Bertone
Автомобилски Дизајнерски Гуру
- Член од
- 1 октомври 2007
- Мислења
- 808
- Поени од реакции
- 6
- Возраст
- 39
Не сакам да бидам сфатен погрешно, но мислам дека народите на Балканот се(сме) премногу окупирани со историски случувања што се одиграле многу многу пред ние да се родиме, секоја држава со сопствено гледање на историјата. Сите сме со исперен мозок, од оние што сакаа да поентираат политички менувајки ја историјата.
Сето тоа е на правено за сега ...да бидиме Буре Барут во Европа, сеуште не сфаќајки ја пораката дека историјата на Балаканот е неконзистентна, дека таа треба да биди само предмет на историско истражување на вистината, а не и политички,етнички и основен меѓучовечки однос.
Мое мислење (а се надевам дека и повеќе од вас, како и Бугарите што ги читаат постовите на Кајгана) е дека треба да се надминат таквите историски небулози, во интерес на подобро утре, во интерес на соживот, во интерес на среќно детство на нашите деца. Оставете ги историските гревови на нашите предци и да ја креираме нашата иднина. Можеби звучам како евтин политички гласноговорник, но тоа е тоа, единствениот излез од оваа Балканска Турлитава, е тоа. Надминувањето на самите нас...сите...Македонци, Бугари,Срби,Грци,Албанци,Босанци,Хрвати,Словенци,Романци...сите...
Да се ослободиме од територијални претензии, бидејки иднината не е фокусирана на нив. Иднината нема да познава граници, меѓи, нешто што веќе се случува во Европа, нешто за што Шуман и останатите истомисленици кај нас на Балканов ќе ги прогласеа за политички па и историски утописти, но сепак на запад, таквите мисли и размисли се примија на широко, меѓу масите, поучени од двете светски војни, дека алчноста за територија ги довело до никаде.
Се надевам дека сепак ова ќе допре до сите и нема да биди предмет за повторни клевети.
Поздрав