Опивање (Сакам да се напијам)

  • Креатор на темата Креатор на темата Катја
  • Време на започнување Време на започнување

Катја

Journalist
Член од
18 декември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3
Возраст
42
Само што се вратив од град. И да Ви се исповедам, бидејќи во моментов сте моето единствено прибежиште, имам значително зголемен процент на алхохол во крвта , се чувствувам олеснато од онаа градска исилена еуфорија, синтетика, извештачено однесување и ефтини фалсификати. Слободно судете ми за пијаната состојба во која се наоѓам , но морав да избегам од присутните кич индивидуи со вештачки нокти, извадени перчиња, краватосани вратови, ефтина бижутерија, банални насмевки, унифицираност.
Па добро , или некој лаже или е ова скриена камера , немајќи доволно доблест да си признае дека ова е за жал , единствената реалност за јавното социјализирање на младиот човек во овој или оној или било кој град во нашава ни земја.
Јас денеска избегав од ова сивило со горенаведениот рецепт, а Вие драги мои?...
Опивај те се
Треба секогаш да се биде пијан.Тука тоа е единствено прашање.
За да не го чувствуватестрашниот товар на времето
што ви ги крши плеќите и ве свиткува кон земја, треба да се опивате без престан. Шарл БОДЛЕР
 
I sho ima ova vrska so ljubov i sex? A?
Kojznae kakvo ke ti bide 4-toto mislenje! :vozbud:
 
Да си жива ем здрава девојче, ме насмеа вака во повечерје... :)
 
Алкохолот не ги решава проблемите...


....ама нити млекото не ги решило некогаш. Наздравје!

Џингс, опивањето и љубовта се тесно поврзани. Опивањето и сексот пак, одат заедно како сутлијаш и цимет :smir:
 
Алкохолот не ги решава проблемите...


....ама нити млекото не ги решило некогаш. Наздравје!

Џингс, опивањето и љубовта се тесно поврзани. Опивањето и сексот пак, одат заедно како сутлијаш и цимет :smir:
AAA! A pa ja: 'potpuno trezan umirem'! Budala!:majmun6:
 
А да бе, лесно ти е тебе во Велес, коњак 40 денари...опивај се во Скопје да те видам :(

Пештани ти е водка и текила по 20, па сеа ти рачунај си...

Иначе во Скопје се опиваш со три пива од литар и пол. Си ги пиеш со цевче и топ си после. :back:
 
пробајте да се опиете во Москва.....едно конјаче средно 50 г. на македонски пари 700-800 денари....
а тебе бејби во депресија....главно да знаеш која си ти и што значиш....а за кичот од околу...плукни му се и не го забележувај...главно ти да имаш стил....верувај му на професионал...:pipi:
 
А да бе, лесно ти е тебе во Велес, коњак 40 денари...опивај се во Скопје да те видам :(

и да знаеш:pos::pos:

А со опивање не се решава ништо само на момент се заборва, а утре кога ќе станеееш...
 
Само што се вратив од град. И да Ви се исповедам, бидејќи во моментов сте моето единствено прибежиште, имам значително зголемен процент на алхохол во крвта , се чувствувам олеснато од онаа градска исилена еуфорија, синтетика, извештачено однесување и ефтини фалсификати. Слободно судете ми за пијаната состојба во која се наоѓам , но морав да избегам од присутните кич индивидуи со вештачки нокти, извадени перчиња, краватосани вратови, ефтина бижутерија, банални насмевки, унифицираност.
Па добро , или некој лаже или е ова скриена камера , немајќи доволно доблест да си признае дека ова е за жал , единствената реалност за јавното социјализирање на младиот човек во овој или оној или било кој град во нашава ни земја.
Јас денеска избегав од ова сивило со горенаведениот рецепт, а Вие драги мои?...
Опивај те се
Треба секогаш да се биде пијан.Тука тоа е единствено прашање.
За да не го чувствуватестрашниот товар на времето
што ви ги крши плеќите и ве свиткува кон земја, треба да се опивате без престан. Шарл БОДЛЕР

Бодлер бил свесен дека кога тогаш мора да се отрезниш, па понудил рецепт за континуирано одржување на надсвесната состојба.

Не се согласувам дека ова е единствениот рецепт. На пример, кога последен пат, тотално трезни, сте погледнале цвеќенце, сте го погалиле со рака и сте му се восхитувале, сте биле среќни што го држите? Што може да го помирисате, да го почувствувате?

forget_me_not.jpg


*Oдам по пиво.... :pos:
 
Алкохолот не ги решава проблемите....ама нити млекото не ги решило некогаш. Наздравје! Џингс, опивањето и љубовта се тесно поврзани. Опивањето и сексот пак, одат заедно како сутлијаш и цимет :smir:
Не ги решава, ама помага :icon_bigg аааај на здравје :cug:
Утре и у петок винцето до нас и ќе си поврзуеме :back: :pos2:
 
Се роди желба во мене, во моментов да се начукам.
И алкохолот не ги решава проблемите, али убаво е еднаш неделно да избегаш од нив, и да мислиш дека се ти е рамно, да ги сакаш проблемите.:pipi:
 
Фала Катја на советот еве ја сабота иде кај и да е ке се демолирамл бога ми прописно за тоа што си го гледала во град ке цитирам
'Проблемот е што народов живее за туѓи очи се за себе'' -Синдикат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom