Официјална посета на Македонците, во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Пред некое време на големо се проби веста за постоењето на народ во северен Пакистан, сличен по традиција, обичаи и носии со Македонскиот народ. Истиот народ, за себе тврди и пренесува од генерации на генерации дека се потомци на Александар Македонски.

Пред три години, госпоѓата Марина Дојчиновска, направи видео репортажа, патувајќи до областа Хунза во Северен Пакистан, областа каде што живеат Македонците. Може да се погледне и на интернет - ТУКА.

Хунза е принципат, во рамките на државата Пакистан, и кралот кај нив, ја ности титулата „Мир“.

Чест и огромно задоволство ми е да ви соопштам дека на 11ти Јули 2008, лично кралот од Хунза, заедно со неговата сопруга, сестра и уште четиричлена делегација ќе допатуваат на посета на Македонија, како што самите кажуваат, нивната прататковина. После 2300 години, Македонците ја посетуваат својата татковина.

Целата посета е во покровителство на невладината организација „Македонски институт 16.9“ од Скопје, чиј претседател е Марина Дојчиновска.

Тука ќе имаат прилика да се запознаат одблизу со нашата традиција, и обичаи, низ седумдневната обиколка на Македонија.

Како тие се чувствуваат во врска со нивната посета на Македонија, може и самите да прочитате:

Dear Mr. Goce

Greetings from Hunza

Many thanks for taking so much time to organize our trip to your/our beautiful country. We consider it ours as we belong to there. Mir his family and all the members of his delegation are looking forward to meet our brethren in Macedonia. Thanks to Ms. Marina for arranging this historical trip which will boost the moral of Hunza people and our brothers in Macedonia.
wbpifm.jpg

Кралот на со неговата сопруга.

Кралот и кралицата ќе имаат можност да присуствуваат на Галичката свадба, прошетка низ Мијачијата, Вевчани, Охрид, Прилеп, Струмица, средба со поглаварот на Македонската православна црква Господин Господин Стефан, средба со претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, средба и со премиерот Никола Груевски(која не е дефинирана, не се знае дали ќе биде во земјава), и со скоро сите градоначалници низ градовите што ќе ги посетат.
 
Кога ќе идат во Прилеп?Кој ден мислам.Кажи ако знаеш:helou:
 
Средби со обичните Македонци дали се предвидени ?
Сакам да се сликам со нив.
:)
 
Целосно програмата со дати на посета ќе ја поставам во текот на денот...Во Прилеп ќе има и мал собир за нив, како што најави градоначалникот. Ќе ги носиме и до Мариово.
 
Целосно програмата со дати на посета ќе ја поставам во текот на денот...Во Прилеп ќе има и мал собир за нив, како што најави градоначалникот. Ќе ги носиме и до Мариово.

ако треба нешто локално по градовите ако ги шетате да објавиме и по радио станиците...... на план сте исто по Малешевијата да идете ??
и побрзај за распоредот од кога до кога и каде....... чекаме :)
 
Секако дека Малешевијата ќе биде посетена! Сум заборавил погоре да ја спомнам :)
ЈАВОООООООООООООООООООООООООООЛ!!!!:vozbud::vozbud:
Кажи ми само, после 12ти јули ќе дојдат ?
 
Гледам после Галичката свадба и Мијачијата одите кој Вевчани, сигурно низ Дебар поминувате.

Инаку ја имам гледано репортажата од таму. Слика со кралот :helou::smir:
 
Трн: подршка, поздрав и - “сви у напад!’’ :salut:

Чекај порака од мене за ден-два.
 
Мене ме интересира нешто, ќе има ли пречек и дали ќе може обичните луѓе да ги видат Хунзите што ќе дојдат?:smir:
 
Мене ме интересира нешто,ќе има ли пречек и дали ќе може обичните луѓе да ги видат Хунзите што ќе дојдат?:smir:


Па нели се организираме на аеродром да ги дочекаме? Ако си за, ја земаме и реметлијката со нас таман ќе се врати до тогаш..
 
Важи бе, да, знам дека зборевме, ама од каде да знам, може не е за сите.:)
 
Важи бе,да,знам дека зборевме,ама од каде да знам,може не е за сите.:)


Па да, само за македонци е :helou:

Бугариве ќе ги пречекаме ден претходно, со сите почести!
 
Бугариве ќе ги пречекаме ден претходно, со сите почести!


да одличен потег....ја мислев ке се поклопи...ама баш добро ке дојде славје на квадрат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom