Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
:) а ако не е од 500 евра, да кажеме дека е 500 евра, а јас сум го земал 370 евра?
Вози го немат гајле само обрни внимание на ситници.
Најпрво гледај да е исчистен и редовно подмачкан синџирот за да не ти ојт фира заедно со пренос или касета.
Многу важно е вадење на педалите и подмачквење со литиумска маст, колчето од седлото и лежиштето чистење и исто подмачкување, подмачкување на хедсетот и подмачвење на средна осовина (доколку е потребно). Мојш да си клајш доколку ти дозволува џебот (буџетот) и уш некое калниче саглам и терај.
 
Здраво на сите,нов сум на форумов и во последно време читав за купување половен велосипед од Србија,па летоска решив да си ја пробам среќата и најдов еден на циклоберза Scott Genius 50 ,отидов во Чуприја,бидејќи таму се наоѓаше велосипедот го видов и се договорив со продавачот за цена и го купив,според мене извадив супер цена.Си го ставив точакот на багажник и без никаков проблем и без царина си го внесов во Македонија,на царина никој ништо не ме праша.По еден месец отидов пак и купив уште два други велосипеда и пак си ги внесов без проблем.Пред две недели отидовме со еден пријател да купиме велосипед за него и исто немавме никаква мака за влез во државава.Сакам да кажам дека и царинициве гледаат дека тоа се стари велосипеди паа не прават проблем.Во денешно време имаме мобилни телефони,таблети и што уште не што вреди многу пари и кога ги внесуваме и изнесуваме од државава не ни прават никакви проблеми.Мое мислење е дека во Србија може да се најде супер велосипед само треба многу да се пази знаат да прават дубари.На слики го гледаш во супер состојба,идеш таму гледаш КРШ.Треба детално да се прегледа велосипедот при купување бидејќи може да има скриени пробленми кој после многу чинат за да се суредат.
 
ТНекој совет за точаче на ново/старо до 300 евреи?
 
ТНекој совет за точаче на ново/старо до 300 евреи?
имаш убава понуда од цлен погоре на темава разлистај 4-5 страни назад, ако е уште во мкд и не го продал ти е минимално над буџетот. Јас би го земал ама ептен во лош период ме погоди.
 
drag-от ќе ми остане во сеќавање или за наредна прилика, се одлучив за овој. мислам дека ќе врши работа!
 

Attachments

  • get_thumbnail.jpg
    get_thumbnail.jpg
    51,3 KB · Прегледи: 40
барам совет за добар бидон, во смисла на здрава пластика, што не умирисува итн, а со бидонот и држач!
впрочем нешто многу се успавте, падна магла и никаде ве нема на темава, а јас се намачив од прва до последна страна ја прочитав темава!
 
барам совет за добар бидон, во смисла на здрава пластика, што не умирисува итн, а со бидонот и држач!
впрочем нешто многу се успавте, падна магла и никаде ве нема на темава, а јас се намачив од прва до последна страна ја прочитав темава!
Sigg шишиња https://sigg.com/?PageSpeed=noscript и Specialized држачи од http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=bddacee7-626c-4193-9296-1f81eb991a90
 
Што точак би препорачале до 250/300 евра? Ми треба некој универзалец за по град и можда некои така релации до 20-30 км.
 
барам совет за добар бидон, во смисла на здрава пластика, што не умирисува итн, а со бидонот и држач!
впрочем нешто многу се успавте, падна магла и никаде ве нема на темава, а јас се намачив од прва до последна страна ја прочитав темава!
Елит Италија. Проверено, веќе долги години корисник на шишиња и држачи.
 
Трета опција е Camelbak бидони, ги има во Outdoor на улица Македонија, карши Мекиците од Стража. Мислам дека 600 денари беше бидон од 750 мл.
 
Camelback, ги има кај нас во outdoor и во бајкстоп, многу им е практичен вентилот што го имаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom