Одгледување на печурки (буковка, шиитаке и др.)

Ване секоја чест за темата.

Немам многу време да ја читам моментално, ама ќе ја читам од почеток до крај за викендов пошо имам дома еден загреан за ваква работа (татко ми) шо веќе 2-3 години уназад ми ја полни глата и ме убедва дека печурките се исплатлив бизнис. Имам простор за одгледување, услови тинтири минтири се по пропис.

Единствено шо ме кочи (барем мене) е: дали некој во Македонија нуди сигурен пласман? Да речиме нешто слично како со тутутнот... си потпишваш договор за превземање (можеби тие ќе ти дадат и семенски матерјали, сеедно не ми игра улога) и кога ќе има род (несум баш упатен како раѓаат и како оди бербата) да го превземат.
 
Како со тутунот не очекувај договор. Печурките преку ноќ изникнуваат, што значи берење, на дневно ниво. Под семенски матерјал се подразбира мицелиум, тој кога еднаш ќе го набавиш, потоа сам се шири по балите. Така да не очекувај ниту субвенции, ниту ништо единствено е спасот во дистибутивна фирма и таму да потпишеш договор дека ќе ти ги дистрбуира печурките. Останатото се сведува самостојно да ги продаваш на пазар. Не знам така колку би имал заработка.
 
Според она јас шо го имам како план за работа, прајме муабет за семенски матерјал 1 шлепер. Утре да кренам телефонот, за 1 недела шлеперот (сосе вреќи комплет само да се наредат) е тука. Имам простор кај да го поставам тој матерјал, да обезбедам услови се... единствено дилема е шо прајме со печурките шо ќе се родат...

Продажба на пазар, неиди во предвид.
 
Имам комшии што продаваат буковка, имаат оглас излеа негде на нет или шо знам како го изрекламирале ама цела недела доаѓаа луѓе и прашуваа кој продавал буковка тука.Пиши фејк оглас и остај телефон за контакт некој и види колку ке ти се јават, па после јави се од друг телефон на тие што вртеле и речи дека сакаш да одгледуваш а ти требаат купувачи :D....
 
Мисе допаѓа што се помрдна повторно муабетот. Сега видов дека има нови текстови и ќе објаснам пак за 1-2 саати. инфо:
Во Струмица моментално има потреба од 50-100кг свежа буковка за познати купци(големи маркети и ресторани). МОМЕНТАЛНО се снабдуваат со буковка од Прилеп, Битола.
Скопје има неброени потребни количини буковка. Откуп(ако некој даде 90ден, сам да ги продава човек 130-300ден).
Има дистрибуции кои работат со ова.
Размислувајте само за наплатата.
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 16:20 ---
Ке ви пуштам и контакти па да се уверите и контактирате за бизнис,(ако сакате де)...А еве и прилог(од книгата што ја напишав= ГАРАЖА ВО ЧЕНТО)00024.jpg
 
СаШеНкО
Што поточно те интересира, на темата има информации за почеток.
Има и делови од книгата која ќе ја објавувам лека полека. Ако а сакас чини 10евра +птт и е на ЦД. Содржи 190 страници +90тина слики табели, графикони... Се за оној што ќе ја прочита ќе се осеќа како професионалец за таа работа. Или чита страна по страна па...

А за откуп: пичувано е безброј пати и тој што ќе измисли таблети против таа болка алал да му е. А успат и таблети за сите тие што бараат откуп да ги извини затупи и да им даде сила сами да си го продаваат произведеното кое во последните 10години е 1000%продадено и за поубави пари.
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 20:10 ---
00028.jpg
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 20:12 ---
за да не трошете пари по влагометри овака ем термометар ем влагометар(како што се работело иако има нови апаратчиња со се внатре и ефтини, само колку се прецизни...) Класика си е класика
 
Луѓеее, чита ли некој или Се покажа старото правило: кога даваш нешто бесплатно никој не го чита, ееее затоа кој сака комплет книгата...
А времето е одлично за сите кои сакаат да пробат на мали количини производство. Првите плодови некаде кај крај на март почеток на април.
Поздрав
--- надополнето: 23 февруари 2012 во 11:35 ---
00062.jpgтоа
 
Ване, овде претежно џаболебари праат муабет за бизнис ;) ..., но ти продолжи да пишуваш.., може некоја семка и ќе се фати..
 
Таман ти е размислувањето CONCRETE, да ти кажам право се потврдува правилото дека иако му даваш некому џабе информации нема фајдеее. А за крај за рафтовите:00018.jpg00019.jpg00020.jpg
--- надополнето: 23 февруари 2012 во 13:07 ---
Доста е ...
 
ване ми треба една информација онака како поискусен.
како прво дали може да се оддложи созревањето на печурката било буковка или шитаке.
и дали тој компостот во вреќите може да биде заспан па да го активираш кога сакаш или неможе.
ми се мота нешто низ главата, па пред да продолжам да прашувам прво за ова кажими.
 
Може да се одложи созревањето(поточно инкубацијата) односно да се продложи тоа време ако се намали температурата во просторот со тоа и во субстратот. Баш да се заспие... абе може, тоа е до некаде исто прашање како и претходното, намали ја температурата до 1-2степени(како што се чува и мицелиумот) и тоа е. Ама особено ако работиш со шиитаке...има негативни последици.За нив одговарам на пп

Друго ВЛАДЕ:
Некој ти има плаќано да доесе во Мк цвеќиња - мухоловки (venus fly trap ili Dionea muscipula)?
фала
 
Nikola_bb
почетните инвестиции? Зависат од големината на производството:
за 30м2 примерно треба:
вентилатор1000м3/час(~2000ден)
-рафтови(дрвени,метални или може и без нив)
-рачна прскалка(како оние за стакло бришење или од 1,2литри)
бесплатно или 250-300ден
-убаво да го осветлиш просторот(барем по една подолга неонка на 2м)
-буре(300ден),
слама(4-5ден/кг)
и мицелиум( ден/Л) или
да си купиш готови вреќи(~10ден/кг).

Истото важи и за аматерско и за озбилно производство само што нештата се разликуваат во квалитетот на изработката, што е битно за потоа.
 
Мене некоја како идеја ми беше а мислам дека имам на располагање скривница една само што проблемот тамо е што е малце поголем простор. Или па не е проблем тоа? Проблем викам од аспект во поголем простор да се одржи иста температура(мада во скривинцата долу треба да е иста треба да измерам дали има разлики). Исто ме интересира во целава работа колку време би трошел 1 саат дневно, 1 саат на 3 дена или како?
 
Нема да е проблем да одржиш температура и светлина, само ке те кошта повеќе
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom