- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Бугарските граѓани сакаат вести на македонски јазик
Горан Момировски
30.06.2006 26% од читателите на сервисот на бугарската новинска агенција „Фокус” сакаат да добиваат вести на македонски јазик. Според еден од водечките бугарски интернет портали, 72% од околу 2.400 бугарски државјани кои учествувале во анкетата не сакаат да добиваат вести и информации на македонски јазик, а еден процент немаат никакво мислење.
Членот на колективното претседателство на партијата ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, која беше обновена во неделата во градот Гоце Делчев, најави дека употреба на македонскиот јазик како право на Македонците во Бугарија ќе биде едно од барањата на партијата.
„Секое малцинство во рамките на законите, без да се намалува улогата на бугарскиот јазик како официјален, треба да можат да го изучуваат својот јазик и култура”, рече Стојко Стојков.
Првата поддршка во Бугарија за барањата на ОМО Илинден Пирин доаѓа од политички претставници на Турците во оваа земја.
Пратеникот од Движењето на слободи и права Ќемал Ејуп смета дека ако постои турско, во Бугарија има и македонско малцинство.
Партијата ВМРО БНД на Красимир Каракачанов, кој шпиунирал Македонци за тајните бугарски служби, побарала веднаш оставка од турскиот пратеник, а директорот на Бугарскиот национален историски музеј, близок до владеачките социјалисти на Станишев, изјавил дека во Бугарија нема македонско малцинство, затоа што не постои македонска нација.