- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
ОНА се заканувала од Швајцарија
5.5.2010
Владата не ја осуди скандалозната постапка на вицепремиерот Абдилаќим Адеми, кој на својот профил на мрежата Фејсбук стави амблем на УЧК
Преку сервер од Швајцарија е испратено соопштението на ОНА во кое оваа расформирана организација ја презеде одговорноста за инцидентот меѓу припадници на МВР и вооружена група минатата недела кај Блаце, при што беа откриени бункери со оружје.
Сé уште се проверува кој е и дали постои Авни Селими, потпишан под соопштението. Човек со таков идентитет не им е познат ниту на полицијата, ниту на командантите од ДУИ.
Инспекторите на МВР преку ИП-адресата откриле дека мејлот е испратен од Швајцарија. МВР најави дека преку Интерпол ќе бара дополнителни информации од швајцарската полиција.
Владата не ја осуди скандалозната постапка на вицепремиерот Абдилаќим Адеми, кој на својот профил на мрежата Фејсбук стави амблем на УЧК, ден пред соопштението дека ОНА продолжува да дејствува.
Во Владата велат дека случајот го објасниле од Секторот за спроведување на рамковниот договор на чие чело е Адеми и дека немаат што повеќе да додадат. Објаснувањето од секторот беше дека амблемот бил ставен по повод годишнината од настаните во Слупчане, во што учествуваше и УЧК.
Советот на албански организации вчера го осуди, како што велат, актот на државната безбедност на Македонија, која пред една недела, на ист ден кога пронајде четири бункери оружје близу Блаце, ги приведе претседателот и координаторот на „Албанско демократско движење“, невладина организација од Гостивар.
- Полицијата околу пет часа ги држеше приведените во полициска станица, ги испитуваше за активностите на Советот и за протестот што го најавивме за 10-ти овој месец. За нас тоа е притисок врз невладините организации - рече Валон Куртиши, еден од координаторите на Советот на албански организации.
Под мотото „За правда“, учесниците во протестот ќе бараат слобода за осудените во случите „Сопот“ и „Бродец“, како и македонските судови да не судат за хашките случаи.
Вчера и завчера во Тирана престојуваа лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Тачи го запознал Бериша со загриженоста на ДПА од политичката состојба во Македонија.
- ДПА ќе стори сé за да не дозволи незадоволните Албанци во Македонија да паднат на разни екстремистички или авантуристички провокации. Станува збор за деликатен момент. Треба сите заедно да се дистанцираме од разните провокации што водат кон дестабилизација - изјави Тачи.
Според него, блокадата на интеграцискиот процес, девијацијата во спроведувањето на Охридскиот договор и економската криза се трите главни причини за вознемиреност и загриженост во ДПА.
Бериша изјави дека мирот, стабилноста, интегритетот и интеграцијата на Македонија се од големо значење за Албанците.
- Јас го поздравувам придонесот на Албанците во сите овие области. Охридскиот договор е величествено постигнување за Албанците, а неговото целосно спроведување е од голем интерес за сите граѓани во Македонија - изјави Бериша по средбата со Тачи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=55101010173&id=9&setIzdanie=21975