Од Скопје до Штип ќе се патува половина час

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Него муабетот ми беше каков е тој автопат со максимална проектирана брзина од 100 км/ч?За 16 годишници да учат возење по отворен пат?

Лифтот со кој се качувам до канцеларија оди побрзо, а бе глупости се знае автопат - 240, низ град ете упола побавно.
 
Добро ќе биде ова!Поминав денес баш таму со велосипед низ Сушица и Сопот
 
Па како на автопатот Скопје-Велес после Катланово,кај тунелите има ограничување од 70-80 km/h.Патот е со опасни кривини и непрегледен.

Скопје - Велес (посебно тој правец) во реални услови никој не би го класифицирал како автопат, со такви радиуси на кривини и ограничувања.Па до вчера со дупките беше ко хрватското знаме(n) А ова е нов проект, значи во 2013 да проектираш автопат со ограничување до 100 км/ч е праење будали на сите.
 
Во реални услови нема да бидеме држава мизерија,али сме.Како не е автопат,патот спие натаму,сега е реконструиран,нема дупче по патот.Условите не дозволуваат да се вози повеќе од 80-90,јас имам слушано муабети дека таму и по 160 се возело,што лично ја не верувам.Да се навратам на Скопје-Велес,теренот е карпест,има чести одрони,со опасни кривини,тоа е таман брзина за тој пат.Али кај нас не се почитува ништо,има се на се околу 2-3 паркинзи до излез за Велес,кај што евентуално може да има полиција,и тоа ептен ретко.
 
Aко е реконструиран, не стана автоматски автопат.Уште е далеку од ова.За да е прав автопат нека го донесат до ова ниво , ете пример со два разделени коловоза, ама квалитетно дизајнирано.Автопатот Милано - Џенова во Италија
милано-џенова 1.png

милано-џенова 2.png

И ако е 80-90 e тамам за тој пат и ако теренот не го бивало, нека ги тргнат патарините.

Како е можно Демир Капија - Смоквица со ист или уште полош терен да е со 130 ограничување и нормални димензии?

Како е можно идниот Кичево - Охрид со полесен терен и од Велес - Скопје и од Демир Капија - Смоквица да е со помало брзинско ограничување?

Едноставни се прашањава, од околу вртат само тие без едноставен одговор.
 
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/148624-Izgradbata-na-avtopatot-Miladinovci-–-Stip-startuva-utr

На местото „Три Чешми“ –во Штип утре ќе биде означено започнувањето на градежните активности за изградба на новиот автопат.

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.

Новата автопатска делница Миладиновци - Штип е вредна 206 милиони евра. Изведувач на проектите е кинеската компанија „Sinohydro Corporation Limited“.

Во сабота пак, ќе биде поставен камен темелник за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Тој ќе биде долг 56,7 километри и вкупна широчина на коловозните ленти од 27,5 метри и треба да биде изграден за 45 месеци.

Во изградбата на овие автопатишта ќе учествуваат и домашни градежни компании. Планирано е овој проект да биде готов за 4 години. Главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 отсто од предвидените работи, а, исто така, и да набави најмалку 49 отсто од градежните материјали од македонски произведувачи. Изведувачот и подизведувачот во текот на изградбата треба да ангажираат, исто така, најмалку 51 отсто македонски државјани.

Изградбата на овие патишта ќе значи поддршка на локалниот економски развој, полесно патување за граѓаните до центарот на градот и до главните туристички центри, во прв ред, до Охрид и сé што значи поврзана индустрија со оваа автопатна инфраструктура.
 
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/148624-Izgradbata-na-avtopatot-Miladinovci-–-Stip-startuva-utr

На местото „Три Чешми“ –во Штип утре ќе биде означено започнувањето на градежните активности за изградба на новиот автопат.

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.

Новата автопатска делница Миладиновци - Штип е вредна 206 милиони евра. Изведувач на проектите е кинеската компанија „Sinohydro Corporation Limited“.

Во сабота пак, ќе биде поставен камен темелник за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Тој ќе биде долг 56,7 километри и вкупна широчина на коловозните ленти од 27,5 метри и треба да биде изграден за 45 месеци.

Во изградбата на овие автопатишта ќе учествуваат и домашни градежни компании. Планирано е овој проект да биде готов за 4 години. Главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 отсто од предвидените работи, а, исто така, и да набави најмалку 49 отсто од градежните материјали од македонски произведувачи. Изведувачот и подизведувачот во текот на изградбата треба да ангажираат, исто така, најмалку 51 отсто македонски државјани.

Изградбата на овие патишта ќе значи поддршка на локалниот економски развој, полесно патување за граѓаните до центарот на градот и до
главните туристички центри, во прв ред, до Охрид и сé што значи поврзана индустрија со оваа автопатна инфраструктура.
Паркингот,тезгите,продавниците и чешмата ќе останат ли
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom