ОМД бара Австралија да ја признае Македонија

Член од
12 ноември 2009
Мислења
51
Поени од реакции
9
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/29576/omd_bara_avstralija_da_ja_priznae_makedonija.aspx

Eve ja kampanjata: http://umdiaspora.org/content/view/615/1/

ОМД бара Австралија да ја признае Македонија

getImageThumbnail.axd

Анита Димитријевска

Австралија да ја признае Македонија под уставното име. Македонците од Перт во заедничка иницијатива да ја натераат премиерката Гилард прашањето за македонското државно име да го стави на дневен ред, со што ќе се прекине повеќедецениското деградирање на нашите иселеници и нивното третирање како граѓани од втор ред.

Илјадници флаери ги преплавија универзитетите во Перт. Македонските иселеници единствени во желбата Австралија да ја признае Македонија под уставното име, како и нивните права, со што би се ставило крај на, како што велат, нивното дводецениско третирање како граѓани од втор ред со негирање на правото на самоидентификување. Бараат граѓаните на Австралија да покажат солидарност со македонската заедница со што ќе се привлче вниманието на австралиските политичари да не го игнорираат проблемот.

- Се поделија флаери во повеќе факултети и на други делови од градот. Целта е да се признае Македонија под уставното име. Македонците во Австралија долго време се третираат како граѓани од втор ред. Сакаме да ја добиеме поддршка од граѓаните на Австралија и од политичарите да ја признаат Македонија – вели Даме Крцоски од ОМД.

Кампањата “Австралија, признај ја Македонија денес” се поклопува со состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот што се одржува во Перт од денеска до 30-ти октомври.

- Ова не е прва иницијатива на македонските иселеници. Целта е да се изврши притисок, да се излобира кај претставниците на земјите од Комонвелтот да ја признаат Македонија под уставното име, рече Милорад Додевски, пратеник од Австралија од редот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Австралија е лулка на најголемата македонска емигрантска заедница, а македонскиот јазик е еден од најшироко распространетите говорни јазици на австралискиот континент.
 
Иначе малце оф-топик (се извинувам), но сакам да прашам зошто не знам...
-Дали С.А.Д. и Русија не имаат признаено?
 
aha....ke bide koga Kipar ke go stori istovo i ne priznae
a be aj prvo barajte Koreja, Egipet ,Holandija, Belgija, monako - ta posle fatete se za Avstralija (pa i jaka muda i da ne ne priznae)
 
Младичу Русија е прва светска сила која не призна

Да да сеа видов на нет, сите големи држави не имаат признато како Русија, Сад, Кина, ОК и многу други :)
 
Протестно писмо до австралиските власти поради непризнавањето на Македонија под уставното име. Доколку сакате да учествувате во оваа иницијатива пратетe го писмото на посочените адреси.

Конзулат на Австралија во Македонија
austcon@mt.net.mk
Амбасада на Австралија во Белград (за Србија, Македонија, Романија и Црна Гора)
belgrade.embassy@dfat.gov.au
Министер за надворешни работи
Kevin.Rudd.MP@aph.gov.au
Департмент за надворешни работи на Австралија (оддел за Европа)
europe@dfat.gov.au
Мисија на Австралија во ООН, Њујорк
australia@un.int
Мисија на Австралија во ООН, Женева
lloyd.brodrick@dfat.gov.au
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom