Омилена храна?

  • Креатор на темата Креатор на темата BoyFromMKD
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 август 2020
Мислења
154
Поени од реакции
98
Возраст
27
Многу ми е чудно што нема ваква тема во оваа категорија на форумот, па решив да отворам.
Повелете!
 
Денес ми е паеља
6143d65179facd102be0d2e9e332ce09.jpg

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Мене капричиоза со топено сирење.
Совршена комбинација.
Топеното над пицата.
Врв.
 
Weißwurst.....се повеќе и повеќе ми недостига Германија, па ми се јаде свеж Баварски колбас составен од мелено телешко.....во комбинација со добро пиво
1.jpg
 
Се мислев дали да отворам тема за Гнеерална дискисуија Храна затоа што немаме а мислам дека ќе е потребна со оглед на тоа дека и доста се комуницира на останатите теми општо за храната.
Не знам кој е модератор во моментов да тагирам, ама ако прочита нека потврди дали имаме некоја слична ваква тема каде се дискутира генерално за храна па нека се префрли мојов коментар таму.

Национални јадења.

Јас сега кога ги броев сфатив дека имам уште мноооооогу за пробување.

БиХ, Англија, Иран, Мароко, Нов Зеланд, Романија, варијација на Кабса (С.Арабија) но не оригиналниот рецепт, Ерменија, Канада, Унгарија, Јапонија, Мозамбик, Шпанија, Тајван, Австралија, Белгија, Англија, Грција, Либан, Малта, Македонија, Шри Ланка, Австрија, Бугарија, Индија, Израел, Мексико, Србија, САД, Кипар, Италија, Црна Гора.

1624998718743.png

Кои јадења ги имате пробано и кои најмногу ви оставиле впечаток?
Јас сум премногу вљубен во арапската кујна и Tabbouleh ми е едно од омилените јадења. Јапанското суши истотака, а сум разочаран од Паелата.
Имам пробано најмалку 10 пати и најлошиот впечаток го имав кога ја јадев во Валенсија. Градот кој се смета за родното место на ова јадење. На другите места каде пробав а не беше Валенсија, впечатокот беше многу подобар. Што знам, на две места пробав во Валенсија и на двете места беше ептен обична и на крај си се испоштував со такос. Се откажав барајќи ја совршената Паела.
 
А бе тоа ти е слично како со пиците, на 90% Американци не им се допаѓа италијанската пица пошто американската е поинаква. јас не сум бил во Шпанија да пробам оригинал, ама паеља обожавам и сам си ја правам, рецепти има еден тон на нет. И нормално, од зачини ставам се што ми се гледа интересно во моментот, а од месо, добри колбаси, нешто морски плодови и тоа е тоа. Имам тава за паеља и некогаш јас правам во рерна некогаш на плин.

Па ја не реков дека не ми се допаѓа паелата, туку сум разочаран од она традицијалното што го пробав. Напоменав дека на други места кога имам јадено Паела, била многу подобра од тоа што пробав во Валенсија. Барем во Валенсија не треба да има лоша паела, а не па два пати да седнеш, и два пати да се разочараш.
Рецептите на нет и не се секогаш веродостојни. Особено за такви светски познати јадења не треба на сите да им се верува. Особено ако американци аматери ги имаат пишувано/правено. Тие на секое јадење имаат своја варијација. А и секако не може ти само од гледање, без притоа никогаш не си пробал да знаеш точно каков вкус треба да има тоа јадење.
Ете и за Кабса пишав дека имам јадено варијација но тоа не е она традиционалното. Сеуште ми фали да го пробам тоа јадење традиционално припремено.
Не можеш да кажеш јадев традиционална карбонара а ти си пробал паста со некоја хамбуршка сланина, печурки и бел сос.
 
Те разбрав дека во Валенсија не ти се погодила,а во други места ти била поубава, ама мојата споредба со пицата беше баш тоа, се работи за вкус! Можеби баш тие две што си ги јадел во Валенсија се баш како што паеља треба да биде ама тебе не ти се по вкус? Еве да земеме еден ајвар или летна манџа или грав, во Македонија тоа ти е основа и скоро секој знае да ги направи ама нема сите да се исти, на пример тие што ќе го направи мајка ми мене ќе ми бидат највкусни пошто со тој вкус сум растел. И така, секое традиционално јадење од куќа до куќа или од ресторан до ресторан ќе биде помалку или повеќе различно.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom