Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За појаки дистанци поудобен е МТБ на асвалт или хибрид отколку роуд,ова ти го кажувам од лично искуство бидејки имам и Giant 29 MTB и Giant Defy 2 од 2010 со Tiagra опрема купен во 2015 половен од Словенија.Собери некои 350 евра и кај Васко ќе си земеш 29 ка.Планирам на роудот да го сменам седиштето и да земам некој модел за долги релации од ISM преку ebay бидејки никој не ги носи кај нас:https://ismseat.com/

Нели е 29ка за повисоки. Ја сум мноооогу низок. :D
 
Ако си под 170 тогаш ќе гледаш и некој модел од 27.5.
Автоматски споено мислење:

Иначе еве кога купував MAX 26 во 2016 со алуминиумски рам со субвенции за околу 7500 каде го тестирав:13645307_1099741593398395_2616907592102951540_n.jpg
 
Последно уредено:
Нели е 29ка за повисоки. Ја сум мноооогу низок. :D
Рамката да ти одговара, гумиве нема воопшто да ти влијаат. Познавам и 1.65м велосипедисти што возат 29ка.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Па ја сум 1.65, мене ми е битно да ми вади добра брзина. Возев КТМ додека бев у Белград, не знам која големина ке пуштам слика. Баш добар беше. Не знам ја и понатаму сум за роуд, овие што ги пратам на Страва вадат добри абг брзини. Така да роуд>било што. :Dktm.png
 
За појаки дистанци поудобен е МТБ на асвалт или хибрид отколку роуд,ова ти го кажувам од лично искуство бидејки имам и Giant 29 MTB и Giant Defy 2 од 2010 со Tiagra опрема купен во 2015 половен од Словенија.Собери некои 350 евра и кај Васко ќе си земеш 29 ка.Планирам на роудот да го сменам седиштето и да земам некој модел за долги релации од ISM преку ebay бидејки никој не ги носи кај нас:https://ismseat.com/

Може е поудобен ама вози во група со роудери и ќе видиш како душата ќе ти излезе да држиш темпо со нив, башка летно време жештини па брзината е клучен фактор за праење подолги тури. Јас мтб имам ама ништо чудно да земам летово и роуд на старо
 
Брзината е клучен фактор за правење подолги тури но не како што ти мислиш туку обратно.Најклучен фактор е границата кај што почнува форсирањето а тоа е моментот кога со темпото што го држи возачот нема доволно кислород за да вдишува преку нос и мора да отвара уста.Тие роудаши со такво темпо какво што наметнуваат без тешка хемија не можат да го одржуваат повеќе од 4 или 5 часа.
 
За појаки дистанци поудобен е МТБ на асвалт или хибрид отколку роуд,ова ти го кажувам од лично искуство бидејки имам и Giant 29 MTB и Giant Defy 2 од 2010 со Tiagra опрема купен во 2015 половен од Словенија.Собери некои 350 евра и кај Васко ќе си земеш 29 ка.Планирам на роудот да го сменам седиштето и да земам некој модел за долги релации од ISM преку ebay бидејки никој не ги носи кај нас:https://ismseat.com/

Како бе за подолги релации е подобар и поудобен МТБ ? :D Кај може да возиш тура од 100 - 150 км. по асфалт со МТБ, ок можеш не е проблем, но ке видиш после тоа колку ке бидеш изморен и сл., едноставно тоа ти е големо измачување. Се знае за по асфалт што е , Road bike. Се слагам ДА, полесно и вртењето на МТБ затоа што е нормално, имаат касета поголема и полсено е вртењето , ама си доста побавен. Убаво имаше еден член овде на форумов напишано, тргни ти со МТБ а сите во твојата група да возат Road bike ке ја воочиш разликата, реално е да е потежок за возење Road-ot, нон стоп треба напинање и вртење со нозете, ава верувај ми се навикнуваш, и побрз си :) тоа е тоа, се си има своја удобност и убавина , и Road bike, и МТБ

Може е поудобен ама вози во група со роудери и ќе видиш како душата ќе ти излезе да држиш темпо со нив, башка летно време жештини па брзината е клучен фактор за праење подолги тури. Јас мтб имам ама ништо чудно да земам летово и роуд на старо

Точно така :)
 
Роад не е за долги тури, или со други зборови со роад на долга тура, тешко на газето. Едноставно немаш комоција.
 
Денеска имав прва сериозна РБ тура, со 3 саата возење. Газот не да боли... Првото нешто што направив кога се вратив дома - jа префрлив гел-подлогата од МТБ точакот на Роад бајкот. Никој нема да ме убеди дека треба да возам без неа. Да не објаснувам, строго ја препорачувам на секој што се жали на газоболка. :D

А за комоција, нема некоја разлика, дури би рекол и подобро е роад. Забораваш дека дува ветер, ја менуваш положбата на рацете... Дури би сакал да истакнам дека за првпат не ми отрпнале прстите при долго возење, што беше многу чест случај со МТБ :)
 
Нормално брат кога не си навикнал. На пример седни јавај камила или коњ подолго исто ке е. Нема ништо да осеќаш. Остави со тек на времето да се навикнеш.

П. С. Со бициклистички шорц возеше?
 
Да
 
Што читав овдека, треба само да се навикнеш. Знам не е едноставно одеднаш на роуд да се навикнеш, ама по мене е сеуште опција број 1 пред мтб или хибрид. Еден ден.
 
Следна тура пак планирам 3 часа, но со подлога. Ако се вратам без никаква болка, немам причина зошто да ја тргам. Читав и по нет, нема никакви недостатоци, освен +150 грама да имаш на точакот. Ако те прави покомотна, why not?
 
Роад не е за долги тури, или со други зборови со роад на долга тура, тешко на газето. Едноставно немаш комоција.

Ок, одсега Tour ' d France ке се вози со MTB, и сите други престижни трки , пр. Giro Italia , Vuelta Espana итн :D Ако е мерило тоа дека Road не е за долги тури само затоа шро боли газот, си се заебал ... Road e баш за долги тури, а газот боли и на МТБ ... е сега има и седишта по мерка , ке си смениш седло и ке немаш гајле, за секое нешто си има соодветно решение. Ако гледаш од професионален аспект, таму им прават и bike fitting ама до милиметар се од велосипедот да им е во склад со градбата на телото, и седлото исто така. Може да се земе соодветноседиште и да се реши проблемот ;)

Што читав овдека, треба само да се навикнеш. Знам не е едноставно одеднаш на роуд да се навикнеш, ама по мене е сеуште опција број 1 пред мтб или хибрид. Еден ден.

Точно, се слагам апсолутно

Денеска имав прва сериозна РБ тура, со 3 саата возење. Газот не да боли... Првото нешто што направив кога се вратив дома - jа префрлив гел-подлогата од МТБ точакот на Роад бајкот. Никој нема да ме убеди дека треба да возам без неа. Да не објаснувам, строго ја препорачувам на секој што се жали на газоболка. :D

А за комоција, нема некоја разлика, дури би рекол и подобро е роад. Забораваш дека дува ветер, ја менуваш положбата на рацете... Дури би сакал да истакнам дека за првпат не ми отрпнале прстите при долго возење, што беше многу чест случај со МТБ :)

Веруј ми, се е навика.. ке се навикнеш, земи поквалитетни бициклистички шорцеви... со квалитетен гел или мемори памук на нив па ке прајме муабет :) Возам road bike 8 години, се е навика ;)
 
Последно уредено:
Кажувам дека Giant на нашиов пазар е најскап точак (или поточно рамка за точак) со оглед на тоа колку си платил и што си добил за платеното.
Ау не другар. Ептен е спротивно. Пеџа има убедливо најниски цени од сите бренд велосипеди. Дури не е ниту дискутабилно ова. :)
Автоматски споено мислење:

За црн пат и друм ова ти е премија
Неспоредливо е со cube analog.
Многу побрз е од Мтб

Ако ти е таман големината оди и земај. Геометрија на f10 и sworks има.
А Ценава е лотарија. Ние го гледавме ама за жал голем ни беше.
Топ е овој. Ама со x1 пренос, не сум баш сигурен како ќе се снаоѓа. :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom