Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
lol ми ја препорача другар и му реков батали глеам банши :D
 
Звучи примамливо, ќе ја ѕирнам јас.

Него кога сме кај трилер, еден тинејџерски пилот, умот ми го зеде. Цела недела чекав втора епизода, за на крај првата да била ликната, од Јуни навондо почнувала. 10тина денови ми е во глава и си правам разни филмови и сценарија и можни исходи. А инаку ептен ефтина серија, тинејџ како што реков. Се вика Twisted. Не ја барајте на IMDb, ретардираниве спојлери пишаат како опис. :tapp:
 
Bates Motel некој има гледано? Како ве бендисува?
 
Bates Motel некој има гледано? Како ве бендисува?
Првата епизода ми се бендиса, убава атмосфера ми имаше некако, плус и Вера Фармига и типот кој го глуми Норман глумат страшно добро. Не сум многу голем љубител на приквелите, особено кога станува збор за култни филмови како Психо, ама ќе и` дадам шанса. Единствено што ми штрчи е што дејството е сместено во денешно време.

Втората не сум ја гледал уште, планирана ми е за денес.
--- надополнето: 27 март 2013 во 17:27 ---
Звучи примамливо, ќе ја ѕирнам јас.

Него кога сме кај трилер, еден тинејџерски пилот, умот ми го зеде. Цела недела чекав втора епизода, за на крај првата да била ликната, од Јуни навондо почнувала. 10тина денови ми е во глава и си правам разни филмови и сценарија и можни исходи. А инаку ептен ефтина серија, тинејџ како што реков. Се вика Twisted. Не ја барајте на IMDb, ретардираниве спојлери пишаат како опис. :tapp:
Ова ме потсеќа на времето кога ја загледав Pretty Little Liars. Тинејџ-мистерија. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
И после се префрли на тинејџ-романтики и драми ака Gossip girl :D
Не се согласувам. GG беше страшно мистична серија. Мајнд фак уште од прва сезона, поради мистеријата „зошто Серена го напушти Њу Јорк?“. :D
 
Не се согласувам. GG беше страшно мистична серија. Мајнд фак уште од прва сезона, поради мистеријата „зошто Серена го напушти Њу Јорк?“. :D

И на крај беше разрешена најголемата мистерија во светот на сериите, која беше gossip girl. :D
 
За сите серии кои ги спомнавте на минативе 5 страни... прв пат слушам. :cenzura:
 
Бел бумбар и од мене засега за Bates, останува да видиме. :)
 
Не е спојлер ова бе? На форумов очигледно има и тинејџерки што гледаат ГГ и ја читаат темава :D
Еве бе. Сега може цитатот да го избришеш од кај тебе и се` ќе биде во ред. :D
 
Ќе си го зачува Pluh цитатот, ќе му се најди во иднина. :D
 
Што ти значи Плух да ти замери нешто, си викаш подобро да се корегирам да не случајно ми стигаат приватни пораки со спојлери во иднина :pos:.
Инаку аргумент кој може некој да го искористи против Плух кога обвинува за Госип Грл и други серии, потсетете го дека тој гледа HIMYM... после се прави нешто мокјументарис ова она нетипичен хумор а у. :D
 
Bates Motel некој има гледано? Како ве бендисува?
Моментално сум на пола епизода и 3-4 пати идам алт таб па ти види...
Не ми се допаѓа, чудна е, 2-3 дијалози до сеа исфорсирани/нелогични... кадри чудни, чудна глума и од малиот и од вера фармига (не знам што и се десило на оваа, у орфан немав никаков проблем со нејзе). Prequel за карактерот на Norman Bates од Psycho ваљда е ама... тапа некако.
Чудно ми глумат чудни :D

Еј аман бе на wot и на VLJ им се допаднала. wtf?!

И сеа пошо заврши вака ме заинтересира -_-

Аха, ок, ја скролнав втората епизода. Ја прекинувам. Само пингајте ме кога ќе се деси инцестот.
 
Се согласувам дека е доста конфузна, но и понатаму ме тера да ја гледам ќе видиме како ќе се одвива. Засега ми изгледа доста аматерски, и глупи дијалози, клише... но сепак нешто не ми дава да ја испуштам од раце засега. Вера Фармига е царица... :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom