Со оцената дека поради спорот за името годинава нема да добиеме датум за преговори со ЕУ, премиерот Никола Груевски го прикрива и го оправдува застојот на реформите. Ова е мислењето на експертите по песимистичката процена на Груевски дека блокадите од Грција се клучната причина поради која најверојатно во ноември нема да добиеме датум за преговори со ЕУ. Според Груевски, оваа причина за неотпочнување преговори од ЕУ може да не биде кажана отворено, туку Унијата да ја скрие во друга обланда, како на пример дека изборите биле проблематични.
Професор Димитар Мирчев:
- Останаа неусвоени дел од европските закони за кои ЕУ бара сериозна собраниска расправа, доцни целиот комплекс во правосудството, треба да се довршат реформите во областа на внатрешните работи и во економијата.
Поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле:
- Никој не не тера со сила да влеземе во ЕУ, сами бараме и затоа мора да работиме на општите параметри каде што заостануваме и паѓаме, т.е. на политичкиот дијалог, изборните нерегуларности и функционирањето на демократските институции. Тоа јасно од нас го побара еврокомесарот Оли Рен, а најверојатно ќе влезе и во извештајот што го подготвува Унијата.
Професорот од Штуловиот универзитет, Имер Исмаили:
- Во меѓународната дипломатија не можат со чекан да те удрат по глава туку само да ти сугерираат. Изборите се најлошото нешто што ни се случи и очигледно не сме на патот каде што ЕУ сака да не види.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски:
- Македонија независно од името не ги исполни осумте бенчмаркови зададени од Европската Унија. Спорот со името е изразна форма на оправдување за сите слабости. Немаше регуларни избори што е прв услов од Копенхаген и една од трите работи што најсвежо ги истакна еврокомесарот Рен.
Аналитичарот Владимир Мицев од Институтот за демократија:
- Изненаден сум од пораката на Груевски граѓаните да не се плашат да живеат во изолирана држава. Изолацијата е крајно неповолно сценарио за Македонија. Очекувањата на граѓаните се сосема поинакви: да се интегрираме во ЕУ и во НАТО, меѓутоа не препознав во говорот на премиерот енергија за такво нешто. Напротив, тој како многу реална ја потенцира можноста за изолација. Изненаден сум и од неговиот агресивен настап“.
Политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил:
- ВМРО-ДПМНЕ ја направи прославата за Денот на независноста во согласност со својата политика на вмровизација на државата. Премиерот уште еднаш го искористи своето главно, основно орудие - националистичка реторика. Неговиот говор беше дел од таа националистичка помија. Човек без демократски капацитетите не може да повикува на национално обединување.
Потпретседателот на Собранието, социјалдемократот Јани Макрадули:
- Се покажа вистинското лице на Груевски, кој на сите граѓани ни соопшти дека Македонија не може да се надева на подобра иднина, како земја-членка на НАТО и на ЕУ. Премиерот повика на самоизолација, а таков говор нашите соседи во Србија слушаа пред 15 години. Страшно е да се слушне тоа од устата на еден премиер.
Координаторот на пратеничката група на ЛДП, Андреј Жерновски:
- Премиерот го злоупотреби националниот празник за промоција на своите лични политики. Слушнавме говор што е бледа копија на настапите на Милошевиќ, со познатите тези дека можеме сами и изолирани од светот. Се разбира, со задолжителното поттикнување на националистички чувства.
Гордана Дувњак, новинар:
Груевски еуфорично повика на сеопшто обединување. Како да сакаше да ни порача да ги баталиме НАТО и ЕУ. Со цврсто стегната тупаница и енергичен настап, Груевски сакаше да се прикаже како решителен и непопустлив човек. Единствен вистински патриот, кој води грижа за националните и државни интереси. Но, наместо тоа, остави впечаток на уплашен човек, кој не сака да ја преземе одговорноста за иднината на земјата. Затоа толку очајнички бараше сојузници, кои ќе му дадат поддршка во избирањето поинаков пат. Макар тој и да води кон изолација.
Жарко Трајаноски, новинар:
- Прва година помина, Македонија кандидат остана. Втора година помина, визи не ни укинаа. Еве, и трета година помина, а преговори не отпочнаа. Зошто ли, зошто остана, Македонија неинтегрирана? Зар влезот наш в ЕУ е сал пуста желба народна? Да не се залажуваме. Нит Грци ни се виновни нит евроскептици. Остануваме неинтегрирани заради евронаглувите. Македонија не е жртва на евроскептицизмот, туку на евронаглувизмот! Пораките од ЕУ никако да стигнат до нашите уши. Во ретки случаи, ако влезат во едното уво, набргу излегуваат од другото.
[acko]®;1652815 напиша:
а што е најтрагично немаше ниеден нивни преставник на собирот. тоа самото кажува колку се македонци. на ден на независноста да не се ни појават!
Pa shto bara SDSM na drzhaven praznik koj go ispartizira so govorot Gruevski.Mesto da zboruva za osamostojuvanjeto toj ni zbori za Grcija i problemot so Grcija koj shto zaradi toa e izbran od narodot a ne da ni vodi miting na drzhaven praznik.