Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
scott aspect 30 возам

Споредено со Polar-от, освен рамката, деловите горе-доле слични се, незначителна разлика, за нијанса подобри. Како и да е и двата вршат работа. :)
 
Шарени јадици не фаќаат сами риби.
Битно е да се има желба, кој колку што има можност нека инвестира. Солиден велосипед за секакви терени е колку што се годишните примање во Македонија во одредени гранки на индустријата.

Инаку залегнав последнава недела, денес си викам ќе излезам да се раздвижам.
 
За поларот измислен.... :)

Како што пишав погоре, освен рамката, деловите се тука некаде, некои за нијанса подобри. Кога има SR Suntour делови и Tektro кочници не е ништо посебно за да се паѓа во несвест. :)
 
Убави споредби се кој колку извозел, има луѓе со по неколку илјади евра точаци па дома им дремат. Кејфот е најбитен, со мерак да возиш, битно да се тркала точакот :)
Не можат сите да си дозволат задна класа на менувачи, шалтери чуда...
Многу пати на Водно месецов видов постари луѓе со стари точаци, што немаат деоре и слична гарнитура па секој ден се качуваа до средно, битно се тркала, се рекреираат, вложуваат во себе.
 
Убави споредби се кој колку извозел, има луѓе со по неколку илјади евра точаци па дома им дремат. Кејфот е најбитен, со мерак да возиш, битно да се тркала точакот :)
Не можат сите да си дозволат задна класа на менувачи, шалтери чуда...
Многу пати на Водно месецов видов постари луѓе со стари точаци, што немаат деоре и слична гарнитура па секој ден се качуваа до средно, битно се тркала, се рекреираат, вложуваат во себе.

Многу точно, заборави и на тие што возат/паркираат велосипеди на кеј само заради курчење т.е. да покажат што поседуваат. Ехеее има еден куп такви. :)
 
@.Sky. Вака се прави тоа :D :D :D Шарски Води 2013 :D

1014446_214414345379323_77919217_n.jpg

Е не ми текна :pos: а и гледав да не паднам пошто бев застанат на карпа :icon_mrgr:
 
Не знам за вас, ама мене нешто во последно време ептен ми се кул оние ретро или старински шо ги викаме. Порано ги мрзев, ама сега сменив мислење. BTW како се викаа тие што имаа една голема рачка за кочење и каде да барам таков?
BSRnh5KCQAAs0Aw.jpg
 
Дали знае некој во Скопјево што менува уље на hayes кочници т.е да има уље и да ги смени
 
Дефинитивно, собирам за нешто вакво. :3 http://mk.bigshotbikes.me
22626_10151277558125071_649930867_n.jpg
http://mk.bigshotbikes.me/faq/ пазете и ова:
Не е контра!

Со вртење на педалите во обратен правец, велосипедот иде наназад – можно е да се вози наназад:
- Со седење во седиштето и одржување на рамнотежа додека педалите се вртат наназад
- Со седење на управувачот додека педалите се вртат стандардно (нанапред)
FixGearFreeWheel-small.jpg


Дефинитивно се заљубив! :love:
 
Добро ова вистина е или утнале ден на шегата :eek:
Што со радар ќе ме мери колку возам ?


ВЕЛОСИПЕДИСТИ: Возете по пропис или бројте си ги еврата

Тоа што сообраќајната инфраструктура во градот има многу пропусти не ги спречува полицајците да изрекуваат казни

Сезоната за возење велосипед истовремено е и сезона за казнувањевелосипедисти. Според Лиза Бендевска, портпарол на скопската полиција, од март наваму казни од 25 евра се изрекуваат во просек на по десетина велосипедисти месечно.
Оваа глоба, според Законот за безбедност во сообраќајот, полицаец може да ја изрече ако на дело фати велосипедист кој ги прекршува правилата во сообраќајот. Правилата ги прекршувате ако постои обележана велосипедска патека, а вие не се движите по неа, без разлика на тоа колку и да изгледанелогично на некои места во Скопје. Според Законот, ако не постои патека, велосипедистите треба да се движат колку што е можно поблиску до десниот раб на коловозот. Ако се двајца или повеќе возачи, треба да возат во група еден по друг.
Казна ќе добиете и ако пред полицаец некако успеете на велосипед да развиете брзина над 25 километри на час. Деца до 14-годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица. Ако, пак, се превезуваат предмети пошироки од еден метар или животни, носете си околу 900 денари или 15 евра, бидејќи толкава е казната.
Интересно е што додека во западните земји, особено во Холандија, родителите масовно ги превезуваат децата на училиште во специјални приколки, тоа кај нас е забрането. Според Законот, „на приколка што ја влече или потиснува велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, како и во товарен сандак на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл и лесен четирицикл и четирицикл, не смеат да се превезуваат лица“. Казната за ова е 35 евра.

http://novini.mk/read/295230/velosipedisti-vozete-po-propis-ili-brojte-si-gi-evrata
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom