Одбојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Mens-Volleyball-EURO_11zon-0x0.jpg

... Европското првенство во одбојка 2026 година, репрезентациите на Србија и Естонија моментално играат во „Нокиа Арена“ во Тампере, Финска, 2:1 и третиот сет наизменично поени, де едните де другите, 12:10,

...ќе искоментирам, дека каде каде женската одбојка покажа поголем квалитет, без промашување на сервис, борбеност на терен, добар прием, сериозна одбрана со двојни троен блок, како и силни смечеви и од втора линија, овие маживе, кобајаги посилен пол, многу килави се покажаа, секоја втора серва или во мрежа или аут, недозволиво цело магаре од два метри играч на крај на сетот кога треба да се освои од сервис, ќе ја дупнат мрежата сервирајќи , скоро секоја топка на прием им е носена, блокот не е добар споен и често блокот ја фаќаат накриво топката во паѓање поради предвремен отскок на мрежа, буквално многу лигаво играње како за машка одбојка каде треба да се види сила, силен смеч и сервис.

...одвај победи Србија со 3:1, следно ќе играат со Финска!
 
Можеби, како гледачи и љубители на одбојка, ќе ви биде интересна оваа вест. На трибините на натпреварите на Бугарија во Софија за време на Европското првенство за маже, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Бугарија и Северна Македонија, беше забележана српската одбојкарка Александра Узелац (веројатно една од најдобрите одбојкарки во Европа во моментов) како официјален гостин, како и Дерја Чебеџиоглу, одбојкарка од Турција. Таа е една од најдобрите играчки во моментов. Двете одбојкарки се во Софија за да ги поддржат своите дечки – бугарските одбојкари Симеон Николов и Денислав Бардаров (исто така меѓу најдобрите и најперспективните одбојкари во Европа во моментов). На фотографиите, Александра Узелац носи маичка на репрезентацијата на Бугарија. Ова се случи набргу откако се дозна дека уште една многу силна играчка на српската репрезентација – Хена Куртагиќ – е во врска со поголемиот брат на Симеон Николов, Александар Николов – можеби еден од најсилните одбојкари во светот во моментов. Ова е прекрасна вест за иднината на европската одбојка и за добрите односи на Балканот. За забава, ако сите овие извонредни одбојкари добијат деца, нема шанси генот за одбојка да не им се пренесе и ним. SaveClip.App_805485576_18112359857009803_8073087354102807744_n.jpg
 

Attachments

  • VAR_0936.jpg
    VAR_0936.jpg
    660,6 KB · Прегледи: 4
  • HR3RnzfaAAAXhmn.jpg
    HR3RnzfaAAAXhmn.jpg
    55,2 KB · Прегледи: 5
  • 790147096_1044854751494049_3110107258180507823_n.jpg
    790147096_1044854751494049_3110107258180507823_n.jpg
    59,3 KB · Прегледи: 5
Back
На врв Bottom