Ајде кажи ми како е возможно 10 души да одлучуваат да се создаде македонска армија? Нели сме ние 150 души? Нели треба прво да има гласање? Вие одма се залетавте, а не размислувате за последиците. Зошто да слушам неколку деца кои решиле дека е добро да бидам член во руската македонска фаланга? Зошто да бидам вазал и да слушам што тие ќе ни кажа? Каква е таа македонска војска што слуша други? Колку што знам самата држава еСрбија не не признава како еМакедонија. Има многу срби кои се дел од српската војска кој се глупираат и викаат вето, фиром ова она, разгледај малце па пишувај! Другар за помалку од месец дена може да се најдат јаки сојузници ама кои не ебава нас.
Имаше предлози за ТО ама нормално имаше и кодоши и ништо од планот. Незнам дали уште одите на тоа форумот и пишувате важни работи. Од таму сите дознаа за планот, дознаа кои сме и што сме и кои се наши фирми. По грчки весници пишуваше кои се македонски компании во грција за да не бојкотираат. Предлог не давам затоа што гледам само една мала група тука се прави алфа и омега и одлучува за сите Македонци. Како може една мала група да одлучува за ова, за сите други работи имаше гласање, а за ова рекла казала одма завршивте работа.
Ако пристапиш во руска армија ти го губиш правото да одиш каде сакаш и кога сакаш, правото на глас и други работи, правото да работиш во која фирма сакаш итн. Инаку можеш да ми објасниш која армија да ја сметам за официјална мак. армија? Колку што гледам ниедна држава нема армија која се вика официјална армија, имаат приватни армии и оние кои се создадени од државата.