- Член од
- 18 јули 2010
- Мислења
- 278
- Поени од реакции
- 177
Многумина од вас некогаш имале контакт со овој автомобил кој секако оставил трага. Произведен во 1 милион и 800 илјади примероци кадетт ц е култен автомобил денес. Искрено многу ми е мерак што поседувам еден. И после историјата која следува пожелно е да ги кажете вашите искуства со кадетт ц доколку имате или пак вашето мислење за овој автомобил.
Во август 1973 беше претставен наследникот на Кadett B, Kadett C. Опел понуди нов кадет кој не беше веќе само средство за транспорт туку и задоволство да се вози.
Повеќе од 3.3 милиони претходници на Kadett C се произведени од кои 2.65 милиони Kadett B. По преставувањето на Manta A и Askona A опеловиот Kadett C е претставен како возило од средната класа со многу можности. Искористувајќи ги тие можности опел се одлучи да го пласира овој автомобил насекаде низ светот.
Развој
Планот бил да се произведе автомобил кој може да се произведува паралелно низ целиот свет и кој ќе биде сериозен конкурент на VW. Оpel Kadett C, кој се развивал уште од 1970 со кодно име "project 1865" конечно бил спремен за светскиот пазар. Идеата започнала кон крајот на летото во 1970 на таен состанок помеѓу Опел, ГМ и неколку други компании. Целта била да се произведе автомобил кој ќе биде прифатен од Исланд до Хаваи. Шасијата требало да одговара на повеќе различни мотори кои ќе се вградуваат подоцна. Производството ќе биде во Аргентина, Австралија, Бразил, Германија, Белика Британија, Јапонија и САД.
Само година подоцна "project 1865" не преставуваше повеќе концепт туку конкретен проект. Инжињерите на опел во тајност изработиле неколку прототипа со заден пренос а дури имало и прототипи со преден пренос.
Претставувањето на Оpel Kadett C
Новиот Kadett C за прв пат е претставен во август 1973 на мото саемот во Франкфурт. Посетителите се собирале околу новиот кадет неверувајќи во она што го гледале, новиот кадет ќе биде прогласен за ѕвезда на саемот.
И целото внимание на новинарите било свртено кон новиот кадет а пасатот на VW ќе остане во сенка. Со веќе постоечките модели но и новиот кадет, опел ќе се најде на исто рамниште во продажбата со VW за првпат во историјата. Модерниот спортски дизајн покрај останатите работи ќе го направи овој автомобил посакуван за многу луѓе.Истотака просторот во кабината е проширен а повеќе магазини потенцирале дека Kadett C не само што се управува добро туку тој е дизајниран така што има одлични возни својства. Дури ќе има натпис во весник со наслов 'the Volkswagen from Russelsheim'.
Додатоци
Основниот модел на Kadett C немал многу опрема но затоа имало многу дополнителни работи кои можеле да бидат порачани.Во најлуксузната варијанта опел понудил се што имале и возилата од високата класа. Со годините дел од тоа ќе стане стандардна опрема во Kadett C.
Нафтената криза
Не само Опел туку и ГМ биле многу задоволни од почетната продажба на Kadett C. Но еуфоријата не траела долго бидејќи во октомври 1973 започнала нафтената криза и цената на горивото значително се зголемила а продажбата на нови автомобили во светски рамки опаднала. Како одговор на тоа Опел во март 1974 во Kadett C ќе го воведе 1.0 литарскиот мотор како исклучително економично решение.
Конкуренцијата на Опел Kadett C
Во 1975 Kadett C добива силен конкурент во новиот модел на VW голф. За да го задржи чекорот со конкуренцијата и опел ќе воведе некои модификации кои ги имал новиот голф меѓу кои и новиот подобрен систем за кочење со диск сопирачки. Во мај 1975 ќе биде преставен и хечбекот Kadett C City.
Рели специјалист
Во 1975 ќе биде преставен и Kadett GT/E. Со подобрени возни својства и моќниот 1.9 литарски мотор овој кадет ќе биде побрз од голф гти. Слоганот на опел за овој модел бил 'The rally specialist for all days.'
Kadett GT/E ќе ја наследи Askona SR на рели стазите. Спортските регулативи налагале дека потребно е да се произведат 1000 автомобили за да се добие одобрување за натпреварување во група 2 и 5000 за група 1.
Kadett GT/E ќе добие и свој препознатлив дизајн со црно жолта комбинација. Истоака овој модел ќе има и нов 5 степен менувач.
Срцето на GT/E е 1.9 литарсиот мотор со 105 коњски сили. Со тежина од само 910 килограми тоа му дава на Kadett GT/E сооднос од 8.7 килограми на 1 коњска сила. Покрај тоа и новиот менувач бил одличен а како недостаток се наведува премногу тврдата суспензија и малата видливост позади.
Во 1977 ќе биде претставена новата верзија на GT/E. Дизајнерите на овој модел направиле волк во овчја кожа. Со 2.0 литарскиот модел со 115 HP овој кадетт ќе има фантастично забразување за само 9 секунди до 100 и максимална брзина над 200 километри на час.
Нешто послаб од ова ќе биде Opel Kadett Rallye кој го носел 1.6 литарскиот мотор со 110 коњски сили. Истиот мотор подоцна ќе стане достапен и во сите останати модели.
Приказната завршува
Од појавата во 1973 понудени се 18 различни модели на Kadett C на пазарот. Од најефтиниот Kadett City до најскапиот GT/Е. Посебно место заслужува и аеро моделот преставен во 1976 година. Овој модел е произведен во лимитирана серија.
Во 1979 завршува производството на Kadett C со претставувaњeто на наследникот Kadett D. Денес Kadett C е познат како последниот вистински кадет.
И за крај слики од мојот кадетт.
[/QUOTE]
И секако едно видео каде најдобро се гледа што може кадетт ц без никакви преправки само со малку храброст и желба за забава.
Kimi Makedonski