Only Murders in the Building

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.796
Поени од реакции
39.370
Локација
Скопје
Бидејќи помина времето кога секој сакаше да биде прв што ќе отвори тема на форумов, а во подфорум „Серии“ има еден куп серии кои серии кои заслужуваат свои теми, ете, јас ќе пробам да надоместам.

1695662522477.png

Only Murders in the Building е една од сериите која последниве години имаше навистина забележителни успеси: првата и втората сезона заработија дури 18 ЕМИ номинации меѓу кои и 2 години по ред номинација за најдобра комедија, а освои 3 Creative Arts ЕМИ награди, 5 номинации за Златен Глобус и 6 номинации за SAG награди, меѓу другите. Инаку, OMITB е американска мистерија / комедија креирана од Стив Мартин и Џон Хофман за Hulu (кај нас може да се гледа на Disney+). Дејството следи 3 лика: Чарлс Хејден Савиџ, поранешен актер, ѕвезда од телевизиска серија од 90-тите (Стив Мартин), Оливер Патнам, амбициозен режисер на Бродвеј, но без финансии (Мартин Шорт) и Мејбл Мора (Селена Гомез), уметничка која живее во истата зграда со останатите двајца и со кои формира навидум чудно и необично пријателство, зашто тројцата имаат иста пасија - подкасти за убиства и true crime. Тројцата одлучуваат да направат свој сопствен подкаст во кој ќе ги откриваат само случаите на убиства кои ќе се случат во зградата во која живеат. Од таму насловот и на нивниот подкаст и на серијата е: Only Murders in the Building. Во секоја од трите сезони се случува по едно убиство во нивната зграда, за кое полицијата нема многу слух и секогаш обвинува погрешна личност, но триото верува дека може да го расветли случајот надвор од официјалната истрага, при што се соочуваат и со бизарни, и со комични, но и со навистина интересни ситуации.

Она што и дава особен печат на серијата е плејадата на многу познати имиња од светот на шоу-бизнисот кои гостувале низ трите сезони, па така во првата сезона дел од актерската екипа и гостите се: Тина Феј, Стинг, Џими Фалон и др, во втората: Ејми Шумер, Ширли Меклејн и др, а во третата: Мерил Стрип, Пол Рад, Метју Бродерик, Мел Брукс и др.

Моментално во тек е третата сезона, епизодите се уште излегуваат, еднаш неделно, што значи - вистинско време е да фатите траг пред да заврши.

Според мене, серијата можеби не е којзнае што, но со спојувањето на жанровите крими-мистерија и комедија, создава еден оригинален свет кој не може да се види во друга серија последниве неколку години, а искрено, не можам да се сетам ни на друга слична, воопшто. Но, дека е лишена од сите woke срања кои се случуваат насекаде околу нас - не е. Затоа, не очекувајте нешто WOW. Но за тепање време и релаксирање мозок со нешто поинакво, и тоа како вреди! Се надевам ќе уживате.

1695662619564.png
 
Веќе неколку дена гледам ја најавуваат на Фокс ... незнаев дека третата сезона била , мислев сосема нова серија е ... никогаш не сум ја слушнал предходно.
 
Чекам сега епизода за епизода. Ја гледам од кога ја извадија баш ми е онака чил серивче. Јас на гледам на Disney Plus. Не е лоша серијата баш си е онака океј.

Селена Гомез :drk:
 
Убаво рече Злате не е кој знае што, али за тепање време е ок. Вчера ја изгледав цела прва сезона.
Првите 4-5 епизоди беа климави, на моменти досадни, небитни монолози, дијалози, али ја продолжив ради солидните клифхенгери. При крајот се подобри и интересно заврши.

Ќе видиме како ќе иде втора сезона.
 
Убаво рече Злате не е кој знае што, али за тепање време е ок. Вчера ја изгледав цела прва сезона.
Првите 4-5 епизоди беа климави, на моменти досадни, небитни монолози, дијалози, али ја продолжив ради солидните клифхенгери. При крајот се подобри и интересно заврши.

Ќе видиме како ќе иде втора сезона.
Кога го откри убиецот во прва сезона? :)
 
Кога го откри убиецот во прва сезона? :)
Секогаш испаѓа оној што има најмалце сцени и најмалку е експониран пред камера и кога почнаа да сумњаат на спонзорот, си мислев дека е син му. На крај не очекував да испадне како што испадна.

Е сега интересно ќе е втората сезона кој е убиец. Омразен лик што очекував да биде новата жртва и така и би.
 
Секогаш испаѓа оној што има најмалце сцени и најмалку е експониран пред камера и кога почнаа да сумњаат на спонзорот, си мислев дека е син му. На крај не очекував да испадне како што испадна.

Е сега интересно ќе е втората сезона кој е убиец. Омразен лик што очекував да биде новата жртва и така и би.
Втората сезона е тешко да откриеш, ќе видиш зошто, но третата е многу очигледно - после 4 епизоди открив кој е.
 
Последнава епизода (Thirty) е една од најдобрите во серијава.
Автоматски споено мислење:

но третата е многу очигледно - после 4 епизоди открив кој е.

Нема грешка дека си открил кој е после 4 епизоди. Или не си ја гледал новата епизода од вчера, нема трето.
Дури не се ни знае кој е сеуште т.е кој го бутна во дупката за лифтот. Се откри само кој (наводно) му стави отров и како.
Ќе видиме кој е вистинскиот убиец во последната епизода, наредната недела.

Така да... немој да лажеш дека е многу очигледно во третата сезона :)
 
Последно уредено:
Дури не се ни знае кој е сеуште т.е кој го бутна во дупката за лифтот. Се откри само кој (наводно) му стави отров и како.
Добро де, на тоа мислев:
уште од 4 епизода знаев дека е продуцентката. Ако евентуално не е она, тогаш е син и, ама сепак 99% мислам дека е она.
 
Серијава е breath of fresh air,одлично трио се старциве со Селена.
 
Завршена и трета сезона. Читав најгледана била, а мене ми беше најдосадна. Некако многу повеќе минутажа даваа на љубовчињата на триово отколку што истражуваа. Топ што го убија најнехаризматичниот лик, па ќе се чека нова сезона. Се надевам ќе се подобрат.
 
Ja pocnav nekoj den, izgledav nekolku epizodi, not bad not terrible, ama cesto zaspivam od serijata… :unsure:
 
Знам дека повеќето ја гледаат заради Селена Гомез, ама според мене девојкава ни на мртво плаче, ни на живо се смее. Најслабата алка е во серијава, досадна е до максимум и не знае ама ич да глуми. Едвај чекам да ја убијат нејзе во некоја сезона. :gjavol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom