Опивање (Сакам да се напијам)

  • Креатор на темата Креатор на темата Катја
  • Време на започнување Време на започнување
Nikad do sea ne sum se opila nitu planiram nekad da se opijam.
 
Епа последно најлошо...ама онака нааааајлошо пијанство ..за Нова Година :S
no comment
си ветив дека нема уште еднаш нема да има такво пијанство.
 
Опивање - практикувам.
Па и не е толку лошо бе, ако пиеш од ќеф е супер, ако пиеш од мука, поарно не ни пиј, оти ем од помалце ќе те фате, ем па ќе си имаш мука.
Измена: Опивање - не практикувам. Останатото е добро.
Шо убаво е кога си пивнат од ќеф...
Глуп сум...
Шала на страна убаво е кога си пијан, јас бев до сега кај еден многу добар пријател и сум таман. Додуша па и не сум таман , ама јаде се. Иначе растур праам у пикадо кога сум пијан или барем потпивнат!
И пак сум глуп...

Веќе 5 месеци се немам опиено. Сега си ставив мерка, до три. Дали ќе се три чаши шприцер, три чаши бело или црно вино, три вотки, три коњака, три ракии, од три повеќе не се, а се поминува и со една. И подобро ми е.

П.С. Со алкохол не се решаваат проблемите, само повеќе ќе ти се наталожат...
 
Си пијам онака за душа шо се вели.....
Инаку на човечкиот организам му годат одредени количини на алкохол

Пр: 1 чаша црно вино дневно

и наутро 1 чашка Узо - пред појадок....ова не го практикувам додуша, али од шо гледам постариве изгледа некој иљач ке е :vozbud:
:toe:
 
зосто денес пубертетлиите пијат лецат комплекси
 
Пијам доволно со друштво и гледам да не претерувам.
Инаку кога сакам да импресионирам некого можам што било жестоко да испијам на екс, тоа е така затоа што јадам многу луто, и немам гајле освен ако не претерам со чашите. Инаку две три на екс не се никаков проблем.
 
не сум се опил 2-3 месеци а на нова година бев............
 
Од Нова година неам стаено капка алкохол во мене... Секогаш ко ќе ми се припие се потсетувам на она што можам да се присетам од Новата ми година и ми се отпива...
е сеа летово... мислам дека нема да пропуштам по некоја кригла... али само по една... голема...
 
Мала сум за да коментирам на оваа тема ... но сепак ке си го кажам моето мислење :)

Значи ... не сум нешто многу против алкохолот но сепак немам навика или некоја посебна желба да го применувам ..

Да се напиеш еднаш у месец-два и тоа затоа што си онака порасположен ај сваќам некако ...
но заради тоа што сакаш да побегнеш од проблемите ... па и не го сваќам баш ..

досега немам нешто пиено многу ... но знам дека и во идина ке биде така .. и знам дека ке внимавам што правам со себе, посебно ако сум во некоја алкохолизирана состојба :pipi:
 
Неам никогаш пиено у животов и нема ни да пијам.
 
Јас пред една недела се опуштив ептен и не да бев пијан бев здробан...Утредента кога станав сеуште ми се вртеше собата..Едвај сум се оправил..Опивањето е многу лоша работа..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom