаш ќе се смени скоро се од корен и би била сигурно посреќна [не дека сега не сум,ама тогаш уште повеќе ].
А инаку само за еден ден и јас би сакала да бидам птица.Слобода до кај што сакам,се би гледала од поинаква гледна точка...Толку безгрижно изгледаат...Дефинитивно тоа би сакала да бидам.
Да се родам повторно би го избрал истиов пат, истиов живот.
И не сакам да се вратат назад лошите спомени, а да останат само добрите. Не сакам никакви промени. Супер ми е вака. Немам за ништо да се пожалам, а имам толку многу работи за пофалба.
Животот како човек со верба во Бог пред се, со толку неуспеси и успеси... да не ти се посака да бидеш нешто друго.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.