Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
CK3 e takvo razocaruvanje i downgrade od CK2.
Sreka so ne ja kupiv.
Ја завршив Death Stranding на ПС4 ПРО минатата недела, еве пар реченици за неа.
Главниот проблем на играта е што пробува да биде многу работи истовремено. Од тука потекнува и проблемот со лошиот маркетинг пред да излезе, односно незнаеја како да ја дефинираат и презентираат играта на купувачите, дали е хорор, дали е карго симулатор, дали е шутер, дали е стелт, итн.
Кога излезе приказната дека Конами за време на креирањето на Metal Gear Solid V пробувале да го усмерат, калибрираат "мастермајндот" Хидео Коџима, партали ги направија, незнам угнетен бил, му го ускратувале талентот, сакаат да го уништат, а он уствари доста знаел да залута со своите идеи, башка ги довел и до банкрот. Без такво "насочување" ја правеше Death Stranding и направи полоша игра од Metal Gear Solid V, што е доста трагично е дека на таква креативност и визионерство он уствари портнал 50% од MGSV во DS. Е тука барем не се потпишува после секоја успешно испорачана пратка како што правеше пред секоја нова мисија во MGSV.
Hands down, човекот може најјака помпа да створи за игра, или бар така гледаат на тоа неговите фанови. DS изобилува со познати ликови, режисери и актери вметнати во играта, Гиљермо дел Торо, Матс Микелсен, Леа Сејду, Маргарет Куали,... и секако Трој Бејкер.
Приказната е просечна, "subvert expectations" е една од главните алатки за креирање интересна приказна во било што (книга, филм, игра), тука мајсторот има subvert expectations не на квадрат, не на трета, туку на стота, незнаеш кај тера, се познава расеаност, без права идеја и без права насока, впрочем и самиот незнаеше како да ја претстави и дефинира играта.
Музиката е солидна, креираниот свет исто така но баш во момент кога ќе се внесеш, фокусираш и ќе почне песна да свири додека одиш од точка А до точка Б при тоа внимавајќи на теренот и уживајќи во околината, на сцена стапуват BT (натприродни битија (гњаватори)) и мулињата односно луѓе кои крадат пратки и кои се исто така непријателски настроени кон тебе. Значи ваквите непријатели во играта да биле ставени малку понастрана, играта полесно би се дефинирала и повеќе би се уживало во неа.
Би им се допаднала на оние кои уживаат во сим игри, на другите баш и не би им ја препорачал.
Оригиналите се за нигде. Како поинт и клик се. Многу спори, многу иритирачки, многу напињачки. Преголем акцент на загатки(главен проблем со 2ката римејк).Колку различно размислуваме за серијалот, 4-ката никогаш не би ми била на прво место, тоа е првиот Resident Evil кој ја напушти класичната и според мене најдобра формула. Re2make е подобар од Re3make, иако се сложувам дека неосновано е критикувана, забавна не предолга динамична и забавна игра, посебно ако се игра на hardcore и nightmare, и пак си грешка, Саша е срцка, ептен симпатична Џил е.
1.Re2- оригиналот, 2. R1 Remake, 3.Re2make 4.Re3 5.Re3make. Тоа би биле моите топ 5.