Од какви мажи/жени бегате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Од оние што како сунѓер ја смукаат енергијата на другите, а прскаат наоколу киселина и горчина.
Покрај фикус да поминат - ќе овене ;)
Не е важно дали се машки или женски вампири и трујачи.
 
Партиски определени. Пред некој ден глеам едно симпатично девојче у читална, не забележав отпрво на блузата, едно друго и коа глеам на блузата Македонија се сака со дела. :cuc: Ме праша и од кај сум, викам од Кавадарци и коа прснав да се смеам си викам сеа ќе рече Кавадарци се сака со дела. :icon_lol: Не ни треба да го објаснувам феноменов повеќе.

Oд лажење шо преминува у потценувачки однос исто. Значи неколку пати како ми се имаат уклопено коцките на оваа тема и оставаш на дотичната да видиш само до кај ќе оди, после некој ден и тоа како се изненадувале, после ја вака, ја онака, ама чао аморе веќе.

Фолкерки исто. Или не слушам Тони Зен, а прва е на спушти се доле. :cuc:
 
Прашањето е многу едноставно:

Од каков тип на карактери бегате?

На пример се запознавате со некој/а и што е она што може да ве отргне уште од самиот почеток на излегувањето или врската?

Сите имаат по некој карактер или карактеристика од која се ужаснуваат и не можат да издржат ни една минута со таков човек, па од тука и прашањето:

Од каков тип на мажи/жени бегате?

Не се мисли на физички изглед и не се мисли на обично мување, туку за почеток на состанување и врска, за физички изглед имало теми. Сите такви мислења ќе бидат избришени.

Себични егоисти кои по правило секогаш се во право а вас ви останува или да климате со глава или да и кажете иди у пм нема јас да ти го билдам егото.

Поужасен карактер нема, па мајке му не те држам, не те држам за да не речеш те ограничувам...ете ти ја слободата ако мислиш дека си умна и можеш повеќе оди, не не, летај...ама кога ќе пратиш mayday mayday јас ќе бидам Beyond Any Range..

Крај.
 
Од уфилмани мажи кои мислат дека ако тато од украдените пари од работа му купил некое количе, станче и џепарлак за две пијачки во кафич може да си бира девојка да му стои како привезоче до клучевите од новото бмв, пошто и да сака не е способен да води нормален муабет, поради лажичето од кафето што ги цуца цел ден за да ни даде до знаење дека бил скоро на кафе додека ние сме се мачеле за пари кои не знаеме дали да ги дадеме за кафе, за леб или за заштеда за студии на идните генерации, или пак толку му дозволува мозочето. Е од такви мажи бегам јас! :)
 
Сељаци маму му јебем :D
Си мислат ако те частат еден коњак в кафич и готово в скут ке му играш :cautious:
од такви заостанати ропаци ми се повраќа, и што демек ако има тетоважа со лав и кола со спуштени бандаши и Адриана Лима може да ја легне...
До кога бе ќе си мислат дека женските само на тоа се палат?
Нека одат да се отепат и така го срамат машкиот род, слободно и сите среќно да живејме, фала пријатно!
 
Сељаци маму му јебем :D
Си мислат ако те частат еден коњак в кафич и готово в скут ке му играш :cautious:
од такви заостанати ропаци ми се повраќа, и што демек ако има тетоважа со лав и кола со спуштени бандаши и Адриана Лима може да ја легне...
До кога бе ќе си мислат дека женските само на тоа се палат?
Нека одат да се отепат и така го срамат машкиот род, слободно и сите среќно да живејме, фала пријатно!

Е ова се вика права женска.

Требаше да кажеш дека те нервираат волови и јасно ќе беше.:)
 
Од жени што не знаат да ценат љубат и поштуваат.Што светот го гледаат низ призмата на едно книшче наречено пара од оние татини принцези што живеат во филм што не знаат ни самите да го режираат и сценираат.Што ми глуми невина а некоја СЕЉАНДУРА со пари и авто може да ја купи.Истотака и од оние необразовани што не знаат да се понашаат.Оние што немаат ни грам култура и што потценуваат и оговараат по цел ден па погадна комбинација здравје
 
Бегам од алчни и болно амбициозни кои се во состојба се да изгазат за да дојдат до своето,од спонзоруши обавезно,потоа луѓе кои гледаат од високо на послабите од нив било материјално или интелектуално и садистички се изживуваат само за лична сатисфакција или затоа што мама или тато биле ''лоши'' не ни обрнувале внимание па сега имаме изговор да си играме со некој/а и кога ќе ни здосади да го фрлиме како играчка,а најмногу се нервирам од и бегам да не ги задавам,луѓе кои се неодговорни кон своите миленици и оние кои ми солат памет за вегетаријанство затоа што сум била ветеринарен доктор и каков тоа јас сум била доктор затоа што сум јадела месо.
 
За секоја брава има клуч. Не се виновни само луѓето за нивните негативни особини. Било кој од нас да имаше СЕ во животот и да се живееле како бубрег во лој би биле лигави, принцези, би биле типче со јака кола, недостижна типка,глупави би се правеле дека сме кој знае што. Со еден збор би биле се што моментало избегнувате. Едноставно речено нема да имаш избор другше да се изградиш како карактер кога те лигаваат од мали нозе. Во карактерните осовини се вмешува и општеството и времето во кое си израснал. На крај доаѓа и способноста на човекот да се издигне над горенаведеното и да се стреми да биде човек кој сите ние го посакуваме и посакуваме да бидеме. Треба да се трудиме да ги разбереме таквите луѓе од кои бегаме, затоа што тие и не се целосно криви за такви кави што се, а не да ги избегнуваме. Мое мислење е дека треба да бидеме толерантни и да се трудиме таквите луѓе да не ни ствараат негативна енергија, затоа што тоа е ширење и дело на злото,(ѓаволот). Ако успееш во тоа ти си човек со златна душа и јак карактер која е реткост и чест да ја поседуваш. Не прашувајте ама како е можно тој или оној или таков или таква личност да толерираш. Одговорот не е едноставен и признавам не е лесно а можеби ке ви звучи и невозможно, но мојата филозофија во животот е дека ништо е невозможно ако се вистински сака.

П.С. Понекогаш бегам од самиот себе, во моменти кога не сум спремен или моќен да го надминам,решам,совладам негативното во мене. Не секогаш успеваам да дојдам до позитивен резултат, инаку ке бев перфектен. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom