Рене Магрит (René François Ghislain Magritte, 1898–1967), белгиски надреалист, мене ми е еден од омилените сликари. Неговите дела ми побудуваат љубопитност, но и ме растревожуваат, ми предизвикуваат немир, страв, возбуда, зачуденост. Има бројни дела, ќе издвојам само неколку:
Њујоршкиот Окулус.
Зад делото се потпишува Сантијаго Калатрава, шпански архитект. Тој се потпишува и зад Грчката Православна Црква, изградена во спротивна насока од Окулусот, инспирирана од Светата Мудрост.
Лепотанов е Грчка Бронза исфрлена од морето кај Артемисион.
Или е Зевс или братаму Посеидон. Веројатно бил товарен на Брод за Рим. Бродот се срушил и си останал кај нас.
Пази како му е сплетена косата. Абре едни ни се соседите. Нема ко нив.
Роберто Фери е модерен италијански уметник, длабоко инспириран од италијанскиот Барок.
Нарекуван е новиот Караваџио. На сликите доминираат Христијански мотиви, Светци и паднати Ангели.
Марија, Антоанета - Афстриска принцеза омажена за еден од Франките. Очи како океан. Запрашана што мисли за тоа што народот нема да јади леб, одговорила со - Ако немаат леб, тогаш нека јадат торта.
#НекаЈадатТорта
Странава би ја завршил со два прекрасни портрети на Господин Господин Ингрес <3
Жан-Огист-Доминик Ингрес
Портрет на принцот Фердинанд Филип, војводата од Орлеанс 1843 година
Масло на платно Димензии: 154 см х 119 см.
Портрет на Контесата д'Хауссонвил Прикажани луѓе: Луиз де Брољ, припадничка на фамилијата Хауссонвил. Датум: 1845 година.
Масло на платно. Димензии: 131,8 см х 92 см.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.