Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Јас нема ден да помине да не возам велосипед. Многу ми е потребен во секојдневниот живот. Секаде кога треба да се испазари или нешто друго со него одма ке средам работа. А исто така и рекреативно си возам.
 
Денес бев до Водно :) Над 45км ми се фатија денес... Од крст до школото,окулу 22 минути :)
--- надополнето: Jun 29, 2011 10:59 PM ---
Иначе еве го моето точаче,кое многу си го сакам <3
Деновиве ќе посети сервис,има доста за поправање на него :) Ама штом се качи и симна од Водно без проблем,ќе тера :)
29062011006a.jpg
 
Е ај да се пофалам и јас еве го мојот точак:
sco.jpg
Го имам веќе 3 години и сум прездоволен од него му имам само мењано предно апаратче DEORE тоа беше моја желба не дека му фалеше нешо на старото иначе точаков го возиме 4 души му ја имаме извадено маста се вози секој ден и се поминува околу 60 км на ден. не го возиме само кога има снег.
 
Е ај да се пофалам и јас еве го мојот точак:
Прегледај го приврзокот 32252
Го имам веќе 3 години и сум прездоволен од него му имам само мењано предно апаратче DEORE тоа беше моја желба не дека му фалеше нешо на старото иначе точаков го возиме 4 души му ја имаме извадено маста се вози секој ден и се поминува околу 60 км на ден. не го возиме само кога има снег.
Аман бе човек по 60 км на ден !!! Каде шеташ толко многу?
 
Те гледам сограѓанин, вчера ние 6 села, до Банско по новиот пат, враќање по стариот. 14 и 15тина километри, докај 30 излегува. Е сега треба 2 пати за 60км и тоа секој ден. Не стои реално.

Едит: 4ца го возиле.
 
Пред 2-3 недели и јас го испробах новио пат Струмица - Банско.. точно има негде околу 30 севкупно. Пато е одличен за возене, нема ного сообраќај ама затава па змија до змија... уште ми стоо клипо во тел што ја снимав змијата шо преминуваше од една страна на пато на друга. Бех и на Турија пред 2 нед. там па пато е запеза... ќе те заболе г... :)
 
Jaс па лисица видех, ама ни една змија. :) Следните денови планираме у друга насока, после Василево и нагоре, без цел, по време ќе се ориентираме. Дави предлог, одамна те имам читано оти возаш редовно. :)
 
На ного места имам прошетано. Незнам дали си бил на браната Водоча ама не по главнио пат туку откај с. Баница па с. Водоча. Пато нагоре е песок.. планина и неможаш нон стоп да го возаш ќе мора во некои моменти и да го буташ... ама затава па ка ќе се враќате само кочниците ќе ти работат... ненормално ного убаво чуство... ка ќе слегнаш доле во селото ќе мислаш оти за 1 мин си слегнал доле од шо ќе ти биде убаво. Јас имам 2 пати одано од тава место и + имам пешки пешачено од там. Треба да се има ного кондиција. Не ти препорачувам да одаш ка е ного жешко.. тие денови сега е одлично за одене. Ја една слика од тава место, пред да почнат да работат кочниците :)
37657_102622783125804_100001342482031_17178_3558531_n.jpg
 
Дали некој знае каде можам да најдам плочки за дискови за велосипед ???
 
Те гледам сограѓанин, вчера ние 6 села, до Банско по новиот пат, враќање по стариот. 14 и 15тина километри, докај 30 излегува. Е сега треба 2 пати за 60км и тоа секој ден. Не стои реално.

Едит: 4ца го возиле.
Ако си од скопје сигурно знаеш колку километри има од ченто до ѓорче и назад таа релација се вози скоро секој ден и плус секоја вечер шо го возат по кеј од аеродром до влае, и до аеродром треба некако да се стигне нели, а од ченто до аеродром има 5 км
 
порано многу повеќе користев велосипед(не бев слезен од него можи да се речи),мојот прв велосипед беше Пони со банана седло без контра со две рачни кочници,единствено мана му беше што немаше брзини за менување,ама затоа нозете камен ми беа.....имам 18брзинец Север веќе 13-14 години и одлично ја брка својата работа,но за толку време користење веќе се излупи целиот,но нема да го менувам во скоро време
 
Ако си од скопје сигурно знаеш колку километри има од ченто до ѓорче и назад таа релација се вози скоро секој ден и плус секоја вечер шо го возат по кеј од аеродром до влае, и до аеродром треба некако да се стигне нели, а од ченто до аеродром има 5 км
Јас речиси секој ден релација - Карпош 3 - Капиштец - Центар - Дебар Маало - Карпош 3 (по партизанска) - Скејт Парк - Центар - Карпош 3 :) околу 40 фаќа
 
Ај едно почетничко прашање, како да ја извадам ѕвездата? Значи лупај, лупај на тоа најверојатно што се одштрафува каде што моеш да бутнеш штрафцигер и никако да излезе...
Некој
совет?
 
удри појако :) и увери се дека вртиш на правилната страна

тоа е единствен начин мислам,ја така ја вадев... ама пази,има многу мали и ситни лагерчиња/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom