ОМД му оддава признание на Војнович!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Воиновиќ: Да се искористи можноста за решавање на спорот околу името во наредните неколку месеци

30.04.2010 - 09:26 |
Американскиот сенатор Џорџ Воиновиќ смета дека сега е поволен момент да се најде решение за спорот околу името.

545_14508.jpg


Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, тој сугерирал дека можеби ќе нема слична можност во догледна иднина.


Во октомври, ние, неколкумина сенатори се сретнавме со грчкиот премиер Папандреу, кој индицираше дека е заинтересиран и дека сака да стори нешто. Мислам дека постои можност која не беше присутна порано. Исто мислам дека премиерот Груевски знае дека ова можеби е најдобрата можност за Македонија да постигне нешто што би било прифатливо за македонскиот народ и би било мошне важно доколку ја искористи можноста во наредните неколку месеци, бидејќи по тој период, не сум сигурен дека Папандреу ќе остане крај масата, затоа што има многу други проблеми во моментов“, рекол Воиновиќ.


Републиканскиот сенатор од Охајо, кому Обединетата македоднска дијаспора средата во Вашингтон му ја врачила својата Меѓународна награда за слобода,
со внимателен став околу евентуалниот референдум во Македонија за името.

Тој истакнал дека луѓето треба да знаат дека каков и резултат да се добие преку компромис, тоа нема да налага луѓето во Македонија да го менуваат Уставот.


“Мислам дека тоа беше големо прашање. Прашањето за референдум треба сериозно да се разгледа, во смисла дали ќе биде нешто што ќе помогне, или ќе наштети“, кажал Војновиќ во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.


Погледнете го видеото и како тоа Војнович ја заслужил наградата...и ова не е единствениот ваков негов настап.

http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010.



ОМД за чии интереси работите?
 
Можда и кај ОМД проработил македонскиот ген, наместо да веруваш во сопствениот труд и работа, веруваш во прикаските на другите.

МАКЕДОНИЈА треба својата вистина да ја презентира кај земји кои не се дел од ЗАПАДНАТА заедница, која не е МЕЃУНАРОДНА заедница ?
Зошто ?

1. Македонија е влезена во филм на група западни хоштаплери кои големите западни заедници како ЕУ и НАТО ги користат за личен профит, тоа не ви е многу поразлично од диктатура на Пиноче или од пералната на мозоци на комуњарите.

2. Македонија според меѓународното право е чиста и исправна, ако е тоа така, тогаш зошто за неа важат специјални правила.

3. Македонија со своите аспирации за членство во организации каде е детерминирана како опасност по тие крупно западни интереси во ниту еден случај нема да може да го добие полниот легитимитет затоа што истата таа Македонија е предмет на планот на таа ЗАПАДНА заеднице, НЕ МЕЃУНАРОДНА, со цел разбивање на таканареченото СЛОВЕНСКО ЈАДРО на БАЛКАНОТ кое е традиционално и културно и верски блиско со РУСИЈА.
РУСИЈА е крајната цел на овие западни криминалци.
Затоа не смее во тој иден конфликт на парчење на РУСИЈА, сличен метод како што се парчеше македонското источно царство на кои истите му дадоа име според
ќенев Византија, во позадина да има земји и народи кои ќе бидат можна закана за тој план.

Затоа влогот е голем.
Ако влогот е ДЕМОРКАТСКИ, тогаш нема поголемо универзално планетарно право од тоа на САМООПРЕДЕУВАЊЕ.
Нели за тоа право и НАТО бомбардираше улатерално крешјќи едно друго право на ООН.
Но ако е пљачкосувачки, тогаш ти си влезен во нивен филм и тука е правилото на посилниот.

Енд оф дискашн.
 
Ве молам погледнете ја 56 тата минута од видеото!!! :kesa:
http://fora.tv/2010/03/27/The_Balkans_2010

И некаде пред 30-та минута кога повторно ја користи нашата привремена рефернца а во 36 -та амбасадорот од Босна мислам му се спротивставува баш по прашањето како тој ја нарекува Македонија.
 
наредната награда да му ја доделат на Шацимаци ... за „искрено“ залагање за решавање на спорот ... посебно за „генијалната“ идеја Македонци на латиница :tapp::tapp::tapp:
 
Што вели сенаторот Војновиќ за спорот околу името?

- Војновиќ гледа можност можност за која смета дека порано не постоела, а може и да не постои во иднина:

Што е можноста што ја гледа Војновиќ ????? Онаа што го заговара ментор на ОМД Срѓан Керим а го изговара Фрчковски. ОМД затоа го наградува co својата Меѓународна награда за слобода. Ке паднат сите маски. Неможе да се сокрива предавничката игра.
 
и тоа е надоврзување на с(т)имулацијата :toe:
 
Од кога сега типови како овој добиваат меѓународни награди за слобода пази.........Што направил овој толку значајно за Македонија, па тука он ни вели да преговараме со Грците; да се најде компромис а не да не се откажуваме од своето правилно име и.т.н.
ОМД ако сака веќе толку да дели награди за слобода; да се чувствува како дел од кремот нека ги дели на тие што најмногу заслужиле односно на оние кои загубија по една рака и по една нога во 2001, на оние кои запленија сега пред некој ден огромен арсенал на оружје; на оние кои учествуваа во Бродец и.т.н.
Но пред се, нека помогнат најмногу на оние кои се инвалиди сега, ако можат да покренат инцијатива да ги повлечат некако во САД.
 
Јас сум за преиспитување на соработката со ОМД... ова е фијаско! Навистина до вчера мислев дека имаме браќа Македонци во САД кои навистина се грижат за иднината на Македонија и Македонците кои живеат во неа, ама изгледа сум се лажел.
Уште една срамна Македонска организација со нејасна политка и цел. Од ова можам да разберам дека тие Македонското прашање го користат само за манипулација и остварување свои лични интереси.
Налет да е лобирањето во САД ! Оставете не сами да си ги вадиме очите и да си одлучуваме за нашата судбина, магарешки услуги не ни се потребни.
 
Јас сум за преиспитување на соработката со ОМД... ова е фијаско! Навистина до вчера мислев дека имаме браќа Македонци во САД кои навистина се грижат за иднината на Македонија и Македонците кои живеат во неа, ама изгледа сум се лажел.
Уште една срамна Македонска организација со нејасна политка и цел. Од ова можам да разберам дека тие Македонското прашање го користат само за манипулација и остварување свои лични интереси.
Налет да е лобирањето во САД ! Оставете не сами да си ги вадиме очите и да си одлучуваме за нашата судбина, магарешки услуги не ни се потребни.
Tвојот труд на форумов за тоа како треба да се чува името е респектабилен ,но мило ми е и време беше да го сватиш нашиот менталитет.Некој рече Македонскиот ген кој го носиме и од кој секогаш си срадаме и трпиме.Сеа малку ќе ти изгледа песимистички но Македонците се секаде исти.Кога во Австралија не можат да се погодат околу црквата,што очекуваш да се случи во Америка?Секаде сме исти.Поделени.И со овие глупости сами ќе си го смениме името.Јас не видов до денес некој политичар да излезе и да рече:Нема ние за што да преговараме,макар и цената нека биде ЕУ и НАТО.Нити имаме политичари нити дипломати.(во случај некој да рече дека ова што се случува било дипломатија).А она во Охрид беше циркуз во кој своја точка имаја кловнови.
 
Ако речам дека сум без коментар со тоа нема ништо да придонесам за темава. Едноставно сеуште се прашувам како и зошто , веќе три дена никако да ми се разјасни во главата :toe:
Неможам до го прифатам „фактот“ за нашиот македонски себе-деструктивен ген!
Подобро да продолжам да размислувам дека никогаш не е доцна и дека ќе продолжиме се повеќе и поинтензивно да учиме од сопствените грешки.
Би сакал да добијам односно сите ние македонци од Македонија да добиеме објаснување од ОМД (како Македонска организација) за нивните постапки и одлуки, макар биле и негативни т.е. избрзани, погрешни, принудени ...
Лесно е да викаш, брат , брат ,брат ама БРАТ покажи ми колку сме браќа!
:se_ molam:icon_frow
 
Таа е Горане ...
имаше тука и член на ОМД регистриран (претпоставувам дека беше лично инволвиран во работата на ОМД) кој освен памфлети и самобендисување колку биле ангажирани околу Македонија друг став не произнесе ... освен кога требало да се донира за незнам шо ... сметај ги како една политичка партија која си остварува некои интереси и лидерот си уживка од донации ... ја за нивна РЕАЛНА АКТИВНА заложба никогаш немам чуено/прочитано ... патем и они се за компромис ... наместо да бидат тврдо национално лоби како шо се Грците во Америка кои и за филм, производ, или било шо се бунат и лобираат .... :tapp:

.
можеби „грешиме душа“ шо се вика шо збориме вака .. ама АКТИВНА РЕАЛНА ЗАЛОЖБА сакам да видам за да сменам мислење ... :toe:

.
инаку околу изјавата на оној Шацимаци ...

UMD Rejects Unacceptable Statements of MEP Jorgo Chatzimarkakis
http://umdiaspora.org/content/view/474/51/
 
Јас сум за преиспитување на соработката со ОМД... ова е фијаско! Навистина до вчера мислев дека имаме браќа Македонци во САД кои навистина се грижат за иднината на Македонија и Македонците кои живеат во неа, ама изгледа сум се лажел.
Уште една срамна Македонска организација со нејасна политка и цел. Од ова можам да разберам дека тие Македонското прашање го користат само за манипулација и остварување свои лични интереси.
Налет да е лобирањето во САД ! Оставете не сами да си ги вадиме очите и да си одлучуваме за нашата судбина, магарешки услуги не ни се потребни.


OMD nitu gi predstavuvala nitu gi predstavuva site Makedonci vo SAD. Organizacijata ne e sramna, ja posramotija ludje zelni za pari i zivot bez rabota.
Vnatre vo OMD ima i chesni ludje. Treba da se otkrijat samo ludjeto na sluzbata-platenicite. Dodusha tie se znaat, samo dali konechno ke se sobere hrabrost tie javno da e zigosaat.
Dali toa treba da go pochneme nie forumdziite. Da zapochneme so LUSTRACIJA tuka nadvor.

ps. me "chudi" molkot na Misirkov.....
 
OMD останува докажана и досега најценета и најактивна македонска лоби организација

но не е имуна на киксеви кој остануваат необјаснети, би било добро кога некој барем би пробал да ги објасни ваквите чекори

наградувањето на Керим??? доближувањето со МПО кое знаеме како заврши??? (овие две донекаде ги разбирам но чисто од моја интерпретација и претпоставки кој не мора да бидат точни)
и сега ова???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom