ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Некако не ми е логично Водафон затоа што сепак тоа е друга фирма. Телеком Австрија си има еден бренд да речеме а1 во Австрија, Вип итн а Водафон е друга корпорација што знам....

Така нешто се слушна. Бог знае како ќе се вика.
 
Јас мислам дека ќе биде нешто како VipNet како во Хрватска...А Близу...Што ќе се деси со нив.Ме буни и БумТВ на Оне сега како се тоа ќе се спои мислам 2 различни типа на телевизија и плус да речеме Близу си има своја мрежа преку која нуди услуги а Оне има виртуелна мрежа преку Телеком. Некако многу сложено ми изгледа а сеуште се е тајност.
 
Па веројатно сега тоа ќе одлучуваат. И со Оннет и Оне беа различни технологии (конкретно за фиксна) па двете се задржаа. Ваљда каде како има техничка можност така ќе се нуди. Од телеком веројатно ќе се откачат. Затоа и не може преку ноќ да се спојат.
 
Баш едвај чекам да видам што ќе биде...Уште да имаше некој тука од Оне па да ни кажуваше :D
 
Денес си ја платив фактурата и таа на шалтер ми кажа дека немало да се спојуваат.
Ќе се спојат, само рано е уште да се каже, како и што точно предвидуваат.
Ќе го цитирам коментарот на @Dexter26 од еден друг форум, кој е издржан:

Толку од надежта дека со купувањето на Близо од страна на Телеком Австрија (Вип) и со евентуалното спојување на Вип и ОНЕ, ќе се случи некаква револуција на малите телевизиски екрани во Македонија.

Планот на Телеком Австрија - доколку Комисијата за заштита на конкурентноста го одобри истиот - е Вип и ОНЕ да се спојат во еден телекомуникациски оператор кој ќе биде во сопственост на Телеком Австрија, но истовремено ОНЕ да продолжи да функционира како дигитален оператор за телевизиски услуги, а Близо, иако од поодамна е во сопственост на Телеком Австрија, сепак ќе продолжи да функционира како независен ентитет.

Со други зборови кажано - нема да има ниту ребрендирање на Близо во Вип, ниту ќе се спојат Близо и Боом ТВ за да нудат заедно телевизиски услуги.

Телеком Австрија ќе биде сопственик на сите 3 (ТРИ) фирми - Вип, ОНЕ и Близо, но нема ниту да ги ребрендира, ниту да ги спои, ни Близо, ни Боом ТВ, туку ќе си тера бизнис и ќе си остварува профити од сите 3 фирми.

Од една страна, ова е добра вест за вработените во тие фирми, бидејќи вообичаено со заедничко спојување на 2 или повеќе фирми следуваат отпуштања на вработени и затворање на салони за продажба, но бидејќи Боом ТВ и Близо нема да се спојат и бидејќи Близо нема да се ребрендира во Вип, нема да дојде до такви отпуштања.

Но од друга страна, ова не е добра вест за корисниците на телевизиските услуги на Близо и Боом ТВ, кои сигурно досега очекуваа подобрување на телевизиските услуги и зголемување на телевизиските понуди на Близо и Боом ТВ, кои очигледно, нема да се остварат после ваквата вест за понатамошно функционирање на Боом ТВ и Близо како различни ентитети и за понатамошното постоење на Близо како независен ентитет.

Самиот факт дека Близо ќе продолжи да функционира како независен ентитет, говори дека најверојатно и менаџментот на Близо ќе остане непроменет, а со тоа сигурно и телевизиските канали кои Близо ги нуди нема да претрпат сериозни промени. Ова меѓу другото, значи дека Близо најверојатно и понатаму нема да ги емитува телевизиските содржини на телевизија 24 Вести, иако истата телевизија од поодамна е на официјалниот список на Близо во АВМУ, според кој телевизија 24 Вести спаѓа меѓу телевизиските канали чии што содржини Близо ги емитува, односно треба да ги емитува.

Најавените измени за спојување на Вип и ОНЕ во еден телекомуникациски оператор - доколку истите ги одобри Комисијата за заштита на конкурентноста - треба да се реализираат во текот на наредните 3 години, при што сегашниот сопственик на ОНЕ, Телеком Словенија, би требало постепено да се повлече од македонскиот пазар и своите претставништва и дејности во Македонија да му ги отстапи на Телеком Австрија.
Извор: форум, Dexter26
 
Потпис !!!

Јас ја барав темава за да го ре-објавам тука истиот пост од тој друг форум.
 
Ќе се спојат, само рано е уште да се каже, како и што точно предвидуваат.
Ќе го цитирам коментарот на @Dexter26 од еден друг форум, кој е издржан:

Извор: форум, Dexter26

Баш безвезе...Тоа значи само го купуваат ради контрола на пазарот. Не дека ќе инвестираат во Оне да речеме да има појака мрежа.[DOUBLEPOST=1418159840][/DOUBLEPOST]Update:
e65da1.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom