Acid напиша:
А уште еднаш ќе се навратам на тоа што на мене највеќе ми ја крева косата! Жени возачи! Завчера пак ќе ме слупаше една на паркинг. Во рикверц идеше и за малку ќе ме качеше на багажник! :x
Е на ова морам да се придружам и да раскажам моја случка, на подвожњак во К.Вода (на Огњан Прица) : стојам на семафор зад една тетка во прастара шкода, само таа и јас на семафорот. Се пали зелено, теткава не тргнува!! По триесет секунди излегува тетката и ми вели „Ај ако можете да ми помогнете, колава не ми пали!“ Јас излегувам од мојата кола (одма зад неа), седнувам во нејзината,кревам рачна, верглам неколку пати, колата успешно запалува, ја оставам со крената рачна и во лер, велам „Повелете, продолжете“ и тргнувам накај мојата кола. Во тој момент тетката спушта рачна, колата и гасне - и стиснува на куплунг и почнува да ја пали - а колата се враќа по удолница назад накај мојата!!! Јас трчам накај мојата кола, мавтам со раце, викам „Кочи, кочи!!“
Теткава дрмнува во мојата кола, во истиот момент и запалува, стиснува на гас и ја снемува за две секунди!!! И ене браникот ми е уште изгребан од неа....
:zid: :zid: :zid: :zid: :zid: