Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Да не планираш од Canyon да земаш нешто?

Од човек од Србија.
Вика типот(продавачот) дека може да го прати преку DHL и дека го носеле велосипедот на врата за 90Е плус на цената. Малку скептичен сум, па се распрашав како се царинат пратките преку DHL излезе муабетот дека на цената која ќе ја платам за бајкот царината е некои 120Е + 25Е документ за царинска декларација.
Е сеа точакот има пазарна цена многу поголема од таа за која ми го нудат, па се плашам да не се измајмунат од царина да ми опнат некоја астрономска цифра.
 
Нема врска оддалеченоста, ќе му се наплати ддв и царина. Многу скапо ќе го фати. Превозот е многу помала ставка.
никаде не напишав оддалеченост, споредбата е земја членка на ЕУ вс надвор од ЕУ.
Јас лани кога гледав на нивната страна сакав урбан комутер да нарачам цената за мкд беше 250 евра пониска од цената за земјите од ЕУ. Ама па испораката за нив беше 35 евра за нас беше 300 евра. Заклучок за нас пак беше малку поскап.
Тука не гледам царина и ДДВ што ќе мораш да ги платиш кај нас кога ќе ти дојде точачето
 
Како може царина да не плати за точакот ?
 
Токму тоа ти велам. Еве нема врска оддалеченоста, но нема врска ниту цената на праќањето. Царина и ддв секако ќе мора да плати кога ќе дојде овде а тоа за точак над 500 евра пресметај си сам колку ќе чини. Наплатата на "shipping" е мала ставка.
 
Да пријател
КОГА ГЛЕДАШ НА СТРАНАТА НА CANYON ЦЕНИТЕ СЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДНОТ ПЛУС ИСПОРАКА ДО ЗЕМЈАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕШ. НИКАДЕ НЕ Е СПОМНАТА МАКЕДОНСКА ЦАРИНА ТАМУ ИЛИ ДДВ ВО ОВАА ВУКОЈЕБИНА.
Се надевам сега малку појасно е, убаво сум напишал дека во таа компарација на цени за земја во ЕУ и надвор од неа не ги гледам (или не ги земам во предвид) царината и ддв ШТО ЌЕ МОРАШ ДА ГИ платиш
 
Од човек од Србија.
Вика типот(продавачот) дека може да го прати преку DHL и дека го носеле велосипедот на врата за 90Е плус на цената. Малку скептичен сум, па се распрашав како се царинат пратките преку DHL излезе муабетот дека на цената која ќе ја платам за бајкот царината е некои 120Е + 25Е документ за царинска декларација.
Е сеа точакот има пазарна цена многу поголема од таа за која ми го нудат, па се плашам да не се измајмунат од царина да ми опнат некоја астрономска цифра.
ДХЛ се посебна приказна. Секој свое искуство со нив споделува. Знам еден куп луѓе кои преплатиле за она што си го нарачале, затоа што некој од ДХЛ одлучил да седи тоа 3 дена кај нив, па да му се јават потоа, па да поминат уште 2 дена додека ти отидеш да го земеш за потоа да ти наплатат лежарина 200 евра.[DOUBLEPOST=1470606518][/DOUBLEPOST]
Да пријател
КОГА ГЛЕДАШ НА СТРАНАТА НА CANYON ЦЕНИТЕ СЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДНОТ ПЛУС ИСПОРАКА ДО ЗЕМЈАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕШ. НИКАДЕ НЕ Е СПОМНАТА МАКЕДОНСКА ЦАРИНА ТАМУ ИЛИ ДДВ ВО ОВАА ВУКОЈЕБИНА.
Се надевам сега малку појасно е, убаво сум напишал дека во таа компарација на цени за земја во ЕУ и надвор од неа не ги гледам (или не ги земам во предвид) царината и ддв ШТО ЌЕ МОРАШ ДА ГИ платиш
Другарче, не се нервирај. Очигледно не си информиран. На страната на CANYON секако дека нема да ти пишува дека ќе платиш царина и ддв. Тоа е неизбежно, мора да плати и царина и ддв.
 
Токму тоа ти велам. Еве нема врска оддалеченоста, но нема врска ниту цената на праќањето. Царина и ддв секако ќе мора да плати кога ќе дојде овде а тоа за точак над 500 евра пресметај си сам колку ќе чини. Наплатата на "shipping" е мала ставка.
Наплата на "shipping" од 300 евра е мала ставка, а 90% од луѓето што побарале мислења на форумов за нов велосипед обично ставаат буџет до таа цифра. ОК добро
Да помала ставка е споредено со тие 700 евра колку што ми искачаше царина и ддв да платам ама е далеку од мала ставка
И не е баш така мала ако се земе во предвид дека
царина = цената + shipping
а ДДВ = царина + процент за тој продукт
 
ДХЛ се посебна приказна. Секој свое искуство со нив споделува. Знам еден куп луѓе кои преплатиле за она што си го нарачале, затоа што некој од ДХЛ одлучил да седи тоа 3 дена кај нив, па да му се јават потоа, па да поминат уште 2 дена додека ти отидеш да го земеш за потоа да ти наплатат лежарина 200 евра.[DOUBLEPOST=1470606518][/DOUBLEPOST]
Другарче, не се нервирај. Очигледно не си информиран. На страната на CANYON секако дека нема да ти пишува дека ќе платиш царина и ддв. Тоа е неизбежно, мора да плати и царина и ддв.
Абе од старт арно сум скептик.
Најдобро е пали кола и оди земај, таман и лично ќе видиш што како... ама и така не знаеш на каков ден ќе го погодиш царинарникот.
 
Наплата на "shipping" од 300 евра е мала ставка, а 90% од луѓето што побарале мислења на форумов за нов велосипед обично ставаат буџет до таа цифра. ОК добро
Да помала ставка е споредено со тие 700 евра колку што ми искачаше царина и ддв да платам ама е далеку од мала ставка
И не е баш така мала ако се земе во предвид дека
царина = цената + shipping
а ДДВ = царина + процент за тој продукт
Кој купува точак од 300 евра преку интернет ај посочи ми? Си ги вртиш работите да ти излезат во твоја полза. Муабетов не води кон никаде. Нема потреба да си реплицираме веќе. Човекот праша за пратка од Србија преку ДХЛ. Ни canyon ни бутур.
 
За од србија не се исплати со ДХЛ да се заебава, авотобуска карта или со кола, ем побрзо ќе заврши ем далеку поефтино.
А за Canyon лани меркав роад бајк да земам, па затоа прашав, за среќа си најдов тука на старо карбон со ултегра. Ама сега пак меркам мтб со фулл амортизери, и цениве кај нас се нереално надувани, најевтин од продавница да го земеш е 2000 евра со нај основна опрема, додека кај canyon има многу добар точак со супер опрема за 1200 евра. Математиката вели дека за за 150 евра имаш повратна карта за франкфурт со се багаж(плус точак за назад) и уште 100-150 евра да потрошиш за ден два во германија, да отидеш и кај нив од фабриката на лице место да си пробаш и одбереш точак.
 
Прашувал пријател да им иде во фабрика со цел да го тестира Canyon Ultimate CF SLX 9.0 (Team и SL). Знаеш каков одговор доби? Дека може низ дворот на фабриката да си го возика да види дали му се допаѓа и дали му одговара.
Canyon е супер бренд и многу фален, ама точак од 5000/6000 евра со крукче околу фабрика не се купува.

Поентата на муабетов е дека не е се мед и млеко со Canyon.
 
Кој купува точак од 300 евра преку интернет ај посочи ми? Си ги вртиш работите да ти излезат во твоја полза. Муабетов не води кон никаде. Нема потреба да си реплицираме веќе. Човекот праша за пратка од Србија преку ДХЛ. Ни canyon ни бутур.
Не пријател не си ги вртам работите во моја полза, земи прочитај назад некој праша да не зима Кањон само реплицирав дека сигурно не прашува за нив, зашто во цената на точакот одма ти ја додава испораката, исто и искоментирав дека цената на велосипедите не е иста за ЕУ и надвор од неа како и дека цената за испорака драстично варира.
Ама некој се најде паметен да коментира дека немало врска далечината, после некој прашуваше како можело да не плати царина само зашто сум навел дека во таа компарација на цените за ЕУ и надвор од неа не ги гледам или не ги земам во предвид трошоците за царина и ддв кои би ги имал за набавка на истиот. За на крај да ме прашаш кој купува точак од интернет за 300 евра кога ти велам дека 90% од луѓево на форумов прашуваат за совет кој точак да го одберат до таа цена.
Секоја чест за муабетов што го извртевте
 
Прашувал пријател да им иде во фабрика со цел да го тестира Canyon Ultimate CF SLX 9.0 (Team и SL). Знаеш каков одговор доби? Дека може низ дворот на фабриката да си го возика да види дали му се допаѓа и дали му одговара.
Canyon е супер бренд и многу фален, ама точак од 5000/6000 евра со крукче околу фабрика не се купува.

Поентата на муабетов е дека не е се мед и млеко со Canyon.
Ај да не забегуваме, незнам што очекуваше дека ќе добие како одговор. Дечко на ти го точаков, извози го неколку дена па врати го. Или мора да помине 100км на него пред да одлучи?
Поентата со canyon е цената, бидејќи купуваш директно од кај нив, нема посредници и препродавачи и затоа можат да даваат точаци со подобра опрема а пониска цена од било кој друг поголем бренд.
Кај нас да не е поразлично нешто? Неколку пати влегував во про спорт, и ми се чини дека треба кафе и шише ракија да однесеш за да ти кажат "повелете" не па точак да пробаш.

Дури и со поштарина плус царина(10%) и данок (18%) знаат да бидат поефтини од понудата кај нас.
 
Очекувал однос каков што добил кај дилерите на Pinarello, Bianchi и Colnago во Словенија и Италија. И тоа баш таков однос, „повели дечко, вози денес каде сакаш и колку сакаш“. Canyon-от е страшно фалена машина секаде во велосипедските медиуми, ама нема во никој случај да го купам без да знам дали ми одговара, и затоа и го разбирам пријателот.
На крај се одлучи исто за флегшип модел од еден од италијанските производители (да не навлегувам во детали што и како, приватност е сепак), бидејќи имањето на дилер во случајов му заврши огромна услуга во тоа да открие која геометрија му одговара најмногу.

Речете си што си сакате, рамка од 3000-4000 евра се купува ретко, особено во Македонија, и се вози долго. На ќоро и ти да ги имаш парите не би купил, колку и да е фален на хартија. :)
 
Ми треба (стручно) мислење од некој кој се разбира: пред некој ден менував (кај мајстор) пакни на диск кочници и на првото возење од задно тркало (ѕвезда) се слуша некое чудно чкрипење. Како ланецот да закача; како да не е во брзина како треба (а е-менува убаво).

Ви благодарам за помошта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom