Општи дискусии за македонските тв канали

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали гледате македонски тв канали ?


  • Вкупно гласачи
    105
Туф туф туф немало кој да ги гласа македонските пејачи. За жалење биле. Па кој ги тераше толкав пат да поминат за да отпеат неколку песни. Се знае нивните родители за да може потоа да се фалат колку добри деца направиле. А во што се добри нивните деца? -Во пеење. Голема работа.
Па дури и се жалат што Шител не ја пренесувала и таа идиотска емисија.


Солзи во Белград: Македонските деца ги откачија од Пинкови ѕвездички, нема кој да ги гласа
Пред неколку дена македонските пертставнички Драгана Јовановска и Мина Блажев го завршија учеството во Пинкови ѕвездички, откако заврши натпреварот со жири и сега се префрла на гласање од публика

Иако за нив двете секогаш имаше само пофални зборови, сепак, пред неколку дена е одржа специјалот, каде беа одбрани топ 20 деца од цел Балкан, меѓу кои не се нашите претставички. После овој специјал за пласманот на децата ќе одлучува публиката. Но, нашите нема кој да ги гласа, бидејки ова популарно шоу кај нас не се емитува. Затоа најлесно беше да не продолжат понатаму, бидејки не е до таленото, туку телевизијата нема ќар од нив.

линк: http://www.vest.com.mk/ns-newsartic...d-pinkovi-zvezdicki-nema-koj-da-gi-glasa.nspx
 
Знае ли некој како е каналот МРТ 5, во форма на Х-ХХ (пр. Канал 5 е C-27)? Ги поминав сите канали на пребарување, тој го нема. Отварам на страницата на Телекабел вели дека МРТ 5 е достапен.

П.С. Ваљда тука му е местото на прашањево¿
 
Немаме посебна тема за Наша тв па тука ќе ги пофалам. Програма која за жал можеби не поминува толку кај македонските тв гледачи ама е посебна за разлика од другите телевизии.
Толку македонска содржина во еден тв канал кој вреди да се гледа. Македонски филмови, театарски претстави, македонски документарни филмови, концерти со класична музика, концерти со македонска музика и друго...

Еве моментално додека пишувам заврши краткиот македонски македонскиот документарен Птиците доаѓаат режија на Бранко Гапо а сценарио на Славко Јаневски.
Во неделата ја даваа театарската претстава на Драмски театар Еригон Режија на Јани Бојаџи.

Имаат и странски документарни филмови.
 
Здраво
Барам серијал од неколку епизоди со македонски иноватори од пред 5 до 15 години. Имам 2 епизоди гледано на кратко едната беше со човек што измислил или патентирал филтер за вода, другата епизода беше со конструктор кој имаше збирка машини низ дворот меѓу кои и амфибиско возило (ако не грешам не сум сигурен).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom