Верувам на сите ви се познати оние нигериски "високи дипломати", кои по неуспешен пуч, граѓанска или не знам каква војна во Нигерија бараат лица низ светот кои би се согласиле, нивното големо богатство да биде префрлено на вашата сметка (со цел да ги извадат парите од нивната држава), при што вие би добиле одреден надоместок за ваквата услуга. Нормално, доколку им ја дадете вашата банкарска сметка истата ќе биде испразнета.
Еден дечко од Англија добил таков имеил, меѓутоа не постапил како повеќето од нас што би постапиле - игнорирање на содржината. Дечкото се претставил како компанија која се бави со прибирање на ракописни материјали од целиот свет, кои се користат за научни истражувања од типот на не знам што...Меѓутоа дечкото е толку убедлив, што ги натерува спамерите да напишат на рака 293 страници од Хари Потер, и да му ги испратат на неговата адреса. Им ветува 100 долари по страница. Притоа стрнаците мора да бидат читливи, нумерирани, идентитични со оригиналната книга...
Навистина прекрасен ум кој треба да се земе за пример во борбата против спамерите во иднина.
http://419eater.com/html/joyce_ozioma.htm