Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Може да ми дадеш линк од каде може да се симне таа апликација да видам за кои мобилни може валјда пишува тоа :)
GPS или Global positioning system не е апликација туку систем кој комуницира со сателит и го одредува местот кај си со која брзина се движиш на која надморска височина си. И доколку го нема во телефонот ништо од бизнисот.
 
Ај помош малце слушнав дека имало мапи за на мобилен т.е додека возиш точак самата апликација ( или што е и да е ):D си ја зачувава турата која си ја извозел е сега работата е што сакам денеска да купам мобилен alcatel ot 807 и дали таа апликација може да се симне и дали овој мобилен alcatel ot 807 ќе ја подржува и колку интернет троши таа апликација :)? и од каде може да ја симнам

Мобилниов што сакаш да го земаш нема GPS:
http://www.gsmarena.com/alcatel_ot_807-3824.php

yrdbS.png

инаку јас ја користам оваа апликација SportyPal:
http://sportypal.com/Download

од Македонец е креирана и според мене е супер

еве овде тури од луѓете што ја користат:
http://sportypal.com/Community
 
АКЦИЈА!!! НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!
Од 20 октомври до 20 ноември сите што ќе донесат велосипед за реставрација добиваат 20% ПОПУСТ!!!577044_349250345163029_1876578138_n.jpg
 
Денеска одлични 35 километри.Уживанција максимална,целосно сум задоволен од новиот велосипед.
 
Денеска одлични 35 километри.Уживанција максимална,целосно сум задоволен од новиот велосипед.

Знам дека го има негде по страниве, ама ако не те мрзи дај постави слика да видиме што точак е :)
 
Зимскиов период ќе има намалувања некои?Сакам да сменам надворешни гуми па би било супер ако фатам нешто на попуст.
 
На потрошна роба од типот на ланци, запчаници, надворешни гуми, внатрешни гуми...нема да добиеш некој голем попуст...да речеме 10%. Не се исплати да возиш со стари истрошени доколку чекаш попусти. Плус и изборот би ти се намалил кога е завршена сезоната

BTW кога сме кај твојот велосипед...кој ти го продаде вака голем. Колчето за седиште ти е едвај извадено.
 
Тогаш не ми беше наместено ама ни сега не е многу високо.Сакам да возам на пониско седиште по удолници,а ме мрзи цело време да го местам.Големината на рамот е L (21 инч),а јас сум висок околу 178-180cm.
 
Дефинитвно со твојата височина од 178 не си за 21 инчен рам. Таа големина е за луѓе со рацт од 188цм нагоре. За тебе треба 18 или 19 инчи во зависност од должината на рамот. Но што е тука е
 
Тогаш не ми беше наместено ама ни сега не е многу високо.Сакам да возам на пониско седиште по удолници,а ме мрзи цело време да го местам.Големината на рамот е L (21 инч),а јас сум висок околу 178-180cm.
Јас сум 177 и возам 17.5 Рам, инаку најидеално за мојата висина би било 18, само лично сакав малку понизок рам. Би требало и ти да бидеш тука некаде со твојата висина.
Веќе си го купил и нема што да се дискутира сега, најверојатно тебе ти си допаднало возењето кога си го пробувал и се останато е ирелевантно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom