On.net WADSL интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Dzish напиша:
Зависи каде... Еве Битола нема никаков проблем!

Изгледа уште сте среќни бидејќи сеуште таму базните се со соодветен однос на луге по единица базна станица ... недај боже (ова најмалце ви го посакувам затоа што се едначи со психичка тортура) да дојде преоптоварување од над 300% на базна станица (како во делови на Скопје) па ќе гледаш резултати - они викаат имаш 512, а добијаш 64 и гледас временска прогноза кога ќе врне дожд за да подотворат вентилите ...

Добивам впечаток дека очигледно некој на форумов не му е баш драго што излегол некомпетентет и се обидува со некој супер добар маркетинг во стилот „право на избор” да докаже дека цветаат рози, а тоа земјата капка вода (интернет) не видела ... тоа палеше пред 2 години сега само ги троши непотребно килобајтите кои треба да им ги обезбедуван а своите корисници ...

А тоа за ограничувањата ... извини ама „тнр во здрава нога” е да не вршиш било какво лимитирање на ниво на антена која нели ја местиш на ниво на секој корисник поединечно поготово со платформа како Моторола - Канопи која ова го има супер решено ... освен ако не закачуваш во одредени случаи повеќе од еден корисник на ист Моторола SM и на двајцата им кажуваш дека си им ставил посебни антени :tapp:

Ајде да видам сега мене што „дијагноза” ќе ми даде корисничката подршка на но.нет - можда ќе рече да ја „ресетирам антената” или дека имам вирус на линукс рутеров ... да, да сто посто до мене е проблемот они се најдобриот провајдер во МК - неможе да не се во право ...
 
Хе хе.

Одма знам кога добивам на телефон некој кој што незнае или неќе да ми помогне, од техничка поддршка, одговорот му е "Неможам да ја добијам вашата антена, има проблем кај вас мора да испратиме екипа..."

Во 5 од 6 случаи не беше до мојата антена.
 
И кај мене е "супер".
Патем, добра слика, онака, ко за илустрација.
 
3-4 вечери по ред брзината е сра*е
 
3- 4 ??
kaj mene veke cela nedela i poveke...
brzinata ne pominala nad 23 kb...
katastrofa...
ne znam sto im stana mesecov..
a pocnam da siminjam nesto.. ide so 23 maksimum.. i na pola ke padne konekcijata...
katastrofa...
 
И кај мене многу често паѓа :toe:
 
WADSL за 890 денари:

Бесплатно Интернет-катче на Саемот на средни училишта
„Он нет”, „И нет” и проектот на УСАИД „Мк конектс” за време на тридневниот Саем на средни училишта „Образовно рандеву” заеднички ќе постават Интернет- катче, во кое присутните ученици ќе имаат бесплатен пристап до Интернет. Саемот ќе започне денеска и ќе трае до петок. Интернет-катчето ќе биде поставено до главната бина во Хала 1 на Скопски саем, а ќе функционира сите три дена. Влезот е слободен.

Во рамките на образовното рандеву, „Он нет” ќе организира и квиз на знаење за присутните ученици, а најдобрите 10 ќе бидат и наградени. За време на саемот, провајдерот ќе додели и три награди за првонаградените во категоријата „најдобра презентација на училиште”. Наградени ќе бидат и победниците на Републичкиот натпревар по информатика одржан за матурантите од сите државни и приватни средни училишта на 14 и 15 април 2007 година, во организација на „Александрија”. „Он нет” за посетителите на саемот ќе понуди Wadsl пакети по промотивна цена од 890 денари месечно, што претставува 18,3 отсто попуст на цената „И нет”, пак, ќе ги претстави најновите модели на компјутерите „Lenovo”.

извор: www.utrinski.com.mk (иако како весник не се многу за верување :nenene:)
 
da zavisi kade kaj mene (vo veles) nema problem
brzinata na WADSL e super i nikogas ne paga
od pocetokot pagase no sega ne
:pos: :pos: :pos:
 
Sebastian напиша:
WADSL за 890 денари:

„Он нет” за посетителите на саемот ќе понуди Wadsl пакети по промотивна цена од 890 денари месечно, што претставува 18,3 отсто попуст на цената „И нет”, пак, ќе ги претстави најновите модели на компјутерите „Lenovo”.

извор: www.utrinski.com.mk (иако како весник не се многу за верување :nenene:)
Точно е и Он-нет ја има оваа новост на нивната официјална страна
линк тука.:smir:

Сеа сите без договор исклучувајте се и на саем по нов приклучок. :wink: :pos:
 
Телеком Словенија ја докапитализираше својата македонска компанија ќерка „Он.нет” со четири милиони долари. Ова синоќа го јавија словенечките гласила, додавајќи дека средствата од докапитализацијата се наменети за изградба на широкопојасен безжичен пристап и широкопојасен пристап АДСЛ и АДСЛ2+.
Со оваа инвестиција „Он.нет” треба да ја зајакне својата позиција на пазарот на електронски комуникации во Македонија.
 
kolize напиша:

Чекај, кај нас ќе градат АДСЛ и АДСЛ 2+?
Како? Ај нека разјасни некој што е поупатен.
 
kolize напиша:
Телеком Словенија ја докапитализираше својата македонска компанија ќерка „Он.нет” со четири милиони долари. Ова синоќа го јавија словенечките гласила, додавајќи дека средствата од докапитализацијата се наменети за изградба на широкопојасен безжичен пристап и широкопојасен пристап АДСЛ и АДСЛ2+.
Со оваа инвестиција „Он.нет” треба да ја зајакне својата позиција на пазарот на електронски комуникации во Македонија.

Извор?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom