One односно Космофон НЕ ФАЛА !

  • Креатор на темата Креатор на темата Keljav
  • Време на започнување Време на започнување
Не се секирај ја прашав во салон на ОНЕ ми рекоа пакетите од Космофон остануваат до крајот на договорот со исти цени исти услови освен ако не сакаш сам да се префрлиш во друг пакет.
 
имав две години пост-пејд на космофон, ми заврши договорот после 10 дена од продавањето на словенците и ми се јавува една жена и вика: дечко дали сакате да го продолжите договорот?
јас: има некоии поволности
таа: да да имате попуст од 1000-2000 ден за нов телефон
јас: не фала
таа: ама има уште неш....
јас: фала, пријатно
.....
не знам како издржав 2 години....од се што имаше најзадоволен бев со мобилниот месенџер, цел месец нон стоп на него и ке ми дојдеше сметка од 150 ден само интернет :toe:
 
и на мене ми привршува договорот со ОНЕ и едвај чекам да им турам катанецот еднаш за секогаш... дури и интернетото ми е преку нив....
сега за сега пикирам на вип ама ќе видиме...плус имам златно бројче од вип што ми е на припејд... и како што пиша погоре, тони-звер на секои 30 дена од оне ми се јавуваат демек долго годишен клиент сум им (а стварно од почеток сум со космофон) со прашања од типот дали сакате ова или она... понуда ваква или онаква... пакет нешто дрн дрн...

п.с. а знае ли некој што е финтава со замена на картиците со нови и ќе добиеш евтин роаминг????
 
Темава не ми е баш логична.

Земете по 10 души корисници на секој оператор соодветно. Обавезно ќе има незадоволни корисници без разлика кој оператор го користат.

Ај колку да се надоврзам ... јас сум веќе 4 години на Космофон при пејд и сум многу позадоволен од телекомот. Ама тоа беше одамна, сега т-мобиле е друга приказна. Но космофон уште ми одговара така да немам потреба да менам. За Бум ТВ и интернетот не коментирам затоа што не сум ги користел. Кабелски интернет ftw! :)
 
Ја веќе 2 години сум на ОNE 2500,со 10 броеви и сум многу задоволна.Сметките се минимални,имаме бесплатни минути меѓу броевите,плус бесплатни кон други броеви, и интернет 2 гига бесплатни...

п.с. а знае ли некој што е финтава со замена на картиците со нови и ќе добиеш евтин роаминг????

Добиваш само број со подесувања за роаминг,а исто и цените се намалени:smir:
 
Замени ја старата со нова, супeр SIM картичка

Замени ја бесплатно твојата стара SIM картичка и промотивно ќе добиеш 100 денари бонус за бесплатни разговори и услуги. Со новата SIM картичка ќе можеш да користиш нови услуги и поволности кои ти ги нуди ONE, наједноставен роаминг со директно бирање без да внесуваш какви било кодови и супер евтини повици кон дома. Повели во некој од продажните салони на ONЕ и ќе добиеш бесплатна замена за твојата стара SIM картичка со нова. Притоа, твојот број и тарифниот модел остануваат непроменети.

Понудата важи до 31 јули 2010, за сите при-пејд и пост-пејд мобилни корисници на ONE кои имаат стара SIM картичка која е купена до Ноември 2009.

Повеќе информации во Центарот за грижа за корисници на (02) 181.
 
За пост-пејд не знам како е ама за при-пејд имаат добри цени. За разлика од Т-мобиле:drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom