Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите форумџии, ме интересира дали некој има возено од овде од Македонија до Врање (Србија) каков е патот, ваши попатни искуства и сл.
 
Вака батка имам одено преку два пата. Првиот е преку овој Табановце-па пред да продолжиш по автопатот имаш исклучување лево за Прешево, а десно стариот пат за Врање. Ке шибаш само по тој пат и не е лош воопшто плус нема некои успони и си има знак пред влез да Врање нема да промашиш.

Другиот ти е подалечен и потежок поради височини, ако сакаш секако и убава природа. А оди преку Куманово-Старо Нагоричане-Прохор Пчински-Кленике и на крај стигаш во Давидовац, бујановачко село и вртиш десно, фактички се цклучуваш по стариот пат за Врање што ти го пишав горе. Натаму е добар, ама за назад има дупки многу од удолнината накај Прохор. Така да ако си од Скопје мој совет ти е да идеш преку првиот пат. И да, ти треба ПЦР тест за влез во Србија.
 
Досега 5,6 пати од кои 3 пати преку Прохор Пчински 2 пати натаму и еднаш се враќав.Последниот пат бев пред месец дена кога не се бараше ПЦР тест на граница.Што конкретно те интересира?
 
Па се ме интересира, каков е патот, дали е добар, дали има успон? на граница дали прават некој проблем, воглавно за колку време (горе-долу) се стигнува, се работи за тура која ке се вози со роад бајк, здравје боже прво и основно...
 
Преку Табановце кај Прешево има нов асфалт така што за роуд сега е добар додека претходно не беше.Угорница имаш мала помеѓу Прешево и Бујановац,во глобала од Куманово ти е прилично рамно.После Табановце на околу 5.5км се исклучуваш од автопат и одиш по патот што ти го пуштив на мапата бидејки полиција може да ти направи проблем доколку продолжиш по автопат после тој дел.Преку Арачиново и назад одење враќање има околу 1400 елевација.Моментално граница се поминува со лична карта или пасош и пцр негативен тест.Со МТБ со нормално темпо просечно натаму се вози од 5 до 5 и пол саати а за назад околу саат и пол помалку:
 
Да не ви се мешам, посигурно е преку Арачино, па после по стариот Табановски пат и пред вртење за Сопот да се исклучи.
 
Вака батка имам одено преку два пата. Првиот е преку овој Табановце-па пред да продолжиш по автопатот имаш исклучување лево за Прешево, а десно стариот пат за Врање. Ке шибаш само по тој пат и не е лош воопшто плус нема некои успони и си има знак пред влез да Врање нема да промашиш.

Другиот ти е подалечен и потежок поради височини, ако сакаш секако и убава природа. А оди преку Куманово-Старо Нагоричане-Прохор Пчински-Кленике и на крај стигаш во Давидовац, бујановачко село и вртиш десно, фактички се цклучуваш по стариот пат за Врање што ти го пишав горе. Натаму е добар, ама за назад има дупки многу од удолнината накај Прохор. Така да ако си од Скопје мој совет ти е да идеш преку првиот пат. И да, ти треба ПЦР тест за влез во Србија.
Спремај се за пролет да направиме една тура на овој пат, ако се отвори границата :D
 
Здравје Боже, ке укинев ваљда пцр тест привремено и цепамо. :smirce:
 
Да не ви се мешам, посигурно е преку Арачино, па после по стариот Табановски пат и пред вртење за Сопот да се исклучи.
Имам одено еднаш по стариот Табановски пат и има нешто повеќе елевација но и повеќе време се губи од таму бидејки низ населба поминуваш.Инаку после Куманово полиција никогаш не прави проблем за последните 12км до граница,проблем има ако од Скопје постојано одиш по автопат до граница а од Куманово не.
 
Епа не сум знаел за овие после 12 км, искрено, затоа и често одев преку Табановскиот пат, инаку нема никаков проблем низ населба што се поминува, а и елевацијата не е нешто посебно тешка за искачување, ама фала ти за оваа информација.

Инаку ете во февруари цариници ме заебаваа на граничен (бев до Прешево), така нека пази, не дека нешто ке ми земеа, ама ме изнервираа зошто изгубив 5-6 минути на глупсоти.
 
Еве за тебе и останатите одговор на кој ниеден цариник нема да ве зафркава.Кога ќе ве прашат на српски до каде ќе возите вашиот одговор да биде У ВРАЊЕ КОД МРКЕЛУ НА ПЉЕСКАВИЦУ И ЈЕДНО ЗАЈЕЧАРСКО!:)
 
Не бе наши копуци беа, Србите никогаш не ми правеле проблеми, бидејќи им причам српски. :D
 
Преку Табановце кај Прешево има нов асфалт така што за роуд сега е добар додека претходно не беше.Угорница имаш мала помеѓу Прешево и Бујановац,во глобала од Куманово ти е прилично рамно.После Табановце на околу 5.5км се исклучуваш од автопат и одиш по патот што ти го пуштив на мапата бидејки полиција може да ти направи проблем доколку продолжиш по автопат после тој дел.Преку Арачиново и назад одење враќање има околу 1400 елевација.Моментално граница се поминува со лична карта или пасош и пцр негативен тест.Со МТБ со нормално темпо просечно натаму се вози од 5 до 5 и пол саати а за назад околу саат и пол помалку:

1. Значи , нормално преку граничен премин Табановце , е сега од Табановце околу 5 км возење се двои патот, лево е за Прешево десно за Врање? Ние да продолжиме десно и нема промаршај ?

2.Кога велиш со нормално темпо на возење со МТБ околу 5 до 5 и пол саати мислиш од Скопје до Врање конкретно?
 
Да со некаде 18 до 18.5 просек.Со роуд ти е од 25 до 30% побрзо или до кај 23 просек се вади со ист режим.
 
Некој предлог за страна или продавница за купување велосипедска облека? Да не биде ептен скапа, а и де не е алиекспрес?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom