А
Ајсшутер
Гостин
Дечки, мешате поими
Ова воопшто нема допирни точки со пазарот на пари (Monetary Market во играта), туку е берза за организации од eRepublik. Со продавање на акции од нивната организација сопствениците губат дел од уделот во истата, а за возврат добиваат кеш кој може да го искористат како сакаат (може да купат нова компанија, да инвестираат во веќе постоечките, да ги сјебат на wellness packs..), со тоа што се должни да одредат ден за исплаќање на дивиденда (Х% од профитот до тој ден) на сопствениците на акциите.
Вредноста на акциите на одредена организација/групација зависи од постапките на тој што управува со неа (проширување на деловната империја, инвестиции, затворање фирми, губење пари..) и од постапките на шпекулантите (кои ако се успешни можат да ја "штелуваат" цената во нивна корист).
Има и милион други ситници (stock split, audit итн), ама главно оваа берза функционира како и вистинските берзи, па ако некој сака да ризикува пожелно е да прочита како се работи![]()
Ај веднаш да прашам, кога ќе можеш одговори.
1. Каде ги даваш парите за купените акции.
2. Колку чини акцијата и колку максимум акции може да има фирмата/организацијата.
3. Што на пример ако купам 40 акции по цена од 1 злато, и моменталната вредност на организацијата е 1400 злато а таа цена рипне до 1600 да речеме ?
4. Што ако сопственикот на организацијата не исплати тој ден XX мојата заработка ?
И ова штелување ништо не те разбрав ако имаш време одговори.