Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
злато за Албанец у борење (Трстена)
сребро за Ром у бокс (Јашаровски се викаше?)
бронза борење Македонец (Шоров можда) или не. сепак Албанец (Сејдиу)

од памтење ги кажувам нека ме поправат

овие од 84-та Лос Анџелес
Которац Аце Русевски ’76 бокс во Монтреал бронза!
 
Косово освоиле втор златен медал бе, ние не можеме ништо :facepalm:
 
Которац Аце Русевски ’76 бокс во Монтреал бронза!
Од музеј (од спортска историографија) отишле кај него да сликаат медаљата. Мајка му ја вади од под кревет, завиткана у новинска хартија и ставена у кутија од кондури. (ова пред 40+ години)

Го гледав у задње време често. Увек дотеран и у одело. Дури и за искачање пред згарда и муабет со комшиите. Сабајле, вечер, кога и да е. Зачешлан, избричен, дотеран...
Автоматски споено мислење:

Косово освоиле втор златен медал бе, ние не можеме ништо :facepalm:
Дилање кока и рушење цркви, се дисциплини што обично се во првите денови од програмата на олимијадата.
После ќе дојдат нашите дисциплини (како пукање у колено, на пример).
 
Имаше музика од видео игрите вчера на отварањето, дали знаете од која игра беше музиката ние кога влегувавме
 
Имаше музика од видео игрите вчера на отварањето, дали знаете од која игра беше музиката ние кога влегувавме
Читав дека на отворањето имало музички теми од JRPGs.
Не сум гледал, али што може да биде?
Од FF или од Zelda...
--------------------------------------------------------------

- Што мислите за противникот од наредниот меч?
- Море ќе му јебу мајку, нема што ја да мислу...
Легендарно интервју, што се раскажуваше у Југославија.
 
Трето злато на Арон Силаѓи во мечување -сабја. :cuc:
 
Не мислев на Аце Русевски туку (сега проверив како се вика) на Реџеп Реџеповски. Има сребро од ЛОИ 1984 а имаше прилог на вести за него претходната Олимпијада, човекот буквално врзува крај со крај.
 
Бронза за Тијана Богдановиќ во Таеквондо, втор медал за Србија денес, после среброто во стрелаштво.
 
Не пратам нешто, но би требало ММА да стане олимписки спорт, моментално најпопуларен боречки спорт и општо спорт кој веројатно има најголем раст наназад деценија-две.

Мислам дека би било атрактивно.
 
Не пратам нешто, но би требало ММА да стане олимписки спорт, моментално најпопуларен боречки спорт и општо спорт кој веројатно има најголем раст наназад деценија-две.

Мислам дека би било атрактивно.
Атрактивно да, но не и спортски никој не сака да гледа раскрвавени лица, гледаш и во бокс како се заштитени.
 
Бокс одамна највуваа дека нема да го има на Олимпијада, али сеуште ништо.
Многу тежок спорт (за тренинг посебно). Кога тренирав, ние и каратистите у исто време почињавме, нив им завршува тренингот, нас тек загревање ни завршило.
 
Не пратам нешто, но би требало ММА да стане олимписки спорт, моментално најпопуларен боречки спорт и општо спорт кој веројатно има најголем раст наназад деценија-две.

Мислам дека би било атрактивно.
Неизводливо. Опоравување од борба трае со недели, не случајно про борци имаат две три борби годишно. Додека работи адреналин, можеш да чекираш лоу кикс, но потоа цеваниците ќе бидат надвор од употреба најмалку една недела. Да не зборуваме за мозок, ако има некој slugfest, и после неколку денови победникот пак да се бори? Нема шанси. Grappling/BJJ можеби. Full-on MMA? Никогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom