Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Се сложувам дека нема подобри од Италијаните кога станува збор за велосипедизам, тоа го имам баш тука на форумот дискутирано од поодамна но нема потреба од олку скапа опрема... ке ви брка работа и поефтина опрема, и од Алиекспрес да порачате ништо нема да и фали. Имам два пара комплет летна опрема порачано од Алиекспрес и ок е, сосема солидна додека зимска опрема немам сеуште :) Има во Скопје добра опрема кај Вучко тоа е зад универзална сала, имам исто и од таму купено дрес и шорцеви комплет доста се добри. Еве сега линк за сите да знаете и овој дечко Фуга Бајк носи солидни, исто и од кај него имам порачано (со долги ракави, ама ептен тенки се - Пролетни :) ) сосема ок се, доста добри

провери на овој линк
Освен овие, дополнително ќе ја препорачам продавницата на Вело Риз. И тие набавуваат од Али Експрес, ама барем нема да чекаш со месеци да ти стигне :D
 
А дека да најдам на стари (половни) спринтерици, како ке одеме во патики за Врање ? :D
 
Како се гледа дека сте машки и/или дека не одите по уролози... Арно ти викаат, пенисот отвор има, ќе си набацаш некоја бактерија во уретрата, со месеци ќе ја вадиш. Е таа е разликата од шорц/маица и поради ова веројатно си приметил како другарки си позајмуваат дуксери, маици ама пантолони и фармерки никога не.
Ова со бактерии зборуваш за после перење на мин 60 степени со прашок и омекнувач ? Сама помисла за тоа како се носени не тера да размислуваме на ова а лебот што паѓа по комбиња и на под е во ред, тоа што паѓа под машините за храна на под и се враќа назад е во ред... И ново (читај кај нас 10 год старо оти сме мн во тек со времето) може да седи во некоја муфлосана просторија. Бтв не перам со омекнувач алишта кои ми се во директен контакт со кожа поради чешање.... во однос на другите во врска со заштеда на пари да не се лажиме во Макаронија сме и нема некој избор во продавница. Немаат точак за проба а не па повеќе бројчина и различни производители. А и да, фармерките во продавница без проба ги купуваш или за тебе на каса ги шијат?
 
Знаеш колку пати е јавена алергија кај луѓе во Зара, мара што пробувале нешто? :pos:

Нема врска, терај си ти, само не ги прави другиве будали што нејќат носена опрема да купат зошто им држи вода аргументот.
 
Не знам. Ако не ти е проблем посочи ми барем некои факти. Кога веќе беше муабетот дека преку отвор на пенис може да се фати бактерија а со маицата не, дали тоа значи дека маицата ја облекувате со маска на устата, нос, очи и уши ? Дали значи дека тој што ја носел имал различни влакна на градите и различни бактерии во пот која е исфрлена преку кожата во предел на градите? Дали алиштата ваши ви се за една употреба или анти бактериски се сите на надворешни влијанија? Облеката во продавница не ми кажа дали не ја пробуваш пред да ја купиш или по специјални протоколи се водиш?
 
А сите бајкери овде про или семи-про па мора и вело опрема по сите стандарди?
Реално нит нас ни е стандардот у државава нит па има некој избор голем па да бираш. Ја би рекол се што е под 80Km возење на дневна база нема потреба од целосна опрема иако се сложувам прави разлика.
 
Живти се како не прави опремата подобро? Ако возиш 20-30 км за ладење к... да, ама како испод 80 не требало. Земи обична мајца и вози 80 км, па ке видиш колку зној ке ти собере и како ке ти се лепи за телото.
 
Огромна разлика прави не се зафркавајте, со обичен шорц и маица е смрт да возиш дури и да е тоа само 20-30 километри.. ем утоп ем газот ренде :D

Имам возено и со маици шорцеви од попознати брендови демек спортски за тренинг како рибок хумел и пак биле тапа, строго велосипедски дрес и шорцеви само. Преферирам квалитет пред квантитет, така да од треска спорт имам купувано и дресови и шорцеви и ги утепав од носење со години
 
Последно уредено:
А сите бајкери овде про или семи-про па мора и вело опрема по сите стандарди?
Реално нит нас ни е стандардот у државава нит па има некој избор голем па да бираш. Ја би рекол се што е под 80Km возење на дневна база нема потреба од целосна опрема иако се сложувам прави разлика.
Живти се како не прави опремата подобро? Ако возиш 20-30 км за ладење к... да, ама како испод 80 не требало. Земи обична мајца и вози 80 км, па ке видиш колку зној ке ти собере и како ке ти се лепи за телото.
Знам од искуство дека може да се тера зашто правев тури од 40-50Km летово у горештините.
 
Може да се вози гол, облечен, без светла, со светла, со santa cruz или biser ohrid. Секако може да се вози, разликата е во удобноста. И спешелајз може да се расипи и бисер охрид само едниот е помалку веројатно...
 
За ладење на половиот орган далеку побитно е седиштето отколку шорцевите дали се од 20 или 100 долари.Најпрво ќе си купите ваков тип на седиште па после ако сакате облечете шорцеви и од 10 долари:
 
Искуства ваши, совети , сугестии за Спринтерки, што е основната цел на возењето со спринтерки, некој што добро ја разбира оваа работа нека објасни. Основни разлики од обични пуми (патики) Позитивни страни, негативни и сл. Ајде една општа дискусија околу ова
 
И мене ме интересира ова :) склопувам road bike и застанав на педали :) викаат грев било да се става платформа педала на роуд ама па не сум сигурен дека спринтерки многу ќе ми сменат у животов :) би сакал да чујам мислења
 
Нема некоја огромна огромна разлика.Како што кажува и самиот збор СПРИНТЕРКИ, можеш да направиш побрз и појак спрнит. Ја возам со спринтерки, искрено кратко време ... немам толку големо искуство со нив. Сигурно некој тука на форумот има многу, многу повеќе искуство и рутина. Oд почеток е зезнато, закочена ногата, мора вежбање. Треба големо искуство за брза реакција, само добро упатени и добри роад бајк (мајстори :)) велосипедисти би реагирале експресно и би ја ослободиле ногата. Но со возење нон стоп со спринтерици се учи, после ке ни биде рутина :). Е сега од мое лично искуство е подобро со спринтерки , а зошто? - Затоа што на подолги стази е по одморена ногата, друго: не се толку оптеретени мускулите со што имаме посвежи по одморени мускули, трето: и влечиш и туркаш со спринтерките, што не е случај со обични патики, така да се намалува оптеретеноста и сл. Рамните (обичните) педала ја намалуваат максималната моќ што вие може да ја дадете при вртење (педалање).

Гледај го видеото за подетални информации https://www.youtube.com/watch?v=AkMCYYNTWUY&ab_channel=GlobalCyclingNetwork
 
Нема некоја огромна огромна разлика.Како што кажува и самиот збор СПРИНТЕРКИ, можеш да направиш побрз и појак спрнит.

Не тропај глупости жити се. Подолу си се исправил ти самиот донекаде.
ама првава реченица што си ја пишал е прав хумор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom